понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 128
home Колумни

МАГАРЕ НОСТРА мафија на путер погон

МАГАРЕ НОСТРА мафија на путер погон

Си бил еден Зоран. Кариера направил со ГЛОБАЛна измама во Струм’ца. И, си ќарил пустиот 8 милиони евра. Го фатиле со рацете во медот, па дури и го го притвориле, почнало судење, но заштитникот го црпнал од затвор. Се викал БЦ. Второ црпнување, по она од нивата. Прв чадор. Арно ама, не застанал тука црпнатиот. Му се бендисало да мами и криминал да тера. Па почнал и ОТРОВНИ КОРНИШОНИ да продава. Т’канди, го фатиле и му ги вратиле. Јаз’к…

Па се сетил (ЕУРЕКА) да лапа мито како градски татко. Е, тоа да ти бил полн погодок. Едно евро за црквата, едно за Вицето, а двете кај него во џеб. И правел милиони. Ама, го фатиле пак со рачињата лепливи, па дури и го снимиле како го бара ПОТКУПот од бизнисменот. И че си лежел, ама…

Арно ама, сега струмичкиот евро-поткуп-корнишон-глобал Бос затребал некому, за да име на држава смени. Па стокмиле Пржино, ја измислиле Катица Јанева и СЈО, па шарени дееволуции некој друг смислил, па шарале, лажеле, муљале, ко што си знаеле де. И бил уценувачки ПУЧ на власт ко увертира…

Па, фатен пак жив, почнал Зоче Буха муртински да пушта бомби. Да било нормална држава, ќе го затвореле веднаш, со се’„бомбите“. Без муабет. Ама, не била нормална…

И пак не победиле на избори, па од мака нивна би 27 АПРИЛ, кога вистинските терористи предводени од еден корисен идиот извршија ДРЖАВЕН УДАР со пеење албански химни и две раце дигнати, неуставен спикер, прекршен деловник… Ама, имале поддршка за смена на името, па со неа успејале да им го сместат на патриотите, кои филмски ги м’кнеле од  дома во ситни часови, пред жени и дечиња…

Се осилил, траснал на маса новокомпонираниот неуставен премиер и ги сместил Лошила Кацарска и Вилма Црновска во фотељи, па му простиле и ПОТКУП и се’ што си посакал.

Ама, кога рачето лепи, лепи и точка. Па се фатил со Луј Витон ташнулиња Бокиеви, на журки му идел, скакал со Катица насекаде и другарчиња митаџиски јаки се сториле. И би РЕКЕТ. Око муртинско незаситно и опинци железни не се шега. Не му било доста, па се врзале и со Мериот коалиција, па уценувале, се заканувале, местеле и – ОП! ИМЕ НА ДРЖАВА И УСТАВ СМЕНИЛЕ. Пак вон Устав, без почитување Референдум, народ. Без скрупули.

Во меѓувреме, фантомски фирми за вакцини пробувале да смуваат со Венко, со Рашко си купувале свои неуспешни програми, со Димова на магариња стотици илјади евра делеле, со Дончев сомуртинецот Фондови за здравство пељешеле, со Царовска дронови летале за милиони, па канабис озаконувале, со Обиџуко авто-школи средиле, со Боро Малборо шверцале цигари, со Курто тепале, со Павле бело шмркале, па со другарчињата на Елиот Николовски Нес со тутун продолжиле. Итн, итд. и др…

И по се’, а ова претходното е само микро делче  од сите криминали кои ги сториле и кои бараат формат на „Војна и мир“, сега треба да се чудиме што Зоче и неговиот Обиџуко ДЕЛЕЛЕ ПАСОШИ НА СВЕТСКИ МАФИЈАШИ, НАРКО БОСОВИ, УБИЈЦИ И НА  ЦЕЛИ КАРТЕЛИ?!?!?!?!

Па нормално, оваа северна мафија и не знае ништо друго. Знаете, би било чудно да не прават така. На страна што оваа муртинската мафија не е КОЗА НОСТРА (во превод „наша работа“). Ова е бедна, трагикомична и идиотска АНИО НОСТРА или МАГАРЕШКА РАБОТА. Помагарешка, здравје.

Верувам, дека она што народот го очекува од нашите магарешки мафијаши предводени од црпнатото магаре од нива, е да ги искористат сопствените лажни пасоши, кои гарант ги имаат, и да фатат усвета. За доброто на сите. На Македонија најмногу…

Ве тера да се запрашате. Дали откако сфатија дека во ЕУ никој жив не ги есапи, северната мафија го испрати Рашко, но не на одмор во МеХико, туку со задача со путерот да подмачка нешто друго? Да, дали емисарот магарешки договарал азил за еден црпнат најмагарешки лик во некој нарко картел во покраините и планини мексички?

Ќе слушаме ли уште за долго за Дон Зоче Заевалез Муртиналес Гонзалез Глобалес Поткупалез Рекетарез Пучарез Корнишовалес Родригез и Мартинез или градоначалниот Петре Алкохолес Таполегов ќе добие нова задача – да го урне  и цело Скопје, само и само да го затскрие срамот, скандалите и аферите на Заевци?

Во следната епизода на провладините медиумски загари, очекувајте наслови: Градскиот очув Шилегов ќе го руши Кале, па Камени мост, па Воинот на коњ, Музејот на ВМРО, Универзална (по втор пат), Градски стадион, па Порта Македонија (по трет пат), Водно, па Кејот на Вардар, нова и стара железничка заедно, ќе ја минира Партизанска, па и аквадуктот ако треба!

Се’ за црпнатиот му магарешки лидер Зоче. Да, ова тотално им прилега на едни североидни ликчиња водени од премисата – „боље за испаднеш будала, отколку од автобус на последна 24-ка…“

Коронавирус