понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 239
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Колумни

Крај на владеењето на шутите и рогатите

Крај на владеењето на шутите и рогатите

Македонец, Албанец, Србин, Турчин, Бошњак, Влав и Ром аплицираат за работно место во државна администрација. Знате кој ја добил работата? Па оној со членска книшка на СДСССС. Оној што гласал за промена на името. Оној што гласал за сидрото Стево. Оној што нема проблем со двојазичноста…

Ова би бил најкраток опис на владеењето на шутите и рогатите, кои ги собра Заев во мисија за менување на името. Мењам име, јазик и нација за работа. Пошуто и порогато (со набиени рогови до балчак) не може. Да, не може подолу. Или, ЗЗ набргу ќе не демантира, гарант. Знаете со каква дилајла си имаме работа. Може, можеее…

Да не се лажеме, и порано не беше нешто многу поинаку, ама шутиве и рогативе не само што се вработуваа, туку и национално не осакатија. А тоа боли, многу. Она што шутракот им врховен би рекол: „Гоце Делчев е нашата историја, нашиот најголем јунак за борба против слободата…“

Еден од милион црни бисери на „лидерот“ им непрокопсан…

Оти, врховната дилајла, според чиј лик се и создадени ликовите на врхушката сјатена околу него, е урнекот за идеален СДСССССовец. Фотороботот за најкомуњара би бил – троа приучена демагошка дилајла набиена со голема доза евтин популизам, калемено со машина за ветување и лажење.

Врховната дилајла си кажа и што ќе им прави на коалиционерите, дека ќе им ја ебе мајката. Пред тоа истото му го спремаше на народот, претходно на името… Она, кога не те бива за нешто, па го прејудицираш во секоја можна прилика, познат комплекс, не мора да си Фројд, нели. Иако, што е право и е.а мајката на татковината, тоа е факт. А ете, правел ТРАС-ТРАС и со шарените дееволуционери. Не му е сефте да признае на црпнатото чедо дека си играл таквото со нив и дека играле за него ко мечки на пазар.

И сега, шу прајме пак со квази интелектуалните разоШарани чеда возљубени во фарбање институции и споменици? Пак ли ве излажале, па ќе кенкате и солзи ќе роните, а?

Алооо, Заев да ве излаже, таква дилајла некастрена и неписмена?

Јок, не се вадете дека сте излажани.

Глупави сте…

А, ако ви е мака од сознанието, јавете му се на Димитров, така капитулантот што милува стипендии терал кампања.

И исплачете му се, затоа што сте соучесници во разнебитувањето на Македонија.

Или почекајте го 15-ти, па наплачете си се заедно…

Парламентарни избори 2020