понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Колумни

Луѓе, забеган е!

Не знам, се сомневам. Не му чини ликот, погледот му е замислен, отсутен некако. Зборот многу поган. Затоа замолувам да му помогнеме. – Лично и персонално на Зоран Заев. Ние сме христијани. Мораме да се грижиме за секое наше заталкано чедо. Ајде да го испратиме на еден подолг одмор. На рехабилитација на духот. За подобрување на менталниот склоп. Хумана ми е идејата. Ве молам да ми верувате, како што дедото му вели на внучето во спотот. Само така има шанса еден ден да се врати со сознание што е етика, како се практикува морал и кои се доблестите што треба да го красат, а од кои пороци (грди и лоши карактерни црти) треба да бега.  И да не да ги практикува во политиката и воопшто во Животот.
Луѓе, забеган е!

Дуел на лидери: Христијан Мицковски против Зоран Заев.

Исправи се Македонијо! – Одбери Обнова! – Наспроти, Можеме – уште повеќе, уште подобро.

Мицковски зборува за принципи, промени, обнова и правда. Заев возвраќа со навреди. Со лични дискредитации се обидува да го омаловажи противникот. Задава ниски, валкани удари, ад хоминем. Напаѓа, сопруга, родители, цело семејство. Мицковски се обидува да го врати на нормален колосек, ама не успева. Заев од никој и ништо не предизвикан враќа “Болен за пари, за власт, за моќ“. Лидерот му вели ајде да зборуваме за изборните програми, за проектите што ги нудиме, ама тоа  Заев не го допира. Повторно обвинува дека Мицковски сакал пусти пари, моќ и власт. И се така, од почетокот на дуелот до самиот крај. И не заборава да додаде “Јас сум чесен политичар… за мене сите зборуваат… Заев дава на сите“. Јас, па јас. Его еднакво на супер его. Ама тоа е Заев. Таков е. Мицковски повторно зборуваше за политиките, мерките, проектите што Обновата ги нуди, ама на кого? На Заев? Не, тоа Заев нема никогаш да го чуе. Добро е што сите гледачи го слушнаа и видоа Мицковски, полн со самодоверба, отвореност искреност и чесност. Ќе можат да избираат. Разликата е драстична.

А на самиот крај видовме, лична политичка, морална и етичка катастрофа за Заев. Кога требаше да каже нешто за противникот, со најпогрдни зборови се нафрли врз него и истури рафали од лаги, манипулации, навреди, омаловажувања и дискредитации. Лидерот и Професор Мицковски, достоинствено, како што наликува на еден лидер, во манир на римски ретор возврати се најдобро за Заев, за неговото семејство и се понуди во секое време за соработка и помош. Тоа е добрина, човекољубие, доблест и мудрост. А Заев остана посрамотен, со својата судбина како лична трагедија. Но, и трагедија на демократскиот сдсмовски дух.. На лицето на Заев, ја видовме неговата расипана душа. Достоевски вели дека сета расипаност доаѓа од душата.

А требаше да биде демократски, фер и културен разговор, Дијалог со факти. Расправа со аргументи и изнесување на вистината. За македонската реалност, за тоа како живееме, за стандардот. Борба со идеи. Спротивставување со политики, проекти и мерки. Ништо не испадна од тоа. Ама, на дело ја видовме претераната говорливост од Заев, која прерасна во празна СДСМ-овска тафтологија. Видовме и добивме грда демагогија од Заев. Срам за социјалдемократијата на 21-от век. Тоа е  заевистичка егоистичка комуникација. Без морални вредности. Отсуство на етика. Дефинитивно тоа е вродена нечестивост.

Расипана душа, која прави очајнички напори да се ослободи од јаремот. Не успева. Се губи, потонува и самата се угнетува. Тоа беше  интимно мачење, лична агонија. Тотално помрачување на умот. Отсуство на домашно воспитување. Недостаток на култура. Грдо за гледање. Грозно за слушање. Како што е клипчето “Аууу, сине, па ти се бодеш!“. – Срамно. Бедно. Жално.

 

Сотир Костов

 

 

Коронавирус