вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

Милион притвореници на 10 политиканти желни за избори

Милион притвореници на 10 политиканти желни за избори

Три дена домашен притвор. Еден милион граѓани во Македонија стана заложник на владината глупост, неспособност и бескруполозност. Да, ако ги соберете жителите на Скопје, Куманово, Штип, Тетово и околните 12 карантинирани општини, доаѓаме точно до половина македонско население.

Еден милион луѓе се жртви како резултат на безобѕирната желба на СДССС да оди на избрзани избори со идиотското олабавување на мерките, само и само за да претстават розова слика дека се’ било супер. И што сега, „шалили смо се“? Не, пишман мерка-аџиите наши и покрај се’ што не/сторија не се пишман избораџии, тоа им е примарна цел, нема врдање. И лидерот им недоквакан потврди, 5-ти јули бил зацементиран датум?! Толку СДССС оксиморонски, кога некој не ти дава избор за избори…

Нејсе што Македонија во меѓувреме руши рекорди и има заболени од Ковид-19 повеќе од целиот Балкан заедно, ама Зоки и тајфата одат на избори. Им текнало дека владата треба да има легитимитет, откако три години мајка и е.аа на државата без трунка од истиот тој легитимитет и без трошка уставност. Ама сега морало да се оди на избори. И точка. Абе ајде, суруши некрофилски, мора само да се умре, ама не на избори среде корона.

Можете и да се обидете да влезете во состојбата на умот на овие блескави мизантропчиња, но таму и ќе останете. На обид. Оти, МОЗОЧНО НЕМИЕНИТЕ колку и да се обидуваат да ја сфатат неверојатната идиотштина, бескруполозност и макијавелизам сдсссовски, не можат. Докажано. Овој „стејт оф мајнд“ е достапен само за мозочно МИЕНИТЕ од екс Бихаќка, чеда мозочно испрани, возљубени во тендерчињата и со неутрализирани сиви ќелии…

И сега, кога удрија во статива со глупоста наречена олабавување и уинување мерки, сдсссовските владејачи се фатија со ПИШИ-БРИШИ политика. Па карантин во пола држава тридневен наметнаа, па бесплатен превоз на пензионери укинаа, дури и супер Филипче призна дека да знаеле како ќе биде, немало да отворат кафеани. А знаевте, да. Дефинитивно, и ти и Караџовски добро знаевте што може да биде и што ќе биде, ама моравте желби на лидерот црпнат да му исполнувате.  И што сега?

Е сега, десетици починаа, а стотици се заразија, ко што тргнало ќе бидат и илјади. Сега, што бидна, па нели ја победивте короната? Така барем пишуваше на вашите партиски флаери со кои заразувавте луѓе во кампањата ви непрокопсана. Да видовме како им ги делевте сурушките летоци на луѓе, а испадна дека дел од делачите имаат и корона. Упс, а?

Пола партија ви е во карантин, четврт врхушка заразена, ама на вашите медиуми побитно им е кој во која кафана бил. Макар признал и се извинил дека згрешил. Па удбашки финти ќе правите, па Инспекција „случајно“ ќе налета, па после 2,5 часа ќе се врати, па ќе налета на некој лидер, па итни пресови инспекторка ќе држи, па медиуми „професионални“ од кревет во пижами уредници ќе скориваат и ќе трчаат да снимаат… Цццц, евтини прикаски, поевтини здравје, со кои сега месец дена народ ќе замарате и давите.

Во меѓувреме, додека пропаганда комуњарска терате, Македонија стана афричка земја. Да,само кај нас и таму има ваков прогрес на короната. Дефинитивно сте на прав пат. На прав пат да не испоумрете, биљмези…

И кој ќе ни ги врати овие три дена домашен притвор, кои се резултат на вашата ултра неспособност?

Ало, абе милион луѓе не смејат на гробишта да отидат и да испочитуваат починати блиски, само и само поради ваша желба да одите на инстант избори и глава да спасите. Знам дека влогот не ви е само политички, некој и слобода ќе загуби, не само фотеља, ама имајте дерман, не танцувајте толку, овојпат по нервите на народот…

Има еден виц кој вели – Што ќе добиете ако ја избањате македонската актуелна влада?

Нечиста вода и чисти криминалци…

Парламентарни избори 2020