четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 151
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Колумни

Ќе се одбетонира ли јазикот?

Ќе се одбетонира ли јазикот?

Кога на почетокот на осумдесеттата година ја гледав представата “Диво месо” се наежив од цитатот “Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас”. Си помислив каква фантазија имал авторот, ова е нешто нерално. Македонија се уште беше во составот на СФРЈ и никој не можеше да замисли дека ќе дојдеме до оваа состојба, што ни се случува денес. Сега гледаме дека можело и полошо од тоа. Гредаме дека се прави една хибридна творба, која сеуште не ги содржи елементите на држава.

Вакво предавство не се случило во историјата на државата. Ова предавство е модерно, не се случува во планина, нема конфликт, но ние изгубивме се. За модерните предавници, “Коте од Руља” бил мало дете. Неговиот денешен пандан министерот за надворешни работи, со потпишување на Преспанскиот договор, избриша една нација, која се борела со векови за својот идентитет. Ја избриша нејзината историја, култура и образование. Во “Non Paper” документот кој го разменил со неговиот пријател Никос Коѕијас, се согласил да се избрише македонската нација, а придавката “македонско” да се однесува само на државјанството, кое ќе биде за секој граѓанин на државата. Не постои ни една држава во светот, во која нема доминантна нација. Самиот термин “Nation-State”, укажува дека нацијата не може да постои без држава, и обратно. Ова е прв случај во историјата на меѓународната политика, една држава да остане без нација. Затоа менторот на министерот, Зоран Заев кој се колнеше во се што му е најмило дека никогаш нема да го смени името, ќе биде на потполно исто рамниште како него.

Денес се кријат зад нивните поранешни поддржувачи, кои во најголем дел се маргинализирани од политиката, а и тие што останаа, брзо ќе ги снема. Поради каква таква поддршка која сеуште ја има Димитров, пред се кај глобалистите во меѓународната заедница, тој може да се однесува надмено и да го омаловажува сопствениот народ. Но наскоро, нема да може да се појави на македонската територија. Ќе влезе во историјата како човек што дојде од странство, и поради соработка со политичари оттаму, понижи, девалвира и уништи една нација, ја направи хибридна творба. Ќе чувствува грижа на совеста цел живот, како Ракољников во “Злосторство и казна”. Но тоа нема да биде најлошо, тој ќе влезе во сите текстови засекогаш, како човек кој го направил најголемото национално понижување во историјата, ги предал националните интереси, го сменил името и сите други атрибути на нацијата и од неа направил вештачка творба, заедно со неговиот ментор Зоран Заев. Во тоа друштво ќе биде и Радмила Шеќеринска, која уште не може да ги смири емоциите за влез во НАТО. Никако да сфатат дека во НАТО влеговме затоа што тие го сакаа тоа, а не поради домашната политика. Доказ за тоа е што сите видовме како во грчкиот парламент, пратениците како ”попчиња” дигнаа рака и го ратификуваа Преспанскиот договор, под притисок на меѓународната заедница. Иако иницијаторот на прашањето Алексис Ципрас, убедливо изгуби на изборите во Грција, ако нешто зависи од две или повеќе страни, не може да биде успех само на едната страна.

Иако, кај нас на референдумот и покрај притисоците сите гласаа против промена на името, а почетокот на прашањето беше “Дали сте за влез во ЕУ”. Е сега испадна дека датумот за преговори, воопшто не бил дел од разговорите за промена на името. Сега и Киријакос Мицотакис најавува дека ќе ги преиспита позициите на Грција за отворање на преговорите и тоа глава по глава, а повикувајќи се на Преспанскиот договор, Бугарија нема да дозволи почеток на преговорите, ако не признаеме дека не постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија. Не е јасно зошто би барале да се признае дека не постои нешто, што според нив ”не постои”. Но, зошто не би барале кога тоа исто го направивме со нашите сонародници во Грција, па дури го сменивме и Уставот во таа смисла. Сега Димитров може да ги замајува граѓаните дека изјавата на Бугарија била унилатерална, како што за повеќе прашања од Преспанскиот договор велеше дека се унилатерален став на Грција, но сето тоа е со краток рок. Сите знаеме како функционира ЕУ, и дека тоа што го зборува не е така. Се што прави Димитров е за привремена домашна употреба. Не слушнавме дека за сите досегашни дипломатски скандали упатил “протестна нота” до некој од нашите соседи. Тие можат се, а ние не можеме ништо. Така не се води надворешна политика, се губат позициите, ако воопшто ги имаме и затоа сите со леснотија бараат недозволиви работи од нас.

Во конкретниот случај и некои други земји покрај опозицијата, како на пример Австрија го објавија документот во кој се бара Македонија да се откаже од јазикот, малцинството и голем дел на националната историја, поради датум за почеток на преговорите. Најинтересно е што сите молчат за ова прашање. Што ќе ни е се друго ако се откажеме и од јазикот. Тогаш на прес конференциите во владата, нема да може да се каже ни македонски јазик, туку службениот јазик во нашата држава.

Кај се сега експертите, да објаснат кои се основните атрибути на државата? Тоа се територија, народ и јазик. Ние не смееме да спомнеме кој јазик се зборува и која националност сме. Па што ќе ни е се друго, ако го немаме тоа што сите држави го имаат. Ова е повеќе од вовед во дезинтеграција. А наводно се беше “забетонирано”.

Ајде од МАНУ сите дигнавме раце, но каде се нашите сограѓани, на кои толку им беше важен јазикот, жестоко да станат во одбрана на своите сонародници. Сега го немаме тој притисок од меѓународната заедница, кој го имавме пред потпишување на Преспанскиот договор. Каде се другите институции, Институтот за македонски јазик, Филолошкиот факултет и катедрата за македонски јазик, која го носи името “Блаже Коневски”, кој бил кодификатор на современиот македонски јазик, да го објаснат значењето и важноста на јазикот. Конечно, каде е дијаспората која беше поенергична за другите идентитетски прашања.

Или повторно ќе ги наведнеме главите и ќе се предадеме без борба?

Колумна на проф. др. Александар Даштевски

Коронавирус