петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 103
home Колумни

Кога кодошиш кодош

Кога кодошиш кодош

Димитров откри некои работи, саглам демистификација на северџанската матрица и организациска поставеност. Не, не она дека Заевите пиончиња планираат ново национално предавство со Бугарија. Тоа сите го знаеме и очекуваме, би било чудно да е поинаку.  Друго нешто појасни Нино од Димитрови, а уште подобро го долови лавината реакции/повраќаници од довчерашните му другарчиња. Она, за да уште подобро сфатите со какви дилајли си имаме работа. Не дека и тоа не е јасно, ама повторувањето е мајка на знаењето. А кај нас, да ти вриело од шарени „повтарачи“…

Освен што добивме јасна потврда на старата вистина дека стаорците први го напуштаат бродот кој тоне, довчерашното владино фраерче со милионски стипендии за ќерката откри и какви кодоши се фацките со кои водеа оро и влада. А, по она што го срочи, кодошените рипнаа ко хиени и стрвинари во одбрана на своите злодејанија. Од кого доаѓа, начинот на кој скокаа, рипаа, кубеа, клоцаа, касаа и плукаа само ни кажа дека нешто грдо и дефинитивно антимакедонско се подготвува во бугарскиот казан. Инаку, не би се копрцале волку пустите довчерашни министри и шарени соборци.

Арно ама, реакцијата на довчерашните членови на истата банда, упатени кон бандитот кој ги искодоши што планираат, кажа и нешто друго. Нешто околу умствената состојба на „бранителите“ на Заевата кауза. Власт, моќ, пари, маниплации и лаги. Петте „Заев наш“ на заевистанските северџани…

Најсмешен и најпатетичен, сепак, беше Филипчо, кој во одбрана на злосторничкото здружение му врати со кодолшлукот дека Димитров имал многу неоправдани изостаноци од владините ковид заседанија. Венковото звучеше нешто вака: „Ти не доаѓаше на состаноците владини за ковид, та-на-на-на-на, не доаѓаше, апаш си апаш, имаше непримерно поведение, тра-ла-ла-ла-ла!“

И додека анонимниот пион Ковачевски го кажа она што, гарант, Заев му го рекол да го каже, а тоа е дека Маричиќ подобро ќе ја вршел задачата на Димитров (не кажа дали ќе качи уште 30-40кг притоа), на помош силно ускокнаа и новинарските северџански перјаници, оние човечињата на „дугме“, ликови кои силно го каљаа довчерашниот им содругар и чест гостин во интервјуата. Па џентлмен се раѓал, па како тоа Нино се дозакопал, што ли не кажаа за оној кому до вчера му се улизуваа, упикуваа и скокаа околу него ко мали дечиња. Кој знае, што за ова ќе рече нивната колешка и содругарка која е во врска со каљаниот од нив?

Плукаше и владата, се истопори и Заевата ергела скапо платени „аналитичари“, сите со иста песна, ко навиени сеејќи омаловажувачки повраќаници по ликот и неделото на човечето кое до вчера го обожуваа и чии нозе бацуваа. А, да, и Тричко се разочарал, страшно…

И Заев се јави, навистина се јави пустиот. По недела дена молк, мораше да излезе од илегала и да соопшти дека Нино шпекулирал, ама за разлика од останатите разјарени пци, Зоче беше можеби и најумерен. Веројатно, се плаши Димитров да не го извади сиот валкан веш и глупоштии што ги правеле заедно.

Во целата оваа папазјанија, едно е јасно. Од потписник на капитулацијата во Нивици, Македонец не бива, колку и да ги кодоши северџанските другарчиња и пајташи, бадијала е. Доцна е. По свадба тапани, не бива. Нафтата одамна е испиена…

Туку, само замислете кога набргу ќе трасне од власт целата оваа влада, што се нема да се изнаслушаме од кодошчињата, кои ќе се направат бербат меѓу себе со удари „под пазуви“, оти само така и знаат . Ќе летаат пердуви на сите страни, ќе биде мнооогу „весело“, кој знае што се’ ќе си изнакажат алапачите. Очебијно, вака крајот мириса.

Подгответе се за сеир, фатете позиција и набавете си многу пуканки додека не ги поскапеле. Едно е сигурно, ќе биде цепки, за сите пари…

ÕðïãñáöÞ ôçò óõìöùíßáò ãéá ôçí ïíïìáóßá ôçò ðÃÄÌ áðü ôïõò Õðïõñãïýò Åîùôåñéêþí ôçò ÅëëÜäáò êáé ôçò ðÃÄÌ, Íßêï ÊïôæéÜ êáé ÍéêïëÜ Íôéìéôñüö êáé ôïí Åéäéêü ÄéáìåóïëáâçôÞ ôïõ ÏÇÅ, ÌÜèéïõ Íßìéôò, ôçí ÊõñéáêÞ 17 Éïõíßïõ 2018.<br />(EUROKINISSI/ÃÉÙÑÃÏÓ ÊÏÍÔÁÑÉÍÇÓ)

Коронавирус