среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Колумни

Мајтап

Мајтап

Дојде време да гледаме како во пракса се тера мајтап со државата. Го гледаме тоа онака немушто и во неверување, а всушност сме многу на јасно дека за се ова бевме предупредувани и сеуште добиваме предупредувања. Зошто, од кои причини со какви мисли или „паралели“ споредувајќи ги современиве собитија во нашево општество со некои претходни не реагираме и сме анемични незнам и колку и да се обидувам да навлезам во суштината на ваквото однесување и воедно да најдам оправдување за истото неможам истото да го осознаам. Познатиот Американски дипломат, Кисинџер во една прилика има изјавено: „Да знае народот кој се води држава, ќе умре од страв“. Ние и знаеме и гледаме кој ни ја „води“ Македонија и сме потполно безгласни на се она што ни се случува во нашата држава Македонија.

Гледаме како се тера мајтап до вулгарност со државата, со граѓаните, со секого од нас поединечно и нема реакција. Кога велам нема реакција, мислам на граѓанска реакција, на гласот на граѓаните. Партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ не изостанува и слава на Бога што барем имаме глас во пустината на мерзоста и апатијата што повикува и што укажува дури и на мајтапот и изживувањето кое се врши врз државата и народот од страна на оваа хунта. Се прашувам, дали при очи сме слепи и при уши глуви кога дозволуваме покрај криминалот на ѓон СДС-бандитска и кланот-картелот на ѓон Црпко да дозволиме да не мајтапат и да ни ја навредуваат интелегенцијата и тоа онака колективно без разлика на национална, религиска, родова или незнам каква не припадност.

Всушност, овде не се работи ниту за малцински, национални, верски, родови или незнам какви права, не се работи ниту за лепче и солца да се изранат гладните деца, туку се работи за највулгарно ругање врз сопствениот народ со кој оној кловн со своите побратими узурпатори владее. Можеби јас имам погрешна перцепција, веројатно ќе да е така, бидејќи никој претседател на Влада па дури и октроирана-узурпаторска Влада, не би си дозволил така да се мајтапи на сметка на својот народ и да го прави будала пред очи уништувајќи му ја државата и нацијата. Но, не и овој претседател на Владата на Р.Македонија претставен во лицето под маска на ѓон Црпко. Точно ќе да е дека се мајтапи и глуми недоветен „демократ“ кој јавно се извинува на народот што три дена немало одговор од Владата со која раководи во врска со поставувањето на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник на премиерот за внатрешна безбедност. Кога сме веќе тука кај трите дена и односите со јавноста и оној министерот му за пропаганда кој доби по уши токму од новинарите на режираната му прослава, поставувам едно јавно прашање: „Дали ѓон Црпко ќе побара одговорност од министерот за пропаганда затоа што три дена не одговорил на барањето на медиумите„?

Лично сметам дека нема да има одговорност. Три дена всушност Владата не работела и премиерот си бил на викенд па немало кој да реагира на барањата на медиумите. Но, еве каде е дилемата тука. Дали тоа значи дека следниот викенд кога ќе се празнуваат Св.Кирил и Св.Методиј и Духовден, Владата ќе биде пет дена на викенд и доколку се случи нешто ќе треба да се почека до првиот работен ден.

Мајтап па поголем здравје, доколку го исклучиме оној со името на државата, бидејќи тоа што се прави околу ступидните преговори (читај договори) со Грција за нашето, напоменувам нашето име е мајтап на столетието што скапо ќе не чини. Мореее, да не кобам јас. Со овие ништо не се знае каков се бисер нема да извадат, уште ќе станам и суеверен, па и ова со името да стане вистина.

Сега неколку зборови за сега веќе бившиот советник за внатрешна безбедност и оној кого ќе го советува. Ниту ех-советникот ниту пак ѓон Црпко знаат што е тоа безбедност, внатрешна безбедност, национална безбедност, меѓународна безбедност и други видови на безбедност. За да го знаат тоа треба да знаат и што се извори на загрозување на безбедност, како се прави проценка на заканите, како се врамува безбедноста и како се врши рано предупредување и превенција на краток, среден и долг период од истите тие закани. А, како и би знаеле кога и двајцата се закана по безбедноста на Р.Македонија и тоа закана од најтривијално, но во исто време и највисоко ниво. И двајцата се всушност лица кои се гонети или се гонат за сторени кривични дела кои се однесуваат на чисто криминално поведение, односно сторени кривични дела во областа на имотните деликти, а овој советникот малку и „напреднал“ па е суден и гонет и за некои потешки кривични дела.

Ете ја линијата на поврзаност, видлива чиста нескриена, едноставно криминална. Тоа е тоа друштво и сега може да заклучам дека ех-советникот за внатрешна безбедност ќе го советуваше премиерот за тоа како да се прикријат измами, корупција, рекет, насилство и други сторени кривични дела. Нема ништо од лепчето за децата има врска со криминал и секако со тоа што ѓон Црпко му ветил на советник Хоџа како противуслуга за некои не така далечно минати времиња. Нема ништо ниту од ресоцијализацијата затоа што Хоџа е познат клиент на полицијата и правосудните органи уште од времето на СФРЈ и веќе повеќе од 30 години не се ресоцијализирал. Уште на крајот ѓон Црпко ќе го обештетел ехг-советникот Хоџа за прекинатиот договор од наши пари, а нели овој стручњакот самиот си даде оставка.

Па нели не беше се до парите, море се им е до пари и лични лукративни интереси, само мајтапот со сите нас и лицето на државата што го грдат во меѓународната заедница ќе ни останат бакшиш. Сега да се потсетиме кој тоа зборуваше за „грдото лице“ на Македонија, а ѓон Црпко и неговиот картел со ѓон СДС-бандитска, грди-грди па што велат кумановчани: „Да болеше грдоќа-усвет ќе фатеше“. Но, не фаќа усвет ѓон Црпко, барем додека не не изнамајтапи со името, а тоа му е главниот проект од кој убеден сум тој лично ќе заработи и ќе оствари некоја негова покрупна лукративна цел за која партнерите му од странство ќе му прогледаат низ прсти, но нема да му заборават и да му припоменат повремено колку им должи за нивното прогледување.

Многу едноставно кажано, ѓон СДС со ѓон Црпко наголемо манипулираат со Македонскиот народ со сите граѓани на Македонија, манипулираат до вулгарност со потполно навредување на интелектот на секого од нас поединечно. За какви тоа еднакви можности зборува Заев, со каква бесрамност се служи со флоскули па уште и се прави наивен и „невин“? Мора да признаам дека со нетрпение и помалку сеирџиски иако со голем немир и огромна болка чекам да видам како ќе се обидат да не измајтапат и направат будали во врска со договорот со Грција и промената на името на Република Македонија, а со тоа и на нацијата и сите атрибути кои не карактеризираат како Македонска нација. Иако не е за мајтап работата, јас имам претстава како ќе ја тераат се со цел да некако се направат недоветни, невини, а сите нас да не замешаат во кашата и ние да бидеме виновни. Токму затоа и гледаат да избегнат лидерска средба за да не мора да објаснуваат и да си продолжат со мајтапот.

Толку од ѓон СДС и нивната политичка матрица на флоскули и празни зборови. Се надевам дека граѓаните доволно видоа за оваа година која помина со власта на ѓон СДС, дека доволно видоа за шарените лаги и празни зборови, за грабежот и непродуктивното трошење на буџетот, но најмногу за мајтапот со кој се подбиваат на сопствениот народ и држава.

На здравје мајтапот од оваа хунта која се претставува како Влада, народе Македонски и дигајте го гласот, бидејќи овој нивен мајтап нас на нос ќе ни излезе, а последиците ќе бидат и врз нас и врз нашите деца.

Доцент д-р Оливер Андонов