сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 59
home Колумни

КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ?

КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ?

Лекција бр.1 за Заев, Шилежето, Рада, и другите незналици

КОИ СМЕ НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ?

Според науката и објавените научни стојалишта на странски автори (Welz, Szulc, Orbini, Kostrzevsky, Arthur de Cobineau, Borza, Dolci), денешните Македонци потекнуваат од најстарите Пелазги чии што ограноци во праисторискиот период се простирале од Индија се до крајните граници на Западна Европа. Автохтониот древномакедонски народ кој имал свое писмо и зборувал ист јазик светската наука го идентификува како Пелазги, Анти, Венети, Древномакедонци, Феникијци, Траки, Илири, Словени, всушност, сите овие биле иста популација со различни имиња (сите припаѓале на големото Пелазгиско древно родово стебло).

Во античките извори стои дека Македонија е Венетско-Античко-Пелазгиска кованица со значење на Рамна Земја.

Според античкиот историчар Justin “Македонија претходно се викала Ематија (мајка) “по божицата Ма” која била позната по народот Пелазги”, а според историчарот Strabon “Во Ематија (Македонија) живееле Илири и Епирци, како и Пеоните (Древномакедонците). Исто така, живееле и Антите и Венетите, браќа по род на Пелазгите и на Пеоните (нарекувани Пелагони-нашата денешна Пелагонија). Етимологијата на името Ематија (Матија) во науката се толкува како алуминација на божицата на земјата Ма (Мајка), или името на првиот Македонски цар Македон, син на врховниот бог Зевс и на Тија, кој живеел во Македонија северно од Олимп, во Европија, чиј син Европ имал иста кралска власт.

И други антички историчари (Strabon, Pompej Trog, Markus Justinius) имаат потврдено дека Македонците во земјата Македонија се Древномакедонски-Пелазгиски народ, во историјата дефиниран како Протословенски (Прасловенски) народ.

Пелазгите го добиле името од народот Пеласти (Беласти) термин со исто значење и во современиот македонски литературен јазик.

Овие еднородни, еднојазични народи ги наоѓаме растурени на огромен простор и поделени на истородни народи кои со себе го носеле името на својата Татковина-Македонија. Македонското влијание егзистирало и кај средновековните хроничари кои забележале дека византискиот император себе си се нарекувал Василиј Македонијан.

Македонскиот народ уште од петтиот век п.н.е. егзистирал на истово македонско тло каде живееме денес, значи од неолитот до денес, чии археолошки наоди имаат древномакедонска содржина и карактер со артефакти на врежани зборови “Македон”, “род Македонски, “Македонец”.

“Печатот од Говрлево” артефакт од пред 8000 години пронајден во Скопско, говори за високото цивилизациско достигнување на Македонските зборови-С, л с БО, с, м или според денешниот јазик и писмо -“Сал со Бог сум”.

И не случајно Македонија е дури 28 пати спомната во Светото писмо- Библијата која е пишувана на древномакедонски јазик-коине, збор со исто значење во современиот македонски јазик-кој-не, кој бил првиот есперанто за комуникација на народите, во времето кога на трите континента, Европа, Азија и Африка, владееле Македонците.

Старозаветниот пророк Мојсеј, во 15 и 14 век п.н.е. има соопштено дека Македонците поседувале поморска флота кога вели (бродовите од страна на Китим), а зборот Китим на древномакедонски и современ македонски јазик е со исто значење, во преносна смисла, кога ќе речеме се кити со цвеќе, или китка од цвеќе, и буквално Македонија со своите природни убавини од Бога дадени, е како китка од цвеќе, а во близина на Скопје има и планина Китка чие име се среќава во Библијата (Genezis, 10.4). Заслужува да се спомене и дека Македонскиот цар Александар III Македонски доаѓа од земјата Китим.

Важно за посочување е и дека Египетскиот крал Psametih I (654-609 година п.н.е.) наредил да се направи истражување кој народ е најстар во светот.

Истражувањето докажало дека древномакедонците се најстариот народ во историјата на цивилизацијата.

Според Haarman, “Македонија е постојана населена територија во Европа од 6.620 година п.н.е и претставува јадро на најстарата светска цивилизација која со плејада македонски умови и со своите цивилизациски вредности, култура, писмо, јазик ја облагородува Европа”.

Македонија, благодарение на автентичниот еднороден народ во неолитот имала свое организирано автохтоно еднородно население, со длабоки корени во најдалечното минато и била место на многубројни еднородни кралства.

Хомер (9 век п.н.е.) ја споменува Ематија (Матија) име за Македонија, и вели: “Македонецот Tukidud не ги користел етниконите на други народи”, Македонецот Stefan од Бизант запишал: “Матија прво име на Македонија”, лингвистот Autenrieth кој го дал првиот речник на Хомеровите зборови вели: “Ематија е античкото име на Македонија”, додека Tit Livius вели: “пред појавата на името Матија територијата на Македонија била нарекувана Пеонија”.

Легендарниот древномакедонец Хомер заслужува посебно внимание, бидејќи своето епохално дело “Илијада” го напишал на Пелазгиско-Античко-Венетско-Древномакедонски јазик каде дава драгоцени податоци за древномакедонската популација која оставила свои неизбришани вредности во развојот на првата прочуена Егејска култура во Европа и во светот. Ова покажува дека древномакедонците ги имаат поставено темелите на светската цивилизација.

Современата македонска наука за етимолошкото толкување на “епосот Хомеров “Илијада” зборува за терминот Илијада со изворно значење од коренот “Илиј” со значење на “Сонце” и придавката “ада” со значење на земја или заедно Сончевата земја. Токму поради ова Сонцето е македонскиот древен симбол на етногенородот и потврда за Македонскиот идентитет. Артефактот со 8-кракото сонце старо 4000 години е најден на карпа во Кратовската област во Македонија.

Во Македонија денес постои лингвистички и друг доказен материјал стар најмалку 25.000 години кој претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, што го содржи кодот за дешифрирање на минатото.

Откриените наоди на македонско тло од времето на неолитот зборуваат за Македонска форма на државно уредување наречена зетување (најстар светски облик на државно уредување), најдени се фонетски и знаковни натписи “македонско автохтоно население со длабоко регистрирани корени во најдалечното минато, артефактот од тлото на Македонија, село Осечани од периодот меѓу 7. и 6. век п.н.е. каде стои: “Еа зет е Трак” или на современ македонски јазик “Овој зет е Тракиец” што укажува дека Пелазгите, Антите, Венетите, Древномакедонците, Бригите, Мизите, Пајонците, Пелагонците, Илирите, Траките, Дарданите, Трибалите, Сарматите…и уште други биле нарекувани со заедничко име Македонци.

Државата Македонија е посведочена на артефакт од македонскиот археолошки локалитет село Градешница, период од 5.862. година п.н.е.

Рускиот научник Дитјакин и рускиот академик Гриневич велат дека “Словените на Балканот не дошле од зад Карпатите и “карпатската теорија” е неоснована”, продолжувајќи натаму дека “претците на современите Словени биле Пелазги”.

Генерации Македонски цареви ја промовирале доктрината да се стави крај на ропството, пљачкосувањето, и убивањето во светски размери.