вторник, 21. август 2018. Вести денес: 73
home Колумни

Маестрален потег на Христијан

Маестрален потег на Христијан

Честитам колега Мицкоски на маестрално изиграната партија против докажаните преваранти од ѓон СДС предавничка. Честитки за стаменоста и не подлегнувањето на притисоците и омаловажувањата за кои сум убеден дека сте ги имале, само и само да ве скршат и да ве внесат во нивното предавничко сценарио. Најголеми честитки за покажаната храброст и браво за изборот на подметнувањата на ѓон Црпко да му се спротивставите со уште една интелектуална големина крај вас, со колешката Каракамишева.

Драги мои сонародници Македонци, граѓани на Република Македонија, овој вовед во оваа колумна не е хвалоспев посветен на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски, ова е изблик на едно искрено чувство на гордост за стамениот, мудриот, ненасилен и интелегентен отпор на Македонскиот народ против предавничката хунта на ѓон СДС предавничка.

Може само да замислам како биле шокирани претставниците на владеачките партии кога на нивната лидерска средба се појавил Мицкоски со Каракамишева. Шокот продолжил и кога Каракамишева како член на Венецијанската комисија и докажан професор по право ги разоткрила сите измами и лаги кои узурпаторската власт ги прави злоупотребувајќи ги меѓународните институции, но врвот со сигурност било децидното укажување на сите уставно-правни и законски кршења кои ни ги приреди оваа хунта на власт и за кои по закон и устав еден ден ќе одговара. Верувам дека на ова следувало обраќање на Мицкоски за етиката и политички принципи договорени, а подоцна нереализирани активности кои во интерес на државата Македонија и нејзините граѓани ги имаа договорено власта и опозицијата, а за што единствен виновник е власта предводена од СДС.

Кажувањето на ставовите, кои Мицкоски ги изнесе и пред јавноста покажаа дека СДС по добар стар обичај манипулира не само со јавноста туку се обидува тоа да го прави и кон своите политички опоненти. Потегот на Мицкоски, одбивајќи да учествува во ненадарено режиран театар на власта и глумењето демократија и покажаната конзистентност на ставовите и истрајност во политичката борба го потврдуваат ВМРО-ДПМНЕ како единствена организирана политичка опција на Македонскиот народ и Република Македонија со автохтона политичка мисла, идеологија и цел, а самиот Мицкоски го профилира како единствен разумен и патриотски определен политички лидер во Македонија.

Споредбата помеѓу мешетарството на Заев, лагите и манипулациите на ѓон СДС предавничка, интересите на Ахмети и полтронизмот на коалиционите партнери на власта, со цврстиот став и конкретниот потег на Мицкоски е невозможна. Тие две опции се светлосни години далеку, како во однос на вистинските вредности, целите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, економскиот развој на државата и благосостојба на граѓаните, уште повеќе во однос на етичките и моралните принципи, каде што се е на страната на ВМРО-ДПМНЕ. Моралните принципи на однесување во политиката се вистински олицетворени во Мицкоски, колку и да се обидува Заев во неговите бледи и пред се кловновски настапи да го оцрни или омаловажи Мицкоски.

Впрочем како и во секој свој настап, колегата Мицкоски настапи отворено, дури и кон своите политички противници кои отворено работат на уривањето на Македонија настапи отворено, укажувајќи им дека оваа ујдурма со наместена лидерска средба претставува само уште еден обид за измама на македонската јавност и обид за вовлекување на ВМРО-ДПМНЕ во калта на предавството.

Оваа порака треба да стигне до сите нас, овој потег на Христијан треба да не разбуди сите нас и да ни покаже дека власта на ѓон СДС предавничка е подготвена да прави страотни и масовни манипулации, само и само да преживее некако и да го исполни онаа што го ветил Заев, а тоа е деструкција на Македонија. Овој потег на Христијан ни покажува дека само ВМРО-ДПМНЕ е цврстата политичка структура која се бори за опстанок на Република Македонија и Македонскиот народ.

Не станува збор за политичка победа на Мицкоски вечерва, станува збор за нешто многу поголемо, а тоа е покажувањето пред македонската јавност, пред сите нас, како функционираат Заев и СДС во вистинско светло, измамнички и недемократски. Но, и не само тоа, туку и дека се во паника и дека ниту нивните ментори не можат да го најдат вистинскиот одговор како да се изманипулира Македонскиот народ за самиот и доброволно со троа фалсификати да се укине.

Токму со овој маестрален потег вечерва, Христијан ни покажа дека треба да ја следиме политиката на ВМРО-ДПМНЕ и него во борбата за опстојување на Република Македонија.

Ти честитам колега Мицкоски за вечерашниов чекор и пораката која ја испрати до секого од нас.

 

Вонреден професор д-р Оливер Андонов