недела, 9. мај 2021. Вести денес: 45
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Колумни

МАКЕДОНИЈА ГИ ПАМЕТИ СВОИТЕ!

МАКЕДОНИЈА ГИ ПАМЕТИ СВОИТЕ!

Прегрни ја МАКЕДОНИЈА и твоите раце никогаш нема да се празни.

Направете го тоа како што го прават УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, на кои им ја посветувам оваа колумна, и вашите раце секогаш ќе се полни, душата просветлена, совеста чиста без потреба да се преиспитувате.

Овие наши почитувани, браќа и сестри, на сите ни покажаа како се сака татковината, како се љуби својот народ, како се брани Македонија. Тие нé научија дека не е доволно да имаш став и идеал дури и ако го задржиш за себе, но притоа се завртиш и едноставно заминеш, ништо не си сторил.

Ставот и идеалот треба постојано да се бранат, чуваат, негуваат и прошируваат како што тие го прават и сега кога се во исклучително тешка состојба, своја и на нивните семејства, умно, храбро, решително, поучно и достапно за сите родољубиви граѓани.

Татковината е единствената сцена на која секој може да настапи, да биде успешен и ја освои публиката, а да не поседува ама баш никаков талент. Единствено што ти треба е своето самоспознание дека си привилегиран од исконската „ДНК“ во тебе и да ја распламнеш во себе патриотската чест и љубов кон Македонија та неустрашлив да застанеш во нејзина одбрана особено тогаш кога е нападната и загрозена. За жал МАКЕДОНИЈА е под постојана закана за својот опстанок, од појавата на ШАРЕНИТЕ КОНТРАРЕВОЛУЦИОНЕРИ, вашите џелати и гробари на сувереноста, независноста, слободата, правдата и демократијата одамна спечалена, кои врз грбот на народот ги полнат џебовите, ама засекогаш остануваат со празни раце без топла прегратка љубов.

Како потврда на ова мое скромно размислување нека послужи еден од најсветлите примери во македонската историја, создавањето на самостојна и независна Македонија. Имено, и до ден денес многу луѓе ме прашуваат како ние, во прв ред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но и другите, од првиот плуралистички Парламент во Република Македонија, иако со скромен политички капацитет и “недоволно писмени“ направивме држава?

Одговорот е едноставен. Кога Свети Антоније, кој е еден од најголемите промотори на христијанството, злобниците го прашале: Како ТИ кој не знаеш да читаш и не си прочитал ниту една книга, ниту пак распознаваш броеви, си повеќе почитуван од нас со царски школи?

На тоа СВЕТЕЦОТ мирно возвратил: „Што е постаро книгата или разумот“ и ги замолчал сите. Е, токму тоа, нашиот разум и силната верба во доброто што го правиме за нашата татковина ни ги отвори очите, ја разгори нашата интуиција и вербата во исправноста на нашето дело. Уште повпечатлив е мојот втор одговор.

Во огромната Амазонија, втората најмала птица после колибри е птицата со најубав глас што може да се слушне. За жал таа пее само еднаш во животот и тогаш ги замолкнува сите гракачи и цела Амазонија ја слуша само нејзината најубава песна.

Знаете кога пее! Само еднаш и тоа кога ќе го направи гнездото за своите пилиња. Затоа и ние во 1991 година ја испеавме најубавата песна, затоа што им обезбедивме сигурно и топло гнездо на нашите ПИЛИЊА.

Почитувани МАКЕДОНЦИ, верувајте во својата несекојдневна скапоцена градба, дојдете во недела да дадеме поддршка за слобода на нашите браќа УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ. Тоа е истовремено поддршка за МАКЕДОНИЈА и е дел, рата од твојот вечно неисплатен кредит што Македонија ти го дала без да бара да го вратиш затоа што верува во твојта љубов и лојалност кон неа како кон мајка родилка.

Почитувани мои браќа и сестри, УСТАВОБРАНИТЕЛИ. Сé додека не се појавивте вие убеден бев дека мојот највисок дострел што сум го постигнал во животов и највредното што сум го направил е задоволството што сум дел од приказната за суверена, самостојна Македонија, но сега со радост би се менувал со вас подобрите од мене, секако ако ми дозволите.

Недела, 25 април 2021 – ПАТРИОТИ ЗА ПАТРИОТИТЕ !!!

Коронавирус