недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Mорбиден ултиматум: Или ќе броите мртви и заразени на избори во јуни или ќе си владееме до декември?!

Mорбиден ултиматум: Или ќе броите мртви и заразени на избори во јуни или ќе си владееме до декември?!

Колку ли им гори под нозе на СДСС? Очигледно, многу е мал збор. Минорен. Премногу е поверојатниот… Па како поинаку, драги мои, да го протолкуваме сулудиот, морбиден и некрофилски ултиматум на партијата од екс Бихаќка? Преку новинарските гавази, си соопштија ноншалантно – или избори до крај на јуни среде корона или ќе си владееме до декември и си враќаме политичката влада?

Ало, па кој нормален може да уценува со избори во јуни во ден кога имаш 30-на заразени, а претходниот ден четири мртви граѓани од КОВИД-19? Истиот ден кога Филипчо за да се испере од  глупоста со биљмескиот протокол за гласање и кампања контрадикторно најави дека пустата комисија за не/здравство ќе бара пролонгирање на вонредната состојба?

За жал, одамна, не е прашање дали има пилот во авионот на СДССС, знаеме дека нема. Прашањето е дали има некој нормален во од лажни ветувања предуваниот цепелин на екс Бихаќка, кој има опасност со пролонгирањето на изборите и нивно одвивање надвор од короната, да ја доживее катастрофалната судбина на најпознатиот цепелин Хинденбург, кој изгоре до штрафче. По примерот на сестринската им ПАСОК..

Знаеме дека веќе никој во државата на која и го сменија името не го става под знак на прашање макијавелизмот и неодговорноста на партијата која одамна дејствува како бизнис кооперација на Заеви и придружните филијали, но ваквата мизантропска глупоштија сериозно ги надминува очекувањата за нивниот несомнен и напати докажан дилајлизам.

За нивна жал, вака си признаа што им е целта. Морбидно или не, се отворија. Следбениците на црпнатото чедо би оделе на избори и оваа недела, 17-ти мај, така би им било најубаво. Бонбона.  Не мора да сте Ајнштајн за да разберете на што играат политикантите. Сега само си се демистифицираа.

Единствен спас на дилајлите се брзи избори за брз спас. Не дека ќе победат во јуни. Јок. Оти добро знаат дека никој нема да излезе. Резултатот не  е битен, затоа што ќе го нема. Посакуваат микро излезност која ќе им го намали поразот неминовен, кој ќе биде ТРАС-ТРАС пораз во август или септември.

Да, имаат и друга опција. Дека нема ни да има излезност..

Се надеваат дека мозочно немиените не се луди да ризикуваат живот и здравје на поворасните им најблиски и најмили за да гласаат среде корона за ќеф на Барон Муртинхаузен, дел најтврдокорни и онака се на тој ниет да бојкотираат кога и да се оддржат, а своите мозочно испрани лукративни партијци ќе ги спречат да излезат со една обична тајна директива. Комуњарска депеша филувана со „обеќање“ за вработување или „унапреѓење“, разбира се…

И, ТА-ДААААМ, што би рекол Чигаљ Макс, изборите минале, не успеале, пустите „случајно“ немале цензус, па дилајлите ќе си владејат до декември. Нејсе што и Чигаљ на крај трасна и изгина… Но СДСССС нема да се грижат премногу што притоа од тие што се излажале и излегле, заразиле 10-на илјади. Ту-ту, страшна работа. Умреле 100-на, чудна ми удбашка чуда. Битно е ајваните да владејат и да исполнат бугарски и грчки желби, да направат должници од менторите им моќни и да ползуваат поддршка.

Ситуацијата со неприфаќање избори во јуни и владеење на СДССССС до декември е иста. Онаа, прикаската со змијата и магарето. И така и така антинационалните политиканти се во ќар – минимален пораз или уште 7 месеци владеење. А избори во август или септември, е тука црно им се пишува, оти црна криза економска ќе наваса, благодарение на нивната неспособност.

Страв од тоа куќа чува, во овој случај бомбона бизниси и тендери солени. Па ќе уценуваат, гризаат, гребат, ќе заразуваат луѓе на избори, се’ што треба. Звучи глупаво, но има ефект. Да, уште Наполеон спознал и срочил дека во политиката, глупоста и не е баш хендикеп.

Докажано, лошиот систем знае и може да ги уништи добрите луѓе. И народи…

Коронавирус