четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 82
home Колумни

Корона на дилајлизмот

Корона на дилајлизмот

Брзаа на избори, пискаа, врискаа, паѓаа во несвест нелегитимните од „роѓење“, па гласно лелекаа и гњавеа со наводна си потреба од некаква си легитимна влада, па дека насушно на државата и требал функционален парламент, дека без институции не се можело, ама ич. Го тупеа, досадуваа и уште во јуни сакаа да се оди на толку „потребните“ избори, абе душа и срце Сдсссссовско даваа, за да сега кога со помош на изборен инженеринг демек победија, си отидоа на ОДМОР?!

Па нели бре дилајли низаедни, „легитимна“ влада со „фул“ ингеренции ко леб и требаше на државата? Нели без тоа не не’ биваше, демек ќе пропадневме, ќе отидевме по ѓаволите и морските вештерки ако нема парламент кој и онака ко и секогаш е само нем послушник на извршната власт? Вие нелегитимни од роѓење на 27 април 2017-та, сега демек се легитимиравте со двајца измкнати од фејк записниците, па као легитимни сега ќе аздисувате?

Знаевме дека сте политикантски дилајли, ама големи. Знаевме и дека сте блефери и фолиранти, немерливи. Зневме дека сте економски дудуци, ама скроз. Знаевме дека сте неспособни неработници, најголеми. Знаевме и дека сте антинационални суруши, докажано. Знаевме и дека досега ни еднаш фер не сте победиле на избори, најдокажано. Ама, ова ќе да е вашата круна на дилајлизмот, да КОРОНА НА ДИЛАЈЛИЗМОТ (круна=корона)…

Не сте ни почнале да владеете, ни почекавте ДИК да одлучи по приговори, оти си знаевте, нели, па самобендисано и чаламски штрумфнавте на избори? Ко што знаевте дека ќе „падне системот“. Само што овојпат не се зезнавте ко во 2016-та, па слевевте без да „победите“. Сега, некој пописмен ви ги стокми бројките, некој кому за промена, бар малку му одела математика. И такви сте имале, замисли…

И така, откако „тепавте“ за „цели“ два пратеника, а претходно лелекавте од Вашингтон до Брисел за избори и „легитимна“ влада, сега му ја шмугнавте на одмор?! Башка, одморче од цели две недели?! Абе ајде, блефери. Па нели секој ден, секој час беше битен?

Само една работа ме мачи, ако со ненормален, идиотски одмор го започнавте вашиот прв ден од „легитимноста“, што ќе биде понатаму? За што се ќе го искористите мандатот, ако вака почнавте, а?

Бевте нелегитимни „до коска“ и ги направивте сите овие антинационални ѓурултии минатите три години.

Епа, сега вака „легитимни“, сефте изборни „победници“ што треба да очекуваме од вас и вашите злодејанија? Да се поздравиме со јазикот, нацијата, химната, историјата ли?

Не обвинувам никого, веќе нема поента. Дали наскоро и воопшто, тотално ќе ја снема истата?

Едно е сигурно. Факт, неприкосновен.

Ако по утрото денот се познава, не очекува доооооолг и крајно антинационален ден…

Коронавирус