среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 159
home Колумни

Македонија гори, баба мења пол

Македонија гори, баба мења пол

Ајмо, силикони за гради и задник на товар на државата, још мало – па нестало! Ова ли е следниот „промуќурен“  проект на Зоки и Венко? Чуму да не, па ко што тргнала работава и колагенчето за уста ќе им го плаќаме на засегнатите граѓани и граѓанки, зошто да не и ботоксот, а? Само и само за да се чувствуваат убавко, да излезат од депресија пустите. Башка, кај и да е ќе пафкаат и марихуана легално. Се’ за граѓаните и нивната среќа, жртва на Заевци, тешка, претешка. Нема врска што немаме вакцини во време кога цело соседство се вакцинира, а ние ќе чекаме кој преживее-преживее, кој умре-умре, ама во меѓувреме, пред умирачка можете да си смените пол?! Се растреперивте, нели, солзи радосници ви потекоа…

Среде корона пандемија, во која 10 до 20 луѓе дневно умираат од негрижа на државата која нема вложено денар во клиниките, здравствен систем во кој ако немаш 12-15.000 евра за приватно, ќе те остават да умреш ко куче без никаков третман на државно затоа што го доуништија, Заевци се пофалија дека промената на полот била бесплатна и на товар на државата?! Ало, па дали сте бре нормални? Ова би било, Македонија гори, баба мења пол. Чешлањето е „приде“… Башка што гориме ко Супернова на секој план – здравствен, национален, економски, образовен. Блескаме притоа…

Значи, граѓаните ќе плаќаат, илјадници евра ќе се одлеваат од државната и онака празна каса, заради тоа што некој маж се чувствувал ко жена и обратно? Сочувство за нив, но чинам дека нивната промена на полот е далеку од животозагрозувачка состојба, тоа е психичка состојба, од која не се умира ко од компликации од корона, рак, леукемија и редица други сериозни и вистински болештии, нели?

Што би била разликата државата да дава гратис силикони за жените со мали гради и задници, како и зголемување за мажињата со малечки? А тие во депресија, не можат да се видат во огледало, се мразат пустите. А вака, со гратис силикони, ќе си се остварат како луѓе, ќе излезат од депресија, ќе бидат мнооогу посреќни. Па некој посакал големи усни, а Бог не му ги дал, ниту генетиката. Ска пробљем, Филипчо и тоа ќа даде, а Заев ќе аминува…

Шега на страна, ќе речат дека споредбата е неприлична и дека шириме знаете што, за тоа се мајстори хејтерчињата провладини и армијата ботови, ама да ме убеди некој дека во време кога луѓе умираат со прогресија поголема од Втората Светска Војна е нормално да се фалиш со гратис дарување полови е толку дегутантно, соросоидно и забегано што ги минува сите граници. Да, на пристојноста која одамна не е дел од овие простори…

Колку деца и возрасни чекаат средства за операции од кои живот им зависи? Колку луѓе заложуваат станови, куќи, продаваат коли и земаат кредит за да се лечат од пуста корона во Систина или во Жан Митрев?

Да не претеравте малку со неолибералистичкиве глупоштии, а чеда сороспијски? Или така се гребете кај менторот ви, Џорџ ќе да беше? Ќе му се фалите ли дека сте најнеолиберално општество, со солзички во очињата: Еве менторе – марихуана легализиравме, најмултиетничко општество у свет создадовме, нација уништивме затоа што нации не постојат, бесплатно мењаме полови, гратис даруваме и ништиме историја, патриоти во зандани за ништо затвораме, малцинство има 10 пати поголеми права од мнозинството, име на држава сменивме, брусевме Кутлеши, брусевме „фашистички“, институции национализиравме! Што Сорос посака, Заев остваруе…

Она, кога на забеганоста и нема крај.

Факт е дека дечкиве се многу по менувањето. Сменија име на државата, сменија Устав, сменија автопати, сменија аеродром, сменија шахти, сменија легенда на споменици, ќе сменат и историја, а кај и да е ќе сменат и пол. И националност ќе сменеа, да ја имаа и чувствуваа де.

Епа, ај да им „учиниме“. Крајно време е да ги смениме и од власт, а?

Коронавирус