понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 128
home Колумни

Муртинска маторица е, не матрица…

Муртинска маторица е, не матрица…

Зоче Муртински, оној што вози „Бемве“ мотоциклета кога по 50 луѓе дневно умираат во Македонија,  да не ти работел викенди?!?! Јок, никако. Замисли само, премиер кој саде пет дена работи по осум часа, а два дена цели обавезно одмарка и си прави ќеф на таквото, возејќи? Не 24/7 туку 8/5 банда?! Хммм, добро е што не ни се падна муртински швалер, комарџија или пијаница, а? Ееее, тогаш, кај ќе ни беше крајот. Вака, треба и среќни да бидеме, нели, што ни се падна дилајла која на 45 години сфати дека имала желба, од дете на мотокултиваторот, да ти биде моторџија. Неизживеан лик кој продава кооперациски мачо финти и кој апансас сконта дека хај-лајт „живота“ му е со Венкота скутерџијата (довчерашен) да врти низ Македонијата која токму поради нив двајца се распаѓа „по шавови“…

Уууу, принципиелно, јако, два дена морал да одмара пустиот, црпнат лик.  И точка. Нема трте-мрте кај него. Туку, тие два дена, Артан Нежниот ли е премиер? А? Па нормално де, како инаку ќе формираше влада, освен врз грбот на Македонецот, класика комуњарска.

Знаете, овој муабет  непрокопсан – 5 дена работи и 2 одмарај, важи само и само ако си јавна или државна администрација. Всушност, не важи и за нив. Дел и од административците работи викенд. Зоче нивни (наш никогаш), претпоставувам, така начул кога бил на нива (пред да го црпнат за да го смени името) и се вљубил во идејата – 5 дена работа, два одмараш. 5х8=40, останатите 128 часа од неделата се твои. Примамливо, особено по 128 часа неделно лупење и копање пипер и саде 40 саата спање и „занимање“. Или, сепак, не пипер, чушки беа…

Комуњарски финти, нели. Ама толку му сече на пустиот, па мислел дека и ко премиер, така ќе биде. Не е битно што поради твојата ултранеспособност умираат по 40-50 души во просек, што економијата ти отишла по ѓаволите и морските вештерки, што национално кој ќе стигне не’ омаловажува и негира, јок, битно ти да си одмаркаш и да си возикаш мотоциклета од 32 илјади евра.

Јок, чедо црпнато, немаш право на одмор. А ако мислиш дека имаш, ајт гитла таму, одмарај и по цела работна недела, не викенд само, може и во Идризово или терај приватен „бизнис“. Па не е проблем, само подалеку од „Илинденска“ бр. 2 продавај си отровни краставици, лупи пипер за ајварот ти мамаски, па нижи марихуана по плантажите ти, земај поткуп – евро за црква, евро за Вицето, занимавај се. Па вози со 10-15 км/ч по кривини и во среда, ама не ја води државава во беда, аман…

Така, очигледно,  размишља и совозачот му Венко, кој послушно за да стане нов ЗЗ во СДССС го следи лидерот возљубен со 33 км/ч на мотори кои одат над 240 км/ч. Не дека не ги бива шоферите, не ги запознале моторите, нели, ајвани. Така размислува и Рашко од МеХико, оној Елиот Николовски од Дубаи исто, Костадин со моторетката од 32 ила’ди (струмички) и со дијамантски прстен што запросува исто, така мислеше и Катица Јанева, Лидија Димова исто, не поинаку и Павле белошмркачот, сосема исто и Курто тепачот, Боро Малборо пак најисто, Ременски ич не поинаку, Боки скроз исто, Дончев ко по ноти идентично, абе иста МАТРИЦА.

Или МАТОРИЦА ќе да е, поверојатно. Едно „О“ чуда прави. Особено, кога сте во Зокиевио „на Мирчо бишкарнико…“

Само, сетете се – „Големото уво“, Чаушови лажни лични карти, па „Бомби“, па „Мафија“… Кое е сврзното СДСССС ткиво, освен корисните идиоти ко Зоче? Да, комуњарите кодошки во МВР одработуваат , сработуваат и како во на „Мирчо бишкарнико“ отсекогаш ги третираат службите државни за свои партиски и лични потреби. Класика, СДССССС-овска, била и ќе биде.

А, знаете што некогаш ќе стои над вечното почивалиште на идентичните по маторица/матрица? Најаланфордовскиот епитаф, гарант: „Јас лежам овде долу, а ти стоиш таму горе. Многу подобро би било да е обратно…“

 

Коронавирус