недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

На север ништо ново, проблемот на СДСС е на запад…

На север ништо ново, проблемот на СДСС е на запад…

Расшлакан со дузина катастрофални оценки, извештаи и истражувања од редица горостасни странски институции, Заев се фати за она што го знае. ЗнАЕВ, Заев ко Заев. Оти поинаку и не знае кутриот…

Факт, не му беше лесно деновиве на црпнатото чедо. Гарант се чувствувал како кога во мутринското училиште го тегнеле за уши затоа што правел белји и ги лажел и мамел соучениците. Камо почесто да го тегнеле, ќе рече народот нели, можеби нешто и ќе научел…

Па така, прашан за еден од најлошо склопените и најудбашки закони во историјата на Македонија (онаа што ја знаеме, не онаа неговата северна направија), Зоки се истопори и во својот стил на квази-месија киднапиран од нивата гордо си го кажа клучниот аргумент: – Епааа, ЕУ и САД стојат зад законот за јавно обвинителство!

И точка…

Она, што би рекле, класика.

Да, најверојатно уште од малечок, кога другарите ќе го фателе Зокија со рацете во заедничкиот мед се вадел со „Ќе видиш ти, ќе те кажам на ГОЛЕМИТЕ“, за кои и ја извршувал „мисијата.“ И минувал…

Навика си е навика, а старо куче, сепак, може да научи нови трикови. Така и со „нашиот“ екс премиер. Мака му било што немал голем брат кога растел, Вице бил една година помал, па сега нон-стоп го вика ли вика.

Што е фер, така одамна и си функционира непобедникот на избори, со иље наместен да го направи она што никој со трунка чест и совест би го сторил. А Зоки пустиот немаше проблем со двете, оти ги нема. Ни за лек…

Проблемот што национално неосвестеното и емпатиски ограниченото чедо не го сфаќа е што работите во меѓувреме се сменија. Трпението секна. Отииии, она што требаше да го стори, бидна. „Скроз.“

Вајстина, се‘ си сработи и одработи „одлично“, ама стативата е во векот на траење. Муртинецот не го прочитал ситниот датум на употреба кога ги добивал „бомбите.“ Пресреќен бил и толку воодушевен кога ги примил, што л‘цкал и плачел од радост. Ама т‘канди, рокот им истече…

Ако се сомневате, сетете се од каде дојде првото инфо за „Рекетот“ на Какица, а спомнете си и на десетиците катастрофални оценки од странските организации во низа, четири само во последните два дена.

Јап, наликува оти и запад го урива север. Упс! А тие пустите, толку сакаа да дојдат до запад преку север? Уште поупс…

Епа, смрдеата од дејанијата владини и нивната горостасна неспособност што се гледа од авион и со Кинескиот ѕид е единствена вештачка творба што се наѕира и од вселената, одамна ги мина националните граници и допре до нежните носиња на истите тие мецени. Не се трпи веќе, јок. Ќе речете, имаат долг кон него? Океј, можеби и имаа, затоа и го оставија да владее „толку“, инаку ќе владееше пократко или, сепак, го оставија дур да досработи де…

Е сега, дојде време за сериозно проветрување во државата, затоа што ако владата е како дигестивен систем и никој не ја приметува доколку добро функцинира, од „нашава“ одамна базди и копа, труе надалеку. Бљак е, нели, ама на сите полиња – национално, криминално, економско итд. итд. итд…

А судбината на корисните идиоти и употребените апаратчик „кондоми“ ја знаете сите, особено ако се полни со ГМО антинационално семе на поделби и омраза кон родот свој…

Затоа, драги мои, очекувајте голема преселба на „комуњарските народи“ и не чудете се што „амбасадорката“ Шеќеринска ќе фаќа магла во САД, а Рената Дескоска ќари место во Венецијанска комисија, номинирајќи си се самата. Ниту што пола кабинет на Заев избега кај Пендаровски за да си купи уште 4 години платичка. Велат, авионска карта за каде било на 13.април немало ни за лек, а реалната проценка алармирала дека на екс Бихаќка е претесно за новокомпнованата армија неработници.

Така што, прашањето кое се наметнува е едноставно. Каде ќе „бегаат“ по 12.април?

Парламентарни избори 2020