петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 184
home Колумни

Културни фашисти V.S. безрбетни далтонисти

Културни фашисти V.S. безрбетни далтонисти

Србите својот културен клуб во Хрватска го крстиле Дража Михајловиќ. Германците својот во Франција го именувале Адолф Хитлер. Хрватите на културниот клуб во Белград му го дале името Анте Павелиќ. Бугарите својот во Битола го крстиле Иван Ванчо Михајлов…

Прво. Сето кажано е тоталка забегано, од една страна крајно безрбетно, потпушувачко и сервилно, а од друга мизантропско, идиотско, нехумано и фашизоидно. Арно ама, само едно е вистина. Она во Битола…

Второ. И да, има уште една голема разлика. Дури и кога на горенаведените би им паднала на памет таква лудорија и глупост, а нема, државите во кои планирале да го сторат би ги дигнале на клоци и би ги испратиле по ѓаволите и морските вештерки, за навек. Освен во една „држава“ раководена од манџуриски кандидати, направија која одамна, од 27. април 2017-та, не е ни држава. Да, во „нашата“ Македонија, која 5-та година по ред и не е така наша…

Трето. Па дури и да некој, каде и да е и во која и да е вукојебина на светот, забега како нашите корисни идиоти и послушни владејачи, што реално нема шанси нели, истиот тој би имал повеќе скрупули и не би го востоличил фашистот од „културниот“ клуб на ден Песах, историско-верски празник за Евреите кој го одбележува нивниот егзодус. Никој не би бил толку бездушен, забеган и нечовек на овој датум да слави еден крвник кој е дел од прикаската зошто Македонија е земја со „најдобро“ изведен егзодус на Евреите во Втората Светска Војна. Да, 98% од нив не се вратија дома, благодарение на бугарските „администратори“ и на Ванчо Михајлов кои ги испратија во концентрационите логори. Никаде, освен во насила северизираната Македонија можеби?

Четврто. Сте чуле ли за држава која велича личност и крштева културен клуб со името, ликот и неделото на фашистички злосторник кој од истата таа држава е осуден на СЕДУМ смртни казни и една на доживотен затвор? Бугарија??? Аха. Замисли, ова го нема ни во Заева Македонија…

Петто. Ова се случува во свет во кој ора и хара глупоста наречена „политичка коректност“, во која ако некого само погледнете на криво, не дај Боже пол или сексуална ориентација да му спомнете, осуден сте за век и веков, а кај нас некој негира цела нација, историја, револуционери, светци ви каља и краде, среде Битола националистички ви аздисува, толку садистички ви гази достоинство, чест и гордост и никому ништо? Да, таква е „новата“ Македонија на „С“…

Шесто. Да бевме нормална држава, а и ние исто така, веќе утредента нашите владејачи би си дале оставка под разбирливиот притисок на јавноста, протести, револт, револуции и дигање на клоци. Замисли, повторно само и само во Македонија не е така, оти таму кубурот, револтот, улицата и клоците се чуваат за „црни денови“…

Седмо. Дури и оној ултра-лузерот Каракачанов дојде да ни каже „Без Бугари, Македонија да гори“, а Бујар Османи не најде за сходно за кажаното среде градот на конзулите една дипломатска нотка да прати. А колегите му софиски за скршено џамче при љубавна туча драми правеа. Во истата таа Битола. Да, онаа во Македонија…

Осмо. Отсега, ако сакате да го налутите Пендаровски, саде спомнете му го Ванчо Михајлов, се вади до такт, докажано. Сменете му име на држава, Устав, извадете Преамбула, уценувајте пратеници, дајте двојазичност, затворајте насила патриоти, терајте политички судски процеси, ни малку на ова не трза пустиот, сето е тама, ама Ванчо му е единствена Ахилова пета и слаба точка. Да, преЦедникот на некогашна Македонија…

Деветто. Не дај Боже престолонаследникот Ковачевски да побара и во Бугарија да се отвори културен клуб на Македонците. Тоа е затоа што ние немаме фашисти за да го носат името на „клубот“ во Софија ли?! Да, тоа го може само Македонија.

Да скратиме…

Девет милијарди сто милиони шесто четириесет илјади сто и прво. Ако и на ова премолчиме, малку ни е. Тогаш, реално, не ја ни заслужуваме МАКЕДОНИЈА…

 

П.С. Десето (вистинско). Најискрена благодарност до Јотова и нејзиното демоде тапирано фризурче од 63-та, соодветен пандан на фризот на премиерот Петков ѓоамити излезен од „Брилијантин“, актери во оваа боливудска, антимакедонска источна траги-бурлеска во која единствена „светла“ точка во целата забегана прикаска е токму нејзината патетична „фризурска“ појава и макар слабата утеха дека ние со нашата „воинствена“ Славка и не сме биле најлакрдија на Балканов…

Коронавирус