понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Културна политичка парадигма v.s. некултурна СДСМ-овска матрица

Културна политичка парадигма v.s. некултурна СДСМ-овска матрица

 “Ние нема да сме вечни во политиката. Некогаш ќе изгубиме избори, ама нема да се овие“. И рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на Радмила Шеќеринска, политичкиот “фосил/рептил“ во СДСМ, откако таа претходно, ничем изазвана, некоректно го навредуваше. И се знае,  ја нокаутираше. Ама, не со обичен нокаут, туку со класичен нокаут. Испраќање на патос, или со политички речник кажано, избриша патос со “шеќерчето“, кое вечерва самото покажа и докажа дека е провлечен анахрон zoon politikon од времето на Бранко Црвенковски.

Да бидам искрен мислев дека кога се во прашање валканите еристички трикови на изнервираната и револтирана Шеќеринска, дефинитивно и крајно тие се замрзнати во Канал 77, со 90% моја заслуга и 10% заслуга на Столе. Ама не сум бил во право. Луѓе сме, грешки правиме. Очигледно работата не сум ја завршил целосно. Вечерва ја видов политичката дама на СДСМ како се препелка во студиото на ТВ24, и самата од себе прави и политичка карикатура и човечка креатура.

Откога ја нацртав во мојата книга “Лагите во политиката“ во 2006г., а таа пред некоја година, самата тоа го печатираше, и тоа со мур, во студиото на наведеното радио, мислев дека Шеќеринска ќе се опамети, ама и за тоа не сум бил во право. Тоа ти е, јас лош предвидувач, а Шеќеринска непоправлива архаична и анахрона политичарка од Бранковото политичко доба. Башка и заменик на претседател на партија, а сеуште безочно лаже, при што суши се во круг со периметар во недоглед.

За што всушност се работи? Уште пред 14 години сум констатирал дека таа е политичар кој со 16тиот еристички трик за расправија, многу често користи искази на своите политички противници, ги вади од контекст и зајадливо и дури злонамерно ги користи со цел да поентира во дебатите што ги води. Па не и личи на една дама, која во политиката е од времето кога носеше пелени, бре луѓе.

Некоректно се обидува и исказот и соговорникот да ги прикаже контрадикторни, при што исказите наводно се и невистинити, а нејзините политички противници се луѓе кои лажат. Тоа се случи и вечерва во дуелот на Шеќеринска и Николоски. Ја видовме Шеќеринска која без аргументи, на памет, на соговорникот му вели “лажеш“, а Николоски, кој културно забележува, дека неговата соговорничка не ја зборува вистината. И замислете, тоа се повтори неколку пати, и “дамата“ никако да се корегира, напротив, од непочит, преку некултура и безобразие, западна во примитивен политички сабџект – персона без кредибилитет, лице и образ, за кој сите нејзини противници (Груевски, Мицковски, Николоски…) лажат. А таа, сирота, политички невина, чиниш чесна сестра во политиката.

Тоа ти е Шеќеринска од времето кога “Мечката сакаше да биде свиња“(1998 -2008г.). Но, го видовме и Николоски од денешно време, кога води битка за македонската кауза и опстој на Македонија, значи битка за македонската иднина. Тој само се обидуваше да и покаже, и тоа на културен начин, дека, таа и Заев, со нивното инсистирање за брзи избори во време на корона пандемија и вонредна состојба, наликуваат на магарето и коњот (од политичката поучна басна), кои што стоеле пред кланицата во Болоња, та се збогувале елегантно, со зборовите “Ќе се видиме во болоњската салама!“. Тој тоа не го изговори, но ние аналитичарите на ова време-невреме, не можеме, а да не направиме една ваква асоцијација, за луѓе кои се безобзирни кон нашето здравје, и не им е гајле за нашите животи – мислат и се грижат само за власт и моќ. А Николоски, не сакајќи да наликува како својата соговорничка, нејзината вербална агресија упатена кон него, и ја врати во вид на бумеранг со кој го разголи сето нејзино политичко бесчестие.

Што да ви кажам, а да не ја претерам. Две различни парадигми, две спротивни матрици. Николоски со коректен политички речник и стил на вистински џентлмен ни покажа дека сме во предвечерието на новата политичка победа на обновеното ВМРО-ДПМНЕ. А Шеќеринска? Е, Шеќеринска, сакајќи, на вешт начин,  да поентира со Галилеовото да, ама не, ни покажа дека политичкото дрводелство е стил на цена во СДСМ. Сакајќи клинот правилно да го забие во противникот, погреши, го искриви, фати погрешен ритам со чеканот (знаете оној на Заев), и Так, так-так! – промаши. Се обиде повторно, со друг ритам – Так-так, так!, ама пак неуспешно. Тоа ти е. Политички дрводелци колку сакаш во раководството предводено од Заев и Шеќеринска.  Ама затоа, Николоски, смирен, концентриран, невозбуден, во правилен ритам – так, так, так!, го врати упатениот му клин, и покажа што значи политичка одважност, ама и коректност.

Сотир Костов

П.С.

Мислам дека не треба да објаснувам оти употребените изрази се метафори. Политичарите не се јавната сцена да ги “галиме“, туку се изложеми на анализи, дефинирање, критики….

Коронавирус