петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 0
home Колумни

Мижи Заев да ти баам

Мижи Заев да ти баам

Не е проблем што лажат. Проблемот е што мислат дека некој им верува. А лагата толку „плитка“, поплитка и од Преспанско Езеро во време на владеењето на Заевци…

И така, трите лика – Зоки, Оли и Дон Мијале мислеле дека го превеслале народот. Абе, цепки биле. Па ми глумеле нервоза, па оставки и одговорност најавувале, по гепеци претреси правеле,  по контејнери го трселе, ееее, држава то било, нема трте-мрте, драмолетка невидена. Поевтина, здравје. Ко Грунф од Алан Форд да им ја склепал за 20 центи.

Импровизација патетична, во која „правдољупците“ североидни глумеле адаптација (читај пародија) на „Бегство од Алкатраз“, небаре бате Саше чуда направил за да им „избега“, та ѕидини скокал, по вентилација се м’кнел и протињал, мориња препливал и езера прогњурел, ко грмушка се маскирал и какви ли не други чуда и врагови. Неверојатно бегство, она од Шошенк вода да им носи. Со хепи-енд, разбира се. И Саше киднат и Зоки на власт. А, да. И Уставот и името сменети. Па Саше се јави, навистина се јави, ама сам. И му извини понизно на Зокија. Абе, ајт гитла таму…

Не сфатија ли дилајлите дека погрдното „НЕМИЕНИ“ и не е така пејоративно. Ало, тоа значи МОЗОЧНО НЕМИЕНИ. Може, реално, прикаската за невиденото „бегство“ на Донот и да минува кај вашите мозочно испрани просеверни следбеници, па навикнати на реакцијата на околината и „ДА, ШЕФЕ“, „ТАКА Е ШЕФЕ“, „НАЈУБАВ И НАЈУМЕН СИ ШЕФЕ“ муабетите катадневни сметате дека и ова ќе ви помине. Ало, СЕРИОЗНИ сте?

Кој знае колку се смееле гледајќи се по медиумите, па гушнати пред екранот во бункерот на екс Бихаќка си „тепале“ галовно: „Еј, Зоки, цар си човече, Ал Пачино вода да ти носи!“ -„Не бе Саше, Оли боље одглуми.“ „Амааа, он се скри, не се ни појави првиот ден?“ –„Хахаха, па баш затоа, иначе ќе треснеше некоја зелена, ни на кастинг за „Дајте музика“ не би прошол кумановац, хахаха, го виде каков беше испран у вторникот, ко поплава да го донела, хехех!“

И сфатете, не мерете ја нашата интелигенција според вашата способност да не’ разберете. Оти, не разбирате, ама ништо. Два различни света сме, со дијаметрално спротивни вредносни системи. Ѓоамити вие од Венера, ние од Марс ли бевме…

И не ми излегува од глава сликата како бате Саше и бате Вице пред заспивање го нункаат исплашеното Зоче. Галовно му тепаат: „Не, не, пишпириче, нема да одиш во затвор, затвори ги очињата“ Па проверуваат дали во ормарот има Баба Рога или некој од ВМРО, за да Зочето заспие. А бате Саше го зема в скут, му ја тутка цуцлата декорирана со евра и му шепка: „Ај, ај, мижи Зоче да ти баам…“ И го лажувка како бил најумен, па полиглот, па дека бил мажиште, па политичар, па дека е Македонец…

Велат дека лагата може и да те извади во сегашноста, но нема иднина. Немате ни вие. Вашата сродна душа, пак, мафијашот Џон Готи изјави дека не лажел никогаш, само затоа што не се плашел од никого. Лажат само тие што се плашат, вели гангстерот.

А вие, патолошки антимакедонски лажлиња, од што се плашите, а?

Коронавирус