среда, 15. јули 2020. Вести денес: 46
home Колумни

Не сте вие толку големи ВЕРНИЦИ… К*рчот е голем!

Не сте вие толку големи ВЕРНИЦИ… К*рчот е голем!

Соседите прогласуваат победа над пандемијата со коронавирусот, ги отвараат границите, бизнисот го враќаат во живот, народот почна повторно нормално да живее, земји како Италија и Кина каде починаа голем број на луѓе, повторно заживуваат, ама кај нас ситуацијава обратна.

Наместо бројот да се намалува, Македонија од ден на ден брои се повеќе и повеќе заболени. Мислевме дека бројката од 52 заболени во еден ден е најголема, веднаш стигна демант, опааа 62 (нека им е со лесно и дај Боже ништо да не им се искомплицира), ама ги знаете оние народните „Ѓаволот ни ора ни копа“ и „Што си насадил тоа ќе си жнееш“? Е тоа се случува моментално кај нас.

Ќе се запрашате зошто… јас ќе ви кажам! За голема несреќа за нас, двата големи празници Велигден и Бајрам се случија во време кога имаме голема здравствена криза, немаме само ние, 80 проценти од земјите во светот имаат! Земји како САД, Велика Британија, Италија, Канада, Русија, Германија… Во сите овие земји главните епидемиолози, лекари, сите стручни лица ги слушавме како апелираат да се заштитуваме, како говореа дека вирусов не е обичен грип, вирусов одзема човечки животи.

Во Русија, во Грција ги затворија црквите за верниците, власта вели луѓе може да умрете нема одење во цркви, Ватикан исто, џамиите во светот затворени, ама не, кај нас мора да се оди во црква и во џамија, да не не знае некој ќе си помисли којзнае какви верници сме. Да не се сфатиме погрешно, немам ништо против одењето во верски храмови, само оваа година можевте да паузирате, а знаете зошто? Затоа што така ќе придонесевте да не се рашири вирусот, а следната година заедно со целото ваше семејство повторно да ги посетувате верските храмови.

А што направивте вие?

Ај што многу од вас не ги почитуваа мерките за заштита, впрочем тоа можеше и да се види на телевизија додека траеја верските обреди, маски не носевте, растојание меѓу луѓето немаше и да не набројувам си знаете. Туку јас едно не можев да сфатам, многу друштвена и спортска нација одеднаш станавме, на сите ви се трчаше, на сите во теретана одеднаш ви се приоди, журки по дома, ифтари итн. Абе до вчера кејот на Вардар и теретаните само на интернет ги гледавте, а луѓето што ви доаѓаат на журките по домовите не можевте да ги смилите, а камоли да ги викнете на приватна журка.

А што требаше да направите?!

Требаше да се воздржите само неколку месеци, да ги почитувате мерките од лекарите, сепак тие луѓе учеле толку години и се стручни да ни кажат како да се заштитуваме, а вака испадна дека им се помочавме на дипломите. И тие луѓе имаат семејства и тие луѓе сакаат да излезат со пријатели на кафе, да се соберат на Велигден или Бајрам на ручек, епа вака како што се однесуваме ќе си попричекаме за нормален живот.

За ситуацијата уште повеќе да биде за некој трагична, но за некој и комична, кај нас РЕИСОТ го прогласи вирусот за умрен, замислете РЕИСОТ, верски лидер прогласува крај на ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА, работава ЛУД Ј*БЕ ЗБУЊЕНОГ, а за тоа доби само усмена опомена од надлежните, АЛОООО ОЈО СЕ СЛУШАМЕ?

Веднаш по прогласувањето, заболениве од коронавирусот почнаа да растат. Да живеевме во нормална држава, Реисот по таа изјава ќе беше на друго место, а не на меден месец со 50 години помлада невеста.

Протести бевте спремни да направите само да ви се дозволи да одите во џамија, демек чекај, на овие им забранија да одат во црква за Велигден, ама нас ништо не ни можат, ние ќе си ја тераме нашата.

ПС: И Муки знае каде го закачил короната, ама нејсе.

Од оваа страна на Вардар викаме, тежок е животот фраерски! Ама работава е далеку од фраерлук.

ПСС: Не сте вие толку големи ВЕРНИЦИ… Курчот е голем!!!

 

Ристе Здравков