недела, 31. мај 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Муртинскиот далаверџија на ЕУ пазарот

Муртинскиот далаверџија на ЕУ пазарот

Заев коленичел по ЕУ пратеници, пишувал писма и ветувал антинационални „брда и долине“ само и само за да добие право на избори среде корона и поддршка за да не загуби ко Грчка?!

Ту, ту, ту… Чудно ми чудо, ќе беше запрепастувачки доколку беше макар малку поинаку,  подоблесно,  понормално. Одамна отрпнавме на ненормалноста и патетиката во нечии дејанија. Ова му доаѓа како „добар ден“, класика, нели…

Истиoт тој „бизнисмен“, кој направи кариера продавајќи отровни краставички и земајќи мито за „Глобал“, за црквата, за Виц’то, за името, за Уставот, за двојазичноста и што ли не, сега ветува дека истото ќе го стори со јазикот, нацијата и историјата. Толку нормално за него, џабe демантираат гавазите му од партија…

Кај Зокија, се’ на продажба. Е.а името, е.а народот, без Референдум и името. Па чуму не би ги е.ел и јазикот, нацијата и историјата. Во тројка. Пуста е.ачка навика, Рон Џереми и Роко Зигфреди да му подзавидат… Или поверојатно,  Тереза Орловски и Аса Акира…

За него, ова е добар пазар. Човечето за „само“ еден јазик, едно име на нација и една историја ќе си добие шанса да гњави на власт уште цели 4 години. Вауууу. Супер пазар за него, а ние ќе изгубиме „само“ се’ што остана од националните светии. Она што црпнатото чедо досега не успеа да го распродаде…

Отииии, тоа значат зборовите на најпознатиот без’рбетник во државата во писанието му коленичарско до европратениците. Ветувањето дека ќе ги доисполни договорите со Бугарија и Грција не се ништо друго освен ветување дека ќе даде се’ што ни остана. Се’ што треба.

Тој ним јазик, нација и историја, а тие нему изим за избори среде корона и поддршка. Колку промуќурно од Барон Муртинхаузен, нели. Ај што ќе не’ продаде, башка и ќе не умре и испозарази со КОВИД-19. Фул третман. Ама тоа не е битно, битно е Зоки да добие шанса да владее…

Избори, макар и среде корона, со минимална излезност на мозочно немиените и револтираните, поткрепена со силно мито, корупција за сиромаштијата и закани за администрацијата, филувани со ветувања за мед и млеко кон Албанците, и покрај се’ се само ситна, минорна шанса за муртинскиот пазарџија, ништо повеќе. Она кога во „Глупавиот и поглупавиот“ првиот се радува на шансата од 1 : 1.000.000 да биде со неа, дадена од истата…

Можеби, далаверџијата игра и токму на таа карта, да нема излезност па да си владее до декември, доволно време да си доврши што ветил околу распродажбата на тројната национална светија. Башка уште многу време за тендерчиња и бонбона бизниси…

Најсељачки, сепак, е муабетот во писанието во кој театралната баба рога Заев ги плаши европратениците со доаѓање на опозицијата и лидерот нејзин, кој претставувал опасност за ЕУ, па чедото возљубено во светото тројство – пари, власт и моќ, меѓу редови си бара да му наместат и изберат соодветен противник, овој не му чинел, ич. Греота, нели…

Знаете, вушност, со која прикаска и виц заспивало чедото црпнато деновиве?

-Се враќа политичар по избори  дома, а жена му свикува:

„Шо напраи бе несреќоо, шо биднаа?“

„Е тепав де, победииив!“, вреска од радост политичарот.

„Да не лажеш бе?“, прашува госпожата од искуство.

„Јок, повеќе нема потребааа!!!“

 

Само што нашиов, дури и да „тепа“, па ќе си лаже, ќе корне и ќе суши се наоколу.

Пуста навика…

Коронавирус