среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 11
home Колумни

Нарачавте будење?

Нарачавте будење?

Вчера Македонија живееше со полни плуќа. Конечно, време на вратена гордост, повторен, заборавен вкус на она прекрасното чувство на достоинство. Вкус на победа. По подолго време, Македонците почувствуваа што значи да се биде Македонец.

Сето ова ни го овозможија нашите лавови, кои среде Тбилиси ја построија грузиската репрезентација и остварија историски успех. Еуфоријата беше очекувана, огромна и прекрасна. Потекоа и солзи, ама радосници за промена. По толку насобран гнев, револт и очај од дејанијата на Заевци, ова беше рамно на катарза. Прочистување од насобраниот гној и грдотија.

Кај освестените, македонштината беше само засилена, она – „ти реков“ чувство, знаев дека можеме. А кај оние зачмаените, ефектот беше сосема поинаков. Позитивен, убав, ама поинаков…

Да. Вчера,  заѕвонија телефоните на многу зарѓани, поспани, вкочанети Македонци. Дел и не го очекуваа повикот, ама тој дојде, толку природно. Толку македонски. ЅЅЅЅЅРРРН!

А тие, помалу збунети, се јавија и слушнаа: НАРАЧАВТЕ БУДЕЊЕ! И толку…

Оти оваа голема победа беше токму тоа – ПОВИК ЗА БУДЕЊЕ. БУДЕЊЕ од зачмаеноста, будење од паднатоста на моралот, БУДЕЊЕ од залудните очекувања Заев и компанија конечно да се разбудат и да станат она што треба  да бидат – Македонци. Повик за будење на МАКЕДОНШТИНАТА во луѓето…

Доказ, башка, и дека не треба многу, нели…

Убав 12-ти ноември, башка ден пред денот на ослободувањето на Скопје, ќе остане како ден кога се ослободи и душата на многу Македонци. Ден кога пукнаа обрачите на зачмаеноста, ден кога во Македонија се славеше, во Тбилиси се победуваше, а во Софија се продаваше. Ама сега со страв…

Да, силна порака до пазарџиите сурушки заминати во Бугарија со полни торби национални светии, со цел да ги продадат „пошто-пото“ за да останат на власт. Посилна шлаканица, здравје.

Епа, дилајли североидни, ај да ве видам по овој силен македонски изблик на емоции и македонштина во државата, откако видовте дека се’ досега ви е бадијала, да се дрзнете да чепнете онаму каде што не треба. Знаеме дека сте способни за тоа, знаеме дека око не би ви трепнало, ама ослободената и ачик презентирана силна енергија по победата на нашите лавови нека ви е ука што ќе се случи доколку направите нова глупост.

Порака за будење. Силна, јасна порака. Појасна здравје. Ви кажа и нашиот Тони Стојановски, секоја чест за најмакедонскиот коментатор во историјата, кој презентираше колку пизма и гнев се збрани во секој Македонец. Покажа и дека е време да се ослободи. И каков е прекрасниот ефект од јавното признание на вистината и она што чмае во повеќето од нас.

Да, порака која вели – тргајте тоа валканите полтикантски раце од јазикот, нацијата и историјата. Оти, македонштината е овде, посилна од се’.

Да, ачик, громогласна порака до антинационалните зулумќари: БЕРЕТЕ УМОТ!

 

П.С.

Да, и фала што со ваквите идиотски дејанија им дадовте дополнителен мотив на ЛАВОВИТЕ наши да ораат по теренот. Ама, доста помагавте, аман…

Коронавирус