среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Колумни

Кој и како известуваше од Мечкин Камен? (втор дел)

Кој и како известуваше од Мечкин Камен? (втор дел)

Ајде да видиме кој како известуваше за прославата за Илинден на Мечкин Камен .

‘’Независниот весник’’, кој лежи на грчки капитал, пренесува дека се случила најсрамна прослава за најголемиот празник на Мечкин Камен и дека шефот на државата потпалува востание против Владата. Сепак орото на невистина, новинарски спин и срамна лага го води ‘’Слободниот печат’’, финансиран од ‘’чистиот’’ и ‘’слободен’’ капитал на српски Курир, кој без срам и перде, пишува за скандал во Крушево, дека изолиран и со срамно поведение останал претседателот Ѓорге Иванов, дека Палмер и Бејли уште ќотек што не изеле на Мечкин Камен (редакција, плагијат од веста на ТВ Телма со ветер во грб од милиот и УСАИД). Дека Мечкин Камен треба да го минираме… Илинденскиот циклус из фајронт… Македонецот одбива да се симне од мртвиот коњ што го јава… си ја копа гробната дупка под каменот на мечката… каков Мечкин Камен, какви бакрачи… тие таму се лудаци и простаци… тоа е Рамна гора за македонските четници… Блајбург на македонските усташи… мала секта, илјада, пет, еве нека се и десет илјади души…. сето тоа е хорхистичко-вмронски идиотизам…. и за крај. Мрште бре у пизду материну, бандо! Државата треба да ве апси, и енде (‘’Ах, бре Македонче, симни се од Мечкин камен’’ Б. Тричковски). Браво! Ашколсун!

Демократија,  а ла Тричковски. Хуманизам и ренесанса. Слобода на мисла, говор, залагање, поттикнување и подбуцнување, мејд бај Герчо и неговото му независно гласило. Абе невидени иновации во новинарството поддржани директно, со гранд, и конкретно, со парички, од Владата на Зоран Заев, преку нај иновативните фондации, за супер – иновативни изуми, во случајот морбидни бљувотини на новинарско – колумнистичката баракуда Тричковски, како врвен иновативен и инвентивен правец во новинарството, досега непознат – уништи и убиј ги сите, задоволи ја жедта за крв, и уживај во нејзините потоци, давејќи се. Море, би рекол попрво вампиризам на простаци, глупаци и лудаци. Можеби врв на невкусот новинарски, дури може да се рече и новинарска дегутантност е известувањето на Билјана Секуловска за Радио Нова (парички од УСАИД и други странски слатки грантчиња): ‘’Срамот на Мечкин камен, на прославата на двата Илиндена, му припаѓа на претседателот Иванов, со неговиот хушкачки говор, потпалувачки говор кој охрабрува поделби, раздор, поттикнува говор на омраза, насилство. Говор на срам’’. И од Бибика да е, многу е! Не знаеш дали штотуку се дружела со Агим Јонуз, или пак престојувала во некоја хај комуна.

Ама сигурно е, не го слушала, не го читала говорот на Иванов. Во оваа низа од неосновано и срамно етикетирање не можам да го прескокнам мојот пријател Џабир Дерала (‘’Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права’’; Осуда на Цивил на сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест, 24.05.2016, Мета). Тој на прославата на Мечкин Камен видел националисти и фашисти и напад врз референдумот и фундаментите на Македонија (‘’Владата мора да го објасни овој хаос’’, Плус инфо). И, види сега, полицијата, обвинетелството и судството требале сите да не поапсат. Нема физички контакт, нема телесни повреди (лесни, тешки), нема жртви (скраја да е), нема тврди предмети, нема ладно оружје, нема вистинско оружје, нема молотови коктели, арно ама има вербални деликти (бај д веј, вие што сакате да бидете наши џелати, поима немате што значи тој поим). Џабир, друже, а јас и ти да се сретнеме на една јавна дебата во Цивил, па ти со твоите тврдења и аргументи за нацизам, фашизам, криминалци, и се во стилот на средновековната инквизиција, и лов на вештерки, а мојата маленкост со контра-аргументи. Што велиш? Ми должиш, сети се, ама и немој да се правиш на Тошо.  И шлагворт на се, изјавата на Зоран Заев:  ‘’Нападите на Мечкин Камен беа организирани…. луѓето што биле дел од инцидентот на Мечкин Камен биле и пред Собранието на 27 април’’.

Неточна констатација. Лага, сува и гола лага. Па нели луѓето од 27 април се по затвори, куќни притвори, и обвинети пред суд. Уште ли ги има? Колку се? Кои се? Зошто секогаш кога народот ќе ви сврти грб, го вадите тој џокер како алиби? Дај бе затворете не сите, за мирно да спиете. Ве чекаме. Ама знаете ли во колку куќи и станови треба да влезете? Во многу, илјадници. Туку, ајде да ви помогнам, нели наши сме си – Македонци. Размислувајте на еден поинаков, и со сигурност, поточен, најточен начин на резонирање и логика: Народот не ги поддржува вашите срамни, купи – продај, транге – франге, политики. Не дозволува да му ја обезличите Македонија и преку уставно право на јавен протест ви се спротивставува. Ете затоа ве исвиркува, исмејува и ви вели ‘’’Уаааа, предавници’’. Едноставно, не ве сака. Не ви дојде на вашата ‘’голема граѓанска прослава во 15 градови во Македонија’’. И да знаете, нема да  ви излезе и на референдумот.

И за крај: Ова е само почеток. Следното јавување ќе биде анализа на говорот на Претседателот Ѓорге Иванов, само колку да се знае вистината и да расчистиме дали Иванов го правел ова што го измислуваат овие политички Дон Жуани и медиумски Минхаузени, или пак го презентираше нај државничкиот говор за одбрана на името Македонија и идентитетот на Македонците, било кога обзнанен од некој политичар, поточно државник. А на Тричко, нема да му се закануваме, како тој нам со апсење. Ќе го превоспитаме со еден Антикатон – одговор на неговиот наопачки и погрешен Катон, но и ќе му покажеме дека не ги знае баш најдобро вистинските автори на латинските изреки. А за сите нив кои препознаа говор на омраза, фашизам, повик на раздор и не знам уште што не, само и само да ги замолчат, поапсат, дури и ликвидираат политичките противници и неистомисленици, преку една импресивна приказна за Октавијан, Антоние и Лапид, членовите на вториот Римски триумфират, најсликовито ќе им покажеме дека деликтот на мислење/деликтот на изречениот збор, всушност е најсуров државен тероризам.

Ако навистина биле нападнати Палмер и Бејли и за малку не изеле ќотек, зошто нема соопштение/протест од амбасадата на САД? Зошто молчи Белата Куќа? Каде е протестот од Стејт Департментот? Каде се Фоките и специјалните единици за спасување на Палмер и Бејли. Зошто молчат другите амбасади во Р. Македонија? Еееееј, ги нема дури и Уранија Пировска (‘’Ништо не е помоќно од силата на народот!’’, 19.04.2016) и Мирјана Најческа.

Море шлајшутки ни едни, кого лажите? Вие сте едно хорор-новинарство со морална расипаност, од кое јас и моите истомисленици, кои се во голем број, сме згрозени. Ве жалиме, и се молиме за вас и вашите души.