петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Колумни

Македонија гази, Северна во паника

Македонија гази, Северна во паника

Ненадеен и силен страв на единка или цела група, кој најчесто се јавува кога „животот“ на истите е доведен во прашање. Ова е дефиниција за паника. А, ве потсетува ли овој „силен и ненадеен страв“ на некого? Особено, кога под ЖИВОТ, некој подразбира владеење, моќ, пари, тендери, судство во џеб, магариња, обвинителство на синџир, поткуп, мито, корупција и нула одговорност… А што се случува кога некој ќе ви го раздрма „животниот“ лезет со избори? Епа, паника. Можеби треба и да ја редифинираме. „Ненадеен и силен страв на Заев и цела СДССС, кој најчесто се јавува кога владеењето на истите е доведено во прашање.“ Да, добар опис. А резултатот на паниката го гледаме. Секојдневно…

Велат и дека паниката најчесто се јавува кај лица кои боледуваат од анксиозност, кое пак, е чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Оди во пакет со депресија. Кх, кх, кх, повторно како некој да ви нацрта некого од Заевото опкружување, кандидат или функционер на СДСССС на митингашки настап? Да, подобро и попластично, здравје. Фали уште само поимот „и тресат зелени и сексизми ко навиени“. Сепак, ова последното, во прикаската – „депресија“, велат дека најјако им следувало по изборите на 31-ви октомври…

И додека самозамислениот полиглот Зоче, кој кога се прави умен наголемо се расфрла со странски зборови и интернационализми кои не ги ни разбира, во паника тресеше англиски фрази за некаква си „game change“ во нивната политика, а истиот не сфаќаше дека јазици знае исто ко што ја знае Македонија или политика и економија, неговите пајташи во штабот смислуваа како да ја надополнат страшната дупка од 50 илјади гласови, грда бездна која по катастрофалниот пораз приреден од народот, само се зголемуваше. Растеше пустата дупка ко банкарската сметка на Заев по 30-ти септември 2018-та, денот на Референдумот. Па во свој стил, Заевци ставаа во погон прилепски крими-полицајци, маваа по социјала, а се сетија и на корисните идиоти во МНР кои удрија по историчарите. Да, мораше да добијат ДАТУМ од ЕУ, по секоја цена. За да имаат со што да подлажуваат раја. Арно ама, историчарите да ти биле од мајка македонска родени. Статива. Голема. Којзнае која по ред. Кога не оди, не оди пустото. Кармата е кучка, голема…

Испадна ко во вицот со црногорската келнерка, која добила нарачка за кафе „Јаку ко мене, слатку ко тебе“, а по чие вкусување нарачателот направил гадлива фацка и рекол „Јелте, мала, а да се ниси мало прецјенила?“… Така и Заевци, си се преценија пустите. Нема логика да го задоволиш западот само со „север“, нели? Треба и работа, кадарност, колку и да си вичен и дарен за политичко фелацио, се’ си има век…

Уште побитно, 17-ти октомври заврши една друга работа. Покажа јасно дека падот на СДСС бил толку лесен и едноставен. Се’ што треба е да излезеш и да гласаш. Ништо повеќе, ништо помалку. Така ќе биде и в недела, затоа што народот виде дека било „боза.“ Умре омилената Сталинова прикаска на ЗЗ страховладата протежирана од нивните медиумски пулени – дека е битно кој брои, а не кој гласа. Јок, не било баш така. Уште поинтересно, дури и северџаните сфатија дека митот за непобедливиот Заев е само патетична бајка. Исто ко и митот за трајноста на она на „С“. И се растажија. Меѓу паничните изливи де…

Да, ко што прават цела мината недела по дебаклот, и натаму ќе притискаат, ќе се закануваат, ќе подмитуваат, ќе стават во погон и шуто и рогато, ќе пуштат и полиција партиска на најјако, ќе летаат зејтини, брашна, евриња, СМС-ови, вибери, ватсапи, мејлови… Џабе е „другарчиња“, замаецот е придвижен, тик-так, тик-так, доаѓа време на одговорност за злодејанијата. И, не грижете се, ќе ве испратат со омилената „ Бела чао“…

Како беше она? 11-ти октомври, па 17-ти. 23-ти октомври, па 31-ви. Ништо не е случајно, нели? Исто ко што и не случајно што понеделникот по 17-ти Македонија ја огреа силно сонце, а срцата и душите на Македонците уште посилно. Епа, по јасниот зрак на надеж и откако уште појасно го видовме рецептот, ајде следниот понеделник да огрее уште посилно сонце за Македонија. Она, кога на северџаните им се стемнува, а на Македонците им се разденува…

Коронавирус