петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Колумни

Ковид-95 зачинет со многу Бемве чалам

Ковид-95 зачинет со многу Бемве чалам

Македонија надмина 10.000 заразени од Ковид-19. А, ви текнува кооолку прогнозираа блескавите корона-денсери Филипче и Заев?

Епа, 2.000, епа. Утнаа „само“ цели пет пати. Да, до сега. Бројката ќе оди нагоре, да не се лажеме, за жал, ќе биде многу повеќе „ПУТА“ промашената прогноза. Не Ковид-19 или Шилеговиот Ковид-18, сега имаме ендемски Ковид-95 (19 х 5). Корона шампиони сме, први во нешто. И оние отпорните ко кучиња нек престанат да лажат како се бројат мртви, туку, конечно, нека направат нешто за да ги нема. Не се сите отпорни ко кучиња, нели…

И што од тоа? Минавме 10 илјади, наближуваме кон 500 починати, и?  Како ги казнивме?

Епа, неспособњаковиќите победија на избори, епа. Некому мнооогу побитно му беше да го вработат, друг да го унапредат, трет да ќари тендерче, четвртиот за да му умре козата на комшијата, петиот бојкотираше, и шестиот и седмиот, и осмиот…

Така, минавме тешки месеци во кои неспособните дилајли де танцуваа со короната, де се фалеа на флаери дека ја победиле, де ни лупаа карантини, па џоамити екс Реис Уф Улема беа, де утињаа со олабавување мерки за да ги кандисаат граѓаните да излезат, па ни плескаа полициски часови, па исмислуваа нови нормалности, па цмиздреа, плачеа, кубеа и гризаа за избори среде корона. И?

И победија, барем акординг ту ДИК. Цели два пратеника, со падни-стани систем, со чудни резултати на дузина места, записници различни од забележаното во ДИК-от, изборни мистерии Мурдок да им подзавиди… И?

И „победниците“ чаламски заминаа на одмор, небаре 100:1 тепале. Ја изгнасија Преспа, а црпнатото чедо замириса во то Бемве маичката. Аздис, евтин, ама „победија“ и ја добија довербата на граѓаните (не на народот, тоа е забранет збор во СДССС, премногу мозочно немиен бил пустиот). Отииии, ДИК официјално пресуди во нивна корист, демек „стварно“ победиле. И?

И не ни отидоа да си ги земат пратеничките (платеничките) уверенија. Во рамки на веќе востановениот чалам, си го испратија портирот да ги земе. Ало, ќе бидат „народни избраници“ (тие се „граѓански“ де) и ќе земаат илјадници евра плата, од истите оние што ги гласале, а не ги наградија ни со едно бедно присусутво во ДИК. Вие умрете гласајќи не, а ние ќе се сончаме на плажа и ќе се „плашиме“ од Ковид-95.

Ама портирот?! Аман. Не дека ДУИ беа поарни со она детиштето непознато што го испратија.

Понижување, бескрајно, грда провокација, тонч за оние што ги гласаа. Ако. Пак да си ги гласате дилајлите, малку ви е, ќе рече народот. И ќе се запраша, по кој знае кој пат: Кој луд Македонец гласа за СДСССС?

Ало, па нив не ги навреди тоа што им го сменија исконското име на Македонија (привремено),  Уставот, преамбулата, што донесоа неаргументирана двојазичност, што ги пуштија дома убијците на децата од Смиљковско, што го обновија случајот на терорисите кои убија 8 бранители, што лажеа за Тамара, Нешковски и Младенов, што скришно договара промена на јазикот, нацијата и историјата со Бугарите, што бројчаникот на Тримуфална вклучи турбо откога се на власт (па го заборавија), што пола Заевисти се заглавени во рекет до гуша, а другата половина во поинакви криминални гомненици, што лидерот им ја е.а мајката, јазикот, народот, па и нив шутите и рогатите. Еден со жалење дури и соопшти дека тој не бил е.ан од Зокија.

И сега ќе се навредат што оние кои со остен ги тераа ко шарени добиточиња („стока“ е  регистрирано трејдмарк зборче на Стево) на избори среде корона, сега не дошле опрчени на плажа, под фејк изговор и во страв дека имало некаква си корона?  Јок…

Смешно ви е што децата веруваат во Дедо Мраз, Баба Рога и Недојдија?

Нека не ви биде.

Има и возрасни што му веруваат на Заев…

 

Коронавирус