недела, 11. април 2021. Вести денес: 95
home Колумни

Можевте…

Можевте…

Во наплив на „транспарентност“ Злорада Пелинска истресе уште една зелена. Ова му доаѓа како ново продолжение на Рациниот трагикомичен шпански серијал „Можевме први да набавиме вакцини“. Да, таа навистина може многу работи. Очебијно, не може само една. Не може да престане да ги извртува работите. Пуста навика…

Како поинаку да ја толкувате небулозата „Можевме да не кажеме за вратениот капар за кинеските вакцини, но сакавме да бидеме транспарентни?!!?!?!?!?!?!“ Ок, транспарентни сте. Факт. Ама буквално – транспарентни = проѕирни, провидни, скроз…

И сега? Сега као македонскиот народ треба да биде пресреќен, да ’лцне од радост и падне во несвест што Рада и  Заевата банда не сокриле дека е вратен капарот за вакцините кои никогаш нема да ги добиеме?

Ааааа, а вие со Филипчо да донесевте некоја вакцина? Наместо да враќате капари, да „вратевте“ некој шлепер ил авион со вакцини? Ко целиот нормален свет, па и ненормалниот. Сите земаа и „вратија“ вакцини по дома, сите, само вие дилајли низаедни не’ оставивте да се крстиме во Бога, оти со вас ко Власт ништо друго и не останува. Бог да не’ чува…

И аман, доста со тоа можевме. Толку соодветно предизборно мото немал никогаш никој во историјата. Светска, не македонска. Можевте…

Да, можевте и да не смените име на сила. Можевте да не смените и Устав и Преамбула со уцени. Можевте и да не смените имиња на институции и да избришете придавка МАКЕДОНСКА. Можевте да не смените имиња на автопати и аеродроми. Можевте и да не донесете двојазичност. Можевте и да не ги затворите патриотите од 27-ми и да ги направите терористи. Можевте и да не го бутнете системот на ДИК на 15 јули. Можевте и да не тресете толку глупости и да не чепкате во историјата. Можевте да не му се упикувате на Бојко и на Бугарите. Можевте да не не’ срамите. Можевте и да не правите Попис за Албанците. Можевте да не менувате лични документи за Грците. Можевте и да на правите образовни реформи за Бугарите. Можевте и да направите нешто за Македонците, за промена. Можевте да стокмите и нешто за економијата. Можевте и да донесете некоја инвестиција. Можевте и да не правте драмолетка со Мијалков. Можевте и да не се задолжувате толку. Можевте и да донесете некоја вакцина без да тресете зелени. Можевте и да не се фалите толку со српскиот „подарок“. Можевте да не чекате милостина. Можевте и малку да се  заангажиравте околу короната. Можевте да не умрете над 3.000 луѓе и да не заразите над 100.000.

Да. Можевте и да сфатите дека не секој е кадарен да владее, колку и да е послушен, самобендисан и арогантен.

Можевте, дефинитивно можевте мнооооогу работи.

Уште, само да знаевте…

Коронавирус