понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Некрофили од сите северни земји, обединете се!

Некрофили од сите северни земји, обединете се!

Нема ни две недели како пишував дека некој треба малку да си ги врзе некрофилите… Арно ама, контрашите македонски, кои секогаш одат во спротивна насока од вистинската, повторно удрија во рикверц, т.е. контра де. Не оној исконскиот македонски инает кој векови не оддржал, ова е соросоидно-северна GMO варијанта полна со омраза и гнасотилаци приземни во себе. Промовирана, практикувана и протежирана токму од миленичињата на оксимороните кои толку милуваат да кривудаат по правиот им пат…

Отииии, поинаку и не знаат, а жолчот насобран од маката наречена избори, синоним за крај на нечии кариери, некаде и мора да се истури и канализира. Фер, нели. Не им е лесно на пустите некрофилчиња, си знаат што ги чека. Пост…

Да, во најава е неколкугодишен пост од владините фондови и азна народски, советнички, директорски, амбасадорски места и сијасет други сдсссссовски допинг мерки за стимулирање на растот на пропагандата која по правило претполага пад на националното.

Ццццццц, пустите пропагандисти ќе мора пак да се ослонат на странците и на најголемиот им мецена. Сорос, разбира се. Оној истиот мизантроп што толку лошо глуми филантроп и сосема случајно толку многу се залага за легализација на марихуаната и за едно општество за сите?! Ви текнува на идентичната срж на политиката на Заевата квази-влада… Премногу случајности на едно место кои премногу мирисаат, нели…

Велат, атеистите комуњарско-лукративни создадени по ликот на црпнатото чедо муртинско, толку во агонија предизборна паднале што дури и в црква оделе и свеќи палелеле. По навика, покрај иконата оставале 10 денари за црквата, а десно од неа стотче за Вицето. Второто им било посигурно…

Пуст страв опортунистички ги зафатил спинерите јуришнички, а една мисла дерман не им давала. А што ако Сорос заборавил на нив? Што ако ги истретира ксенофилите наши како искористено средство за сексуална заштита, толку потребна направија во моментот на узурпација на националното ткиво, а толку сувишен и непотребен по дејствието завршено? Се што требаше, направија де, а сега се антинационален технолошки „вишак.“ И така, полни со истресок лубрикантски, изведувачите и подизведувачи „професионални“ ноќи да не ти спиеле, џабе лексилиумче, бадијала диајзепамче, ни хелексче работа веќе не вршело.

Јаз’к, ни ганџата благодарение на полињата на Зокија црпнатиот сега толку лесно достапна, работа за мисли дефокусирање не им вршела. Таксират силен ги зафатил, чаре се барало насушно, а жолчот и гнасотијата се збирале и збирале.

Не им било лесно, многу грижи ги тиштеле. Се запрашале: –Чек, чек, чек. Па зар за пуст саде тригодишен рај советничко-фондовски душа и пера новинарско-екпертски дадовме? Зарем за оваа „сиќа“ од десетици илјади евра (добро, „поинвентивните“ и стотици) со срце во северна насока улетавме жустро и ќејфлиски у промена на име, двојазичност, историја и сВе остало коски остаивме? И сеа, шу праиме?

Затоа, не чудете им се на умот лабилен и северонасочен. Мака си имаат пустите.

Од хигиенски причини, сепак, игнорирајте ги некрофилите, оти крешчендото нивно не е достигнато. Јок. До избори има уште повеќе од два месеци. Инспирацијата им грозоморна и непресушна тек зоврива. Ќе зачадат и кулминираат дури за месец-месец ипол. Ова е само интро на некрофилијата збрана.

Да, тиквата се’ уште не е ни целосно распукана, а жолчот и повраќаниците навасаа и се излија по етерот македонски. Ни претстои уште многу издеравање од Дерала енд компани и многу издашно терање сВе у лепу северну Тричку материну.

А знаете кој е начинот да го изнервирате биљмезот кој по секоја цена сака да се направи интересен и со тоа да допре до фондовите непресушни? Која е најголемата казна за егзибиционистите некрофилски толку желни за внимание?

Игнорирајте ги, па ќе пукнат од мака… Исто како надуваниот балон полн со очекувања промовиран од  антинационалната им партија.

Од друга страна, актуелните некрофилски дејанија во Македонија покажаа дека не држи вода муабетот дека сме далеку од Западот и Европа. Ама ич.

Ми текнува, пред точно една година Шведската младинска либерална партија побара легализација на некрофилијата во државата.  И служеа за потсмев…

Епааа, Швеѓаните можат вода да ни носат, со канти.

Кај нас е одамна легализирана…

Коронавирус