недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Кој со бомби доаѓа на власт, со бомби си оди

Кој со бомби доаѓа на власт, со бомби си оди

Видовме дека бомбите биле многу опасни, особено кога се сечени, лепени и монтирани. Но, гледаме дека и овие вистинските се уште поопасни и можат да предизвикаат поголема штета за поранешните бомбаши. Посебно за бомбашот Бошко Буха.

Ако направивме една ретроспектива, бомбата која беше пуштена против професорот Христијан Мицковски за разговорот со т.н. “Кичеец,” претпоставувам од членовите на “Фабрика”, институцијата за fake news на власта, најверојатно преку Ацко и Забрчанец, што би рекол нивниот шеф.

Тој разговор, како што рече и лидерот на опозицијата е доказ дека немало никаков криминал. Имено, тој разговара со него за расположението кај населението во Охрид пред предвремените локални избори. Другиот му ја кажува објективната слика дека таму ќе има втор круг. Во разговорот тој исто така вели дека не би било лошо да се видат, најверојатно за да дознае подетално какво е расположението пред тие предвремени избори. Дали се виделе или не, нема никаков доказ. Се додека од “Фабрика” не излезе нешто ново, мора да сметаме дека не се виделе. Каде е тука криминалот? Дека министерство за лаги, под контрола на власта и центарот за комуникации на владејачката партија, поранешна “Фабрика”, се во спрега, можеме да констатираме од прес-конференцијата на најсервилниот лик во македонската политика Костадин, кој со цел ум, направи прес конференција пред КПУ во Шутка. На таа прес-конференција, замислете, тој бара од професорот Мицковски да се јави во институцијата. Тоа е надвор од умот. Замислете, да дојденекој, без решение дека се утврдува мерка за обезбедување во таа институција. Се разбира дека нема да го пуштат ни на влезната врата, а камоли внатре во инстутуцијата. Значи младиот Костадин, дури и да му го сервирал тоа Гебелсовскиот тим, направи премногу гротекстен прес. Но да се подсетиме каква беше изјавата на Мицковски. Тој рече дека ако разговарал со “Кичеец” за случајот рекет, подготвен е да ги сноси сите последици што произлегуваат од тој разговор.Толку за тоа.

Да одиме на првите бомби, поради кои падна таканаречениот “режим”. Тие не сега ни петарди, туку издувани балони, заедно со корумпираното, криминално СЈО, кое служеше за вдомување на партиски кадри со високи примања. Скоро да нема ни една пресуда за нив. Впрочем и сите поведени постапки се сомнителни. Во постапката за мерцедесот,  Врховниот суд уште не се произнесува, Тадиќ во Србија купил исти таков, ама не го однел дома, како што рече Вучиќ. Еди Рама пак купил три, ама не се води постапка за тоа. “Шамарите од центар”, ниту ги видовме, ниту ги  слушнавме. Затоа тој предмет никако да заврши. Убиецот на Мартин Нешковски, кој доби максимална казна, иако бил на должност таа вечер, е пуштен од затвор од страна на актуелната власт и веројатно никогаш нема да се врати, а таа бомба беше некако со најразорно дејствие во тоа време. Единицата мерка за малата Тамара, сега не се ни споменува, бидејќи државните трошења без усул не можат да се измерат, само за бифтеци, морска храна и јаткасти плодови, власта ќе треба да воведе единица “Мега-Тамара.” Да не говориме за излажаните родители, кои останаа без своите деца во предметот ”Монструм” и сега не можат ни надомест на штета да бараат. Тоа ќе биде измама на векот, со монтирани процеси.

Во меѓувреме се појавија нови разговори или “бомби”, со закана да се претворат во “напалм-бомби” и да ја изгорат оваа ненародна и корумпирана власт, што ја понижи државата и ја доведе на работ на амбисот.

Слушавме и предходно “бомби”, со пцуење на вековното и свето име на нашата држава, со продавање на националните интереси, со коруптивна содржина во смисла “евро за евро”, но да ги анализираме четирите нови “бомби” кои не се направени преку телефон, туку во живо. Во првата бомба слушаме како Зоран Заев или како што сам се нарече “Бошко Буха”, го пцуе сопствениот народ, ако не гласа за него. Тоа е нешто најдегутантно што може да се случи, да го пцуеш оној што го молиш да ти ја даде власта. Го поткупуваш со пола вреќа компири, литар масло и со расипани слатки, а во реалноста го пцуеш. Тоа е уште поголемо понижување, одколку поткупот. Тоа е доказ колку е низок моралот и човечките вредности кај овој човек, што ги става двете раце на срцето кога се појавува во медиумите. Понатаму, вториот разговор или “бомба” во која тој признава дека на “Чаушот”, човек со криминално досие му биле дадени дел од материјалите т.н.”бомби,” со кои требало да се провери дали има криминал за Али Ахмети, кого подоцна го молеше да биде во власта со него. Се разбира,  тие беа заедно на власт три години, а сакал преку СЈО (целосно под негова контрола) да го гони кривично и да го затвори. Третиот разговор е можеби најпровокативен. Тука дознаваме дека “граѓанските организации” што всушност значи НВО – секторот, односно сите што се платени од Сорос, не што не биле независни туку, не биле ниту “шарени револуционери”, туку “негови луѓе”, односно под негова контрола. Под негова контрола бил и “студенскиот парламент,” односно “студенскиот форум.” Сега тие што спиеја на мермерни подови, се  гнасно понижени,  тие биле алатка во нечии раце, а не се бореле за своите права, како што најверојатно мислеле. И последниот разговор кој јасно укажува на вмешаноста на Зоран Заев во аферата “Рекет”, ако уште некој се сомнева во тоа. Тој вулгарно го пцуе Орце Камчев со зборовите “Мамето мамино ќе му го е…”. Тоа кај нас повеќе се смета како освета, што и се случи со предметот ”Империја”за тоа обичните граѓани одговараат, според КЗ.

Дали после ова има некој што ќе гласа со овој човек? Никој не е толку полн со “говор на омраза”, без оглед дали се работи за приватен разговор или јавен настап. Има ли некој политичар со такво ниско ниво на комуникација во Македонија? Летот беше висок, но по насилното освојување на власта, падот ќе биде многу тежок и болен.

Да не заборавиме дека свиркачот најавил голем број на вакви материјали, за кои предходните 4 бомби биле ситница.

 

Проф.др.Александар Даштевски

Коронавирус