петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Казиноленд

Казиноленд

Верувале или не, но СДСССС да ти имале визија за Македонија. Башка, не треба многу за да сфатите каква. Причината е проста. И самите безидејковци многу, многу и не се мачеле за да му ја смислат. Отиии, како и секогаш, го избрале најлесниот пат, затоа што кривинашите оксиморонски одат по линијата на „правиот пат“, нели. Потврдено и засведочено. Без отпор. Како и за се‘ во животот и кариерата им.

Вистината, сепак, е дека во животот е подобро да одиш споро по вистинскиот (правиот), отколку да леташ по кривиот (грешниот) пат. А нашиве суруши водени од лидерот кој мисли дека на човек не можеш да му земеш, а не да му дадеш насила, ги измешале и патиштата. И онака сакаат на ЗАПАД да стигнат преку СЕВЕР. Ориентација, ска. Генетика удбашка, секогаш некој им го покажувал патот и правецот…

Не треба да сте Ајнштајн за да сфатите дека визијата на СДССС е слична ко онаа на Бенџамин Багзи Сигел. Јап, ова мафијашиве наши очебијно сакаат Македонија да ја направат Лас Вегас. Почнаа со плантажите со „медицинската“ марихуана, кај и да е ќе ја легализиираат уличната, следна ќе да е легализација на проституцијата, а казината? Е, нив веќе ги имаат, т.е. ги имаме по пет-шест на квадратен километар. Тој ласвегасовски услов веќе е скроен и стокмен.

Всушност, по тоа и ќе се сеќавате на Заевото владеење – оној што го смени името, ја донесе двојазичноста и ги рашири коцкарниците и марихуаната. Блеска црпнатото чедо, абе очи болат од суперновата антимакедонска…

И затоа, нека не ве чуди фактот што Државната лотарија, која некогаш си беше Лотарија на Македонија, со сменето име лупна неверојатни 14 милиони евра за машини за коцкање. Прво 7,5 па после 6,5 треснале. Ама нивни биле парите. Абе ајдееее? Ах, да, и Шилегов плесна 285 илјади евра за Нова Година. Оправдано тогаш и за Лотарија…

Небаре, малку ни беа овие постојни безброј казина и обложувалници, нелогично стокмени на секои десетина метри по градовите, па сега и „државната“ ни лотарија ќе ни струполи уште илјадници слот-машини и ќе отвори десетици нови комарџилници. Фер, мислат луѓето бре. Да не снема случајно, неуслужен коцкар не дај Боже да не остане во државата северотопијска.

Башка, паралелата со ликот и неделото на формирачите на новиот Лас Вегас и новиот Казиноленд е повеќе од индикативна. Вистинскиот, нов и коцкарски Лас Вегас го создаде мафијашот Багзи Сигел, а новокомпонираниот Казиноленд (земјата која ние ја нарекуваме и засекогаш ќе ја нарекуваме Македонија) три пати аболираниот Зоран Заев. И овде имаме сличност, и Багзи ,како еден од најпознатите американски мафијаши, платени убијци и криминалци, во животот платил само казна од 100 долари за коцкање. И Зоки наш гарант ко младичок казна за погрешно паркирање некогаш платил. А можеби и не. Ок, како и да е, секоја сличност на овдешни ликови со личности од Лас Вегас е неслучајна, нели…

На страна што имавме премиер-коцкар кој јавно кажуваше дека оди „ALL IN“ со името?! И отиде со влогот наречен Македонија, ја загуби притоа, а тој си доби Сееверна? За „малку“ и Нобелова, демек. И така, добитничкиот губитник не донесе сите на ова дереџе. Оти, пустиот милува да се коцка, а оние околу него според неговиот лик создадени само ликуваат, одобруваат и л‘цкаат на секоја негова глупоштина антидржавна.

А Казиноленд, тој полека, но сигурно станува реалност македонска.

Ви текнува на минатите три години – никнуваа казина и обложувалници, никнуваа плантажи за марихуана, наголемо се палеа автомобили, убиства и мафијашки пресметки секој втор ден имавме, а мафијашите на власт се понашаа како дедо им да им ја оставил Македонија што сакаат со неа да си прават. Башка, недопирливи за народен глас и волја беа, се „понашаа“ ко деспоти и спахии. Јес, и по местенки (читај 27 април, тендери и фондови за иновации) исти беа како Капоне, Багзи, Лучано и компанија…

И така не носеа кон целта им замислена – Казиноленд. На страна што Лас Вегас е познат како град на гревот, а во Македонија наша минативе три години толку многу грев национален и човечки се стори што не би ни пречел синонимот Држава на гревот… Да, предводена од Владата на гревот. Добро ни стојат и прилегаат, а некогаш и дефинитивно си ги заслужувавме.

Јап, мислеле пустите стартези комуњарски, се скршиле – Ајде, па нека се коцка народ бре, што му е работа. Нека не мисли на име, држава, семејство, деца, историја.

Па тоа се глупости за власта, ги заболе „ЗА“-евци за демографија, дедовина и татковина. Битно е тие и само тие да владеат, да трупаат пари, а народ нек се занимава со идиотштини. Коцкајте се до „миле воље“, удрете бре на весеље. Старата прикаска за Колосеумот, гладијаторите и рајата римска…

А луѓето, по природа, имаат коцкарски проблем само кога губат. Ама некои треба и да го сфатат што загубиле, да почнат малку и да џвакаат, а не само зинати да голтаат. Уште поголемиот проблем е што оваа зеленашка влада никогаш не губи. Ко каса или куќа во казино се, секогаш добиваат. Чудо, нели, што „среќа“ ќе имаа? Или некоја ридска амајлија, поверојатно. А народот, тој загуби многу, оти биљмезите со негови национални светии играа.

Епааа, драги мои, време е да им се смени „среќата“, аман со намештаљкиве.

Ајде, покажете им ја на коцкарите антинационални вистината дека коцкањето е најсигурен начин од нешто да добиеш ништо. Оти, понекогаш и коњите се поумни од луѓето. Да, никогаш не сте чуле за коњ што банкротирал кладејќи се на луѓе. А во кладбата, пак, факт е дека секогаш се инволвирани еден будала и еден крадец.

Доста изигрававме будали. Коцката е фрлена…