Колумни чесните крадци од сдс

Напиј се, не размислуваш трезвено

И како што тргнале во СДС, да не ве изненади ако почнат да плукаат и по она на „С“ што така орно ни го стокмија со Црпко. Каде и да е, гарант, ќе се побунат и против двојазичноста. Прашање на време е кога ќе почнат да плукаат по Францускиот предлог и историските комисии. Ќе признаат ли и дека има Македонци во Бугарија и Грција? Или, ќе поднесат иницијатива за враќање на знамето со иконското сонце со Кутлеш? Ќе ја преиспитаат ли транзицијата? Поништување на територијалната поделба од 2004-та? Ќе „оправат“ ли се’ што заебале?

Напиј се, не размислуваш трезвено

Како што бестрашните Гали од селото на Астерикс и Обеликс го имаат  волшебниот напиток со тревките на  друидот, така и страшливата СДС ја црпи својата „сила“ и опиеност од луцидните соопштенија, пресови и други мизантропски играрии на кујната на пи-ар тимот од Бихаќка.  Тешки блујаници кои малкуте истомисленици ги голтаат без џвакање. Грди продукти на кујната која триесет и кусур години се базира на еден те ист рецепт. Мизерен и едноставен, ама делотворен. Ќе туриш малку хи-хи-ха-ха сеир, троа некрофилија, две лажици релативизација, три дози девалвација и оп, спремно е за објавување и труење на јавноста. И така, секој ден. 33 години…

Од хигиенски и ред други причини, таму одамна требаше да се изврши една дезинфекција, дезинсекција и дератизација, чин кој започна на 8-ми мај лето Господово 2024-то. И ќе потрае, ама полека-полека, дејството е видливо и македонскиот пропагандистички Чернобил се повеќе се заглавува во сопствената безидејност, ступидност и омраза. Екипата составена од Забрчанци и останати пи-ар дунстери и ќелепури со секој потег тоне се подлабоко и подлабоко. Ќесињата се празнат, не се на власт, а со нивното празнење го снемува и „ентузијазмот“ на медиумските им перјаници, ликчиња на кои веќе им е преку глава од бранење на неодбранливото. За беспари. Оти, тие, пустите, функционираат како слот машини. А кога нема жетони, знаете што бива. Колку пари, толку музика. Останаа само најхрабрите, оние од бебиња задоени со субмисивност и омраза кон сопственото и кон „немиените“. И тие, како и Обеликс, ко малечки паднале во казанот. Тој во оној со волшебен напиток. Тие во другиот, преполн со омраза, ароганција, антимакедонштина, макијавелизам. Итн, итд, и др…

Затоа, кога сега ги слушате и читате соопштенијата на ајваните за Онкологија, нагонот за повраќање е првото нешто што го следи сроченото. Ситуацијата е далеку од добра и убава, но дегутантната реакција на СДС наликува на онаа на преобратен педофил кој сега се бори за правата на децата.  Она, кога „со две раце“ ќе го создадеш чудовиштето, а потоа си прв со вилата и секирата в раце во линч на Франкенштајнот. На страна, што докторот на Мери Шели тоа го правел од сосема други побуди, а единствениот мотив на комуњарската банда во мега-скандалот Онкологија да ти биле парите. И само парите.

Ако се сеќавате, имаше и собраниска Анкетна Комисија за зулумите и садизмот на истата таа Онкологија. Комисија која по детална истрага лоцираше одговорност кај Венко Филипче и Ден Дончев, министерот и директорот на ФЗОМ. Едниот избран од Заев, другиот соселанец на Муртинецот. Заклучоци кои бандитите од Бихаќка и Мала Речица едногласно ги одбија. Оти, демек рибата не смрдела од главата, туку од опашката. Така им кажал, кој друг, ако не Заев. А што ќе каже партискиот стопан, тоа за СДС е „оче наш“, Заев наш ли беше. Нивни…

На страна пожарот во тетовските модуларни болници, бонбона-бизнискот со корона вакцините, рекордите во смртност со истата, возењето моторчиња додека луѓето умираа како пилци…

Не сме златни рипки, не забораваме дека живеевме во држава на понижувања, во која да се вратевме 50 години назад во времето пак ќе бевме 20 понапред од актуелниот момент. Гнили времиња во кои сите сонуваа дека се во авион и летаат некаде, па макар и во ПМ. Многумина и го сторија тоа…

Затоа, ѕенѕањето и звоцањето од партијата која е попревртлива и понепредвидлива од движење на жена во трговски центар, никој одамна не го сфаќа за сериозно. Исто како и нивната инстант и новокомпонирана „грижа“ за народот, за Македонија.

И како што тргнале во СДС, да не ве изненади ако почнат да плукаат и по она на „С“ што така орно ни го стокмија со Црпко. Каде и да е, гарант, ќе се побунат и против двојазичноста. Прашање на време е кога ќе почнат да плукаат по Францускиот предлог и историските комисии. Ќе признаат ли и дека има Македонци во Бугарија и Грција? Или, ќе поднесат иницијатива за враќање на знамето со иконското сонце со Кутлеш? Ќе ја преиспитаат ли транзицијата? Поништување на територијалната поделба од 2004-та? Ќе „оправат“ ли се’ што така гадно самите заебале?

Буквално, се’ е возможно со очајници кои се свесни дека како партија одат во заборав, а раководството во редици заминува на часови по клавир. Срцки кои цела историја препорачуваат, не гледај што правам, туку слушај ме што ти зборувам. Оксиморони на две нозе, кои во стил на чесни крадци и мизантропски филантропи со цел ум така монтипајтоновски ви препорачуваат:

Напијте се уште две-три, не размилувате трезвено…

To top