среда, 15. јули 2020. Вести денес: 115
home Колумни

КОРОВ ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

КОРОВ ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Арамбашо, на коров политичарите во Македонија, изминативе 3 (три) години нé победивте бидејќи располагавте со груба сила, поткрепени од непринципиелна поддршка на политичари поединци од меѓународната заедница и разурнувачкото, антинародно, антицивилизациско, антидемократско противправно, простачко и идиотско дивеење на правосудството, но НЕ НÉ УВЕРИВТЕ.

Повторувам, победивте но никого не уверивте!

Затоа сега доаѓа противударот од оние кои не ги уверивте, титаните на македонскиот опстој. Тоа се јунаци кои не се фалат, не се удираат во гради, секогаш исправени и спремни да возвратат на секој оној што го негира нивното минато, ја оспорува сегашноста и ја загрозува иднината. Нивната љубов кон својот народ и татковина е неспоредливо поголема од твојата омраза, духот им е поголем од твојата злоба, вербата од твојот авантуризам, искреноста од твојата измама и простувањето од твојата сурова одмазда.

Противударот ќе биде безмилосен, ќе одговара на болката што ни ја зададовте правопропорционално со истата жестина на јакоста на болката. Секако исклучително на цивилизациски начин и во институционални рамки.

Болката што Господ ја нанесува на луѓето секогаш е со некаква цел. Ние, нашата болка полесно ја поднесуваме затоа што знаеме дека колку е поголема болката толку е посилна надежта предавството да биде казнето.

Вие, коров политичарите како и самиот коров располагате со несразмерна уништувачка сила наспроти вашата нула вредност, се појавувате од никаде и од никого непосеани, заземате простор кој не ви припаѓа, го потиснувате златното житородно класје што го храни духовно и телесно македонскиот народ и го заменувате со плодови црни и горки што им се допаѓаат само на најомразените грозни птици, чавки и гаврани. За среќа како и коровот, вие сте со краток здив и ќе бидете откорнати за да не правите штета.

Ако не веруваш дека ќе бидете победени, потсети се на најсодржајната и највпечатлива реченица (стих) од државната химна на Македонија: …Македонците се борат за своите правдини…

Гледаш, напишана е во сегашно, трајно никогаш несвршено време. Тоа е заради тебе, твојата дружина коров политичари од една страна, ама и заради нас, нашиот завет и нашата порака дека ќе се бориме сé додека во целост не се избориме за своите правдини. Оваа реченица, овој стих е веројатно и причината заради која што сакаш да ја промениш содржината на химната.

Оваа порака од македонските граѓани предводени од ВМРО ДПМНЕ има космички пропорции и димензии во одбрана на нашите права, не заради тоа што сме предодредени туку заради што сме на вистинската страна и сме поискрени и поистрајни од вас и со вистинска љубов кон својот народ и татковината.

Нема да се одмаздуваме како вие, но ќе ве предадеме на правдата таа да одлучишто ќе прави со вас. Како во секоја нормална, цивилизациска и демократска држава што од 12 април Македонија и ќе биде.

Апсолутно сум против било какво насилство искрено. И искрено жалам за тоа што ви се случи. Но, уште сум повеќекратно против од насилство да печалиш. Гледам постојано си ги истакнувате вашите белези, лузни (гребнатинки) со кои си спечаливте држава во свој посед, и сега се обидувате бесрамно да ја заверите во катастарот на сопственост. Сурово се одмаздивте, доделивте 211 години робија плус 4 години за потскубнување за коса на вашата сопартијка.

Сега, во себе се прашувам? Каква и колкава ќе треба да биде потребната пресуда како сатисфакција за духовните и телесните лузни што им ги нанесовте на вашите сограѓани?

Ако се суди со иста мера не знам дали 211 илјади години ќе се доволни.

Повторно, категорички насилството како чин никако не го оправдувам, ама глорификацијата на лузните исто така никако не ја прифаќам. Па, мојата генерација, плус/минус десет години, два пати неделно јадевме ќотек, посилен и поболен од нашите учители и наставници кои честопати не тепаа со нивните четвртасти метра.

Ги затворивте на правдина, пред Господ и пред народот, но вистинската правда наскоро ќе победи, тие ќе бидат ослободени, народот ќе ги чувствува како движечки светилишта, ќе им се восхитува, и ќе бидат непресушен извор на инспирација на многу генерации честити Македонци.

На македонските патриоти во затворот им робува телото, а духот им е на слобода, за вас слободата ќе биде затвор на вашиот дух затоа што ќе бидете презрени од сите и ќе трае се  додека сте живи.

Така е кога некаде ќе го изгубиш разумот и поимањето за држава, народ, татковина и свесно или несвесно правиш духовен геноцид врз својот народ што е вовед во духовно исчезнување (раселување и претопување).

Запамети едно, зошто очигледно имаш заборавено, дека поединец можеш ама цел народ никако не можеш да дресираш.

Господине Христијан Мицкоски:

“Големиот симбол е голема мета“

Предавниците не сакаат да успееш!

Предавниците не сакаат да успееш, твојот успех ќе биде успех на Македонија и македонскиот народ, а тие тоа не можат да го поднесат!

Од друга страна, твоите соработници, членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и сите честити македонски граѓани во тебе препознаваат симбол на закоравен заштитник на македонските интереси, човек кој ќе ја обнови Македонија и ќе донесе ренесанса на македонскиот дух, ќе создаде амбиент за еднаква стартна позиција на секој поединец, просперитет но и одговорност. Ќе успеете, мислите ви се чесни, погледот јасен, кристално бистар, чекорот цврст, љубовта и приврзаноста кон татковината и тесната поврзаност со народот ви блика од душата и срцето.

Затоа, не седнувај со коров политичари на иста маса. Ти си грамада наспроти нивниот предавнички, ситен и свилен политички дух.

На мојот мајчин јазик, охридски дијалект, на македонскиот јазик, кој патем кажано е забранет до 12 април, ќе ти кажам една мисла од Охриѓани:

“Предавник човек не бидвит, и да бидит не го личит.“

На крај, за вас дивјаците од македонското таканаречено правосудство ќе ви ја парафразирам Теоријата за релативитетот на Алберт Ајнштајн прилагодена кај вас дома во “палатите на правдата“:

Две години на поминати на Хаваи се како две недели.

Две недели поминати во затвор се како две години.

Размислете побргу со своите бавни мозоци дадени под кирија за ситни пари, опиени од слава што не ја заслужувате, освестете се и отрезнете се додека има време.

Секако ако имате …

Ламбе Арнаудов