недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 71
home Колумни

Не, времето не лечи се’

Не, времето не лечи се’

25-ти април, лето Господово 2021-во покажа многу работи. Еден ден, а толку многу пораки во него. Да, факт е дека ни требаше многу време, но и тоа е дел од македонштината. „Касно палење“. Генетика. За жал или за к’смет. Оти, кога би било поинаку, кога не би го одбрале најтешкиот и најдолгиот пат, веројатно, и не би ни биле Македонци, нели?

Првата порака на 20-на илјади луѓе збрани среде корона во Скопје беше дека никој во Македонија не пие нафта за „вината“ на Уставобранителите. Уште појасно дека тие малкумината што ја пијат, ја пијат истата таа нафта за мнооогу пари, од кои за некое  време, не долго, нема да видат многу аир. Арам…

Втората беше дека џабе сиот тој судско-обвинителски блам и срам за кој некој, кај и да е, ќе мора да одговара. Немањето срам, според Фројд,  е прв знак дека нешто сериозно не е во ред со него…

Третата е дека Македонците не забораваат и немаат 3-секундна меморија на златна рипка. Ко северџаните и нивното краткотрајно помнење. За плата, тендер, унапреЃење…

Четвртата беше дека го потценувате народот, ко и секогаш. Замисли само, овие патриоти в зандана да ти биле нечии татковци, синови, сопрузи, братучеди, пријатели. И наши БРАЌА. А ние немаме чири-бу, чири-ба СДССС стапче за да го заборавиме тоа…

Петтата порака ја поништи легендата за „кубурот за црни денови“, 20 илјади луѓе ризикуваа среде корона и излегоа, дефинитивно спремни за вадење на кубурот. Колку ли ќе беа да немаше КОВИД 19, а Заевци? Ви се погоди коронава, признајте…

Шестата е дека Трпе и Трајче се прекрасни, стари македонски имиња, но и дека нивното време е одамна изминато. Ко и времето на владата на Заев, крајно време е  да ги „црпнеме“ од фотелјата на Илинденска бр.2, слично ко од муртинската нива при иницијацијата на ЗЗ…

И 7-ма, осма, 9-та и така до 101-на порака и назад. Мнооогу пораки во една, можеме да набројуваме до утре сабајле. Ама, испратени се. Знаеме дека ги добивте, бадијала спинот на вашите „професионални, непристрасни и објективни“ медиуми (ова медиуми заслужува најголеми наводници), кои видоа СТОТИНА луѓе на протестот. Ок, знаеме дека не ви „иде“ математика. А не ви иде ни памет. Нема ни да дојде, ридот не е магионичар, нели. Простете што ви ја уништивме илузијата, Зочевци. Да, ни Дедо Мраз не постои…

Сепак, најбитната порака на ваков мега-протест по 4 години пауза беше дека некој страшно се излажал во проценката. Оти, пак, Заеб го заебал, факт. Кој друг…

Другарчиња, што би рекол шефот ви црпнат, џабе везете. Северна не минува, нит ќе мине. Тотална утопија, испрана ко и вашите мозоци, северџанска анамнеза која кај мозочно НЕМИЕНИТЕ, не минува…

Главната порака на протестот за Уставобранителите е дека Македонија е жива. Башка здрава. Побашка, една и единствена. Најбашка, за жал на северџаните, била, е и засекогаш ќе биде само МАКЕДОНИЈА.

И престанете да живеете во празни, северни фрази, соодветни на истопридавските глави. Реалноста е поинаква, понекогаш и горчлива. Таков, најчесто е и пирејот, стар одбранбен систем, таксират северен. И џабе играте на картата на „фаќање на кондиција“, не минува. Сфатете дека ве излажале и извеслале со северната глупоштија, ајвани продадени. НЕ, ВРЕМЕТО НЕ ЛЕЧИ СЕ’…

ЕУРО 2020

Македонија