петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Љубовта Заев-Касами: Она, кога спротивностите се привлекуваат…

Љубовта Заев-Касами: Она, кога спротивностите се привлекуваат…

Љубов на прв политички поглед или сепак, брак од антимакедонски интерес? Навистина, тука нема дилема. Лесен е описот на новата љубовна приказна меѓу Заев и Касами. Башка што знаеме и кој е Јулија во прикаската. Само што во нашата пародија од драма токму Јулија под џамот го молела Ромео за да сторат коалиција, т.е. „љубов“ де…

Ок, да не се лажеме, тука нема Љ од љубов, ова е класичен брак од гол, најгол интерес, но сепак, двајцата исполнуваат и докажуваат една толку раширена фраза и дефиниција за љубовта. Јес, Зоки и Билал се класичен доказ за нешто што толку пати сте го чуле. Монтеки и Капулети вода да им носат….

Да, она дека СПРОТИВНОСТИТЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ.

Од една страна го имате Зокија и неговата партија СДСССС, од друга Касами и неговата БЕСА. На прв, но и на втор, трет и 1005-ти поглед испаѓа дека единствена сличност е буквата С која ја има во имињата на партиите…

Првиот, Зоки „наш“, радикален и најантимакедонски лидер на најантинационалната партија во државата и во светот и Билал и неговата албанска, најрадикална и од тој албански аспект најнационална партија во Македонија.

Едниот така широко и зевзечки дава се’ што и’ припаѓа на неговата нација (иако, искрено, многумина не го ни сметаат за припадник на истата), а другиот го бара и она што не треба да го има неговата. Контраст, јак.

Јес, црпнатото чедо кое за бадијала продаде се’ што е македонско и тргуваше со националните светии за да дојде на власт, орно подготвен да го допродаде и она малу што остана за да остане таму, контра лидерот кој сака да добие се’ што не им ни следува на припадниците на неговиот народ во истата таа држава која некогаш се викаше Македонија.

Едниот дава се’ што не е ни негово, а другиот, пак, зема се што исто така не е негово.

Добро, да бидеме фер, има и многу други разлики меѓу двајцата.

Касами не затвора новинари и не прави идиотски регистри за подобни медиуми. Не ги контролира судиите и обвинителите и не ги ТРАСКА од земја истите. Ах, да, и не ги затвора политичките противници и патриотите.

Билал не лаже при секое отворање на устата, а Зокија го познавата дека лаже по самото тоа што му се мрдаат усните.

Касами никогаш не би потпишал лакрдија и капитулација како онаа нашата преспанската, не би сменил историја на својот народ и не би му донел двојазичност, понижувања со Бугарија, Грција и со кого и да е…

Всушност, кога сепак подобро ќе размислите, од друга страна тие се многу слични. И двајцата не ја милуваат многу македонштината, а вториот е барем искрен околу тоа.

Факт е дека ни Зоки ни Билал не работат во корист на Македонците. Првиот оти така мора за да си ја зачува слободичката и бизнисот му фамилијарен, другиот оти така си ја протежира сопствената нација и работи во нејзин интерес. Кај вториот е природно, така функционира светот. Оној првиот е несфатлив, но светото тројство на неговата атеистичка партија го објаснува нелогичното му дејствувањето. ВЛАСТ, ПАРИ и МОЌ, она несветото СДСССС тројство нели…

Е, токму затоа, чувствувајќи силно дека дел од разоШараните Македонци сфатија дека се работи за дилајла од невидени размери, Зоки сега ќе надополнува конто и ќе пополнува дупки со албански гласови, ширејќи магла со познатата Соросова глупост за едно општество за сите, па ќе носи нов живот, чуда и врагови. За сите, само не и за Македонците…

Арно ама, најголемиот проблем е што постои голема опасност токму Македонците повторно да не го казнат ова нелогично му дејствување и антинационалните му екскурзии. Добро, барем оние кои како и Зокија се декларираат како такви, а по ништо не можеш да ги приметиш дека припаѓаат кон оваа нација…

Оти, велат дека во СДСССС љубовта ја изразуваат со зборовите: „Те сакам, те сакам со целиот стомак. Ќе речев срце, ама мешето ми е поголемо!“

Велат и дека кандисот на Билала траел одамна. Зоки уште пред многу, многу време минал и го прашал: „Веруваш во љубов на прв поглед? Или ќе треба да поминам пак?“

И така, минувал, поминувал, заминувал, одминувал… Се додека некој не аминувал.

Да, натажен од неуспешната желба Зокиева,  за да му заврши работата се смилувал „докажаниот“ сводник или народски кажано шмеќарот Рикер.

И ги кандисал.

И би љубов коaлициска голема…

Коронавирус