вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 63
home Колумни

Македонија, народниот шлепер и северната жаба во „оставка“

Македонија, народниот шлепер и северната жаба во „оставка“

Во уплав од предвремени парламентарни избори, ЗЗ целосно забега. Другарчето кое до завчера обожуваше да си игра стартешки „трас-трас“ игри со судството, црпнат лик кој живееше во филмот дека е „бог и батина“, вчера бидна траснат од народот, ама и така прегазен продолжи со евтини, северџански финти. Она, ко жаба шлепер кога ќе ја мине. Камионот со народна регистрација, жабата пак со северен пасош. По-траснување, здравје. Денеска и се разбуди, најтраснат. Уште не верувал дека го кажал тоа што морал под седативи и она дека ако оставката ја немаше, ќе ја нема и северна, која вака на апарати или не ќе остане во живот… Пораз, ДА. Катастрофа, уште по ДА. Дебакл, нај ДА. Арно ама, комуњарите да ти имале план „Б“, „паник рум“ или заобиколница на дебаклот. Од пред недела дена ги спремале дворските игри за големото северно бегство од Македонија, почнувајќи од моментот кога Зочето громогласно  вети – „Ќе дадувам уставка ако паднува градут Скупје“ (муртински превод-препев од оригиналот). А, добро знаеја пустите дека ќе падне, ама…

Инстинктот за преживување кај штетниците е огромен. Не дека ќе поместат планина, ама ќе ви ја поместат свеста и исцедат логиката до последна капка. Така дејствуваат, преживуваат и егсистираат северните неспособни паразити, особено политичките. Армија корисни пантљичари кои своето постоење го базираат на прилепување, смукање на народните пари и една стара поговорка која вели дека она што нема да те убие, те прави посилен. А, ако го преживеат НАРОДОТ, барем во првиот налет, тогаш имаат добри шанси да преживеат и ко северна влада. И да продолжат да крадат, лажат, тендерираат, заедно со менување Устав, име, арогантно и агресивно иритирање на Македонци и да го викаат ли викаат тоа на С…

Така, уште по првиот дебакл на 17-ти октомври, кога Заевци јасно сфатија дека ќе го јадат стапот и народниот гнев за сите пари, пустите седнале да мозгаат како да го превенираат неминовното губење на централната власт. Локалната веќе била чао, тука немало чаре, знаеле и самите чеда црпнати. Ама губењето на централната имало поголем влог во себе. А патот се вика „СШИ“, т.е. – суд, Шутка па Идризово. Чаре било само Бардовци, ама не многу убо…

Затоа, љубителите на турски серии застанати со читање на Зоки Поки смислиле нешто евтино, ко нив. Зоки ќе испашта за сите, ќе даде оставка, ќе стане маченик пустиот муртинец кој никогаш и не требаше да биде премиер, ќе презентира колку се тие доблесни ко сорта, а клапата и неговите клонови и измеќари ќе продолжат да владејат. А ЗЗ вчера баш за Халоуин на говорница маскиран во доблесен, одговорен лидер и политичар???

Е, сега истиот тој напатен Зоче така „пензиониран“ ќе се мачи во грчките хациенди, ќе го оправа бизнисот на Вице и Трајче кои дозволија марихуаната пуста да им заврши во Арачина, кај прилепскио полицаец и во гепекот на колегите му. ЗЗ ќе ги оправи, ваква тешка загуба на пари е недозволива за алаш-вериш бизнисменот, единствен лик кој од препродажба на чушки заработил, демек, два милиони марки. Не, пак, од марихуана…

А тие, е тие СЕВЕРЏАНИТЕ имаат недовршена мисија, треба да ја доквалификуваат северна за да влезе во државното финале и да ја победи нашата Македонија…

Со ваши камења и вокабулар по глава – МАЛО СУТРА, Заевци, ова не ви минува. Играта се гледа од авион, од Марс – Сега, демек „влада пада“ од оставката на ЗЗ, па Стево дава пак мандат на оној кој има најголем број пратеници, т.н. мандатар, а тој/таа пак да ти е од СДС?!?! Не џабе БЕСА доби двајца градоначалници. И Али попушти, не па ЗЗ да гласа. Компензираа со Кичево ахметовци де. И така, некој нов кондом/ка (Љупче, Мила, Лукареска, Оливер ли) т.е. клон на Заев ќе биде премиер/најкорисен идиот на она на „С“. A Зоче, тој ко криминалец кој крадел ли крадел со години, сега фатен со рацете во медот вика: Крадев, ама веќе нема, ветувам!“ И толку? Јок, одиме до крај.

Ова е само еден беден, евтин спин за купување време и дефокус на победничкиот моментум во кој е народот, ништо повеќе или помалку. Време е сериозно и без пардон да траснат од некого, не да глумат самотраснување, а траснати се и на 17-ти и денеска. Крај, финито, енде, коњец, ди енд, сајонара ли. Ајде, без шарени калкулации и комуњарско-северџански заебанции поддржани од амбасади, НВО, „експерти“, аман, преку глава. По победава, рецептот е еден – улица, па предвремени парламентарни избори, па Шутка, па Идризово. Патот е јасен. Ко ден. Не Дончев. Тој ќе му биде цимер на ЗЗ, заедно со другите, комшиски  одделенија на Рашко, Димова, Катица, Боки, Шики, Марин, Богац, Мила, Кичеец, Чипсио, Богоевски, Тодоров, Венко, Кочо, Боро Малборо и др. итн. итд. Да, по црвениот картон, исклучувањето е неодминливо и неминовно. А, не случајно, најшеруван знак деновиве е „ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, ПАЃА ВЛАДА!“ Но не Зоче да падне, а Северна пак да стане, јок. Се скрил или не, народот бара!

Коронавирус