вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Колумни

Не копче, црвен картон е Зоране

Не копче, црвен картон е Зоране

Тик-так, тик-так, тик-так, одѕвонува неподносливо во главите на црпнатите северни  зулумќари. Замисли, и тоа црпнувањето да ти не било вечно. Аха, само некој требало да му каже, нели? Епа, новокомпонираниот патриот и антибугарин Зоче останал покус за таа информација, исто ко што од толку многу лажење му се скусени и ноџињата. Ви текнува на каналпетковската фамозна палета од дуелот? Да, на лагата и се кратки нозете, на ЗЗ уште повеќе, а кратко е и времето на остатокот од владеењето на хунтата. Да, тик-так, тик-так, токму ко што истиот тој ЗЗ насмејан  одбројуваше пред 5 години. Епа, кармата е кучка, голема и невидена. Особено за дилајлите и непочитувачите на својот народ, држава, историја…

Она што нема да ве убие, само ве прави посилни, вели една стара, умна поговорка. Така и народот во Македонија, кој цели 4 години умираше од срам, гнев, трпеше, чадеше, се депримираше, паѓаше во малодушност, апатија. Арно ама, на се’ да ти имало крај, историски факт. Не бадијала толку им пречи историјата на северџаните, новокомпонирана интересџиска „нација“ преобратена со едно идиотско ветување за власт и полни џебови. А, душичките лити и празни, класика.

Е, сега, другарчето Зоче пукнало. Не фигуративно, буквално. Црпнатиот лик да ти сфатил, конечно, дека корисните кондоми со антинационален истресок во себе, имаат краток рок на траење и „кад-тад“, си ја плаќаат цената за суртучката екскурзија. Башка, скапо. Некој порано, некој подоцна, ама тоа да ти било правило. Светско. Не контале пустите сервилни ликови дека поговорката „со сила убавина не бива“, е од искуство…

Затоа, знаете што е „31-ви октомври“? Децата ги плашат со полицаец ако не јадат, а на екс Бихаќка тоа е новиот поим за плашење на врхушката на СДСССС со кој, ако не успејат од прва со 17-ти октомври, го прекинуваат акутнот икање. А тие, пак, сега толку многу колнети и спомнувани од разбудениот народ, нон-стоп да ти икале. Армија мистер северни Хикопи. Ех, таксират…

И не му замерајте на Заев што пак се помакедончи, па тресе зелени на интервјуа, што неповрзано блада за црвени копчиња, што бара откажувања на Македонката Данела од Скопје која за нив е иста со Бугарката Даниела од Струмица, не му земајте за зло што со забеганата фацијална експресија плаши деца и повозрасни. Па владата му антинационална сега пушта антибугарски соопштенија, милјарди најавува, плати, пензии, прифатни центри во Бардовци со чочек откажува, брда и долини, мед и млеко. Не им е лесно на црпнатото чедо и клоновите, ама ич, кај и да е и име ќе вратат, устав, двојазичност ќе укинат…

Замислете само, да му направите толку зло на сопствениот народ, толку многу да ја понижите во низа својата држава, да затворате, да судите, да менувате име, устав, да умирате со корона свои земјаци ко муви, да горат живи во бизнис релации со другарчето ви Коче и Вени, да се однесувате ко спахија и после се’ да сфатите дека дошло време за наплата на идиотштините? Ама не догодина, сега. Како би ви било вам? Не е лесно, нели? Лесно е само што нормален човек никогаш не би го сторил тоа… Уште полесно е што народот сфати дека урбаниот мит и легендата за непобедливоста на СДССС, за местенките со кои се добиваат избори, за сталиновото – не е битно кој гласа, туку кој брои, се само евтини, тарантино прикаски за мали деца. Паднаа сите во вода, пљус! Можело да се трнат криминогените крвопии со само едно заокружување, боза. А народ, е тој кога ќе се разбуди, не се сопира. Башка гневен. Упс, рече ЗЗ…

И да, Зоране, блиску си до вистината. Како што во секоја лага има трунка вистина, така дури и кога некој лидер булазни во интервју, кажува и нешто реално. Точно, секоја демократија има нешто „црвено“, ама тоа пусто нешто не се притиска туку се дава, се треска од фацулето кога некој тотално ќе забега. И не е копче, другарче, јок. Црвен е, ама картон. А после него, знаете. По исклучувањето од власт, доаѓа време на ОДГОВОРНОСТ, не бадијала со големи букви, многу е збрано. Епа, мислете му ја. Како беше она кондомското „нема правда, нема мир“? Јок. Овојпат, мора да ги има. Или, ќе не’ нема…

Коронавирус