вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 77
home Колумни

Кажав ли дека се ѓонови, манипулатори и …

Кажав ли дека се ѓонови, манипулатори и …

Нека ни е честит и вековит ИЛИНДЕН, да ни е вечна татковината Република Македонија и името Македонско!

Драги браќа и сестри, Ви кажав ли дека ѓон СДС предавничка се ѓонови? Кажав ли дека се манипулатори и мразачи, злобници и неинвентивни? Веќе три години како пишувам и јавно говорам за психолошките и менталните карактеристики (недостатоци) на ѓон СДС предавничка и оваа узурпаторска влада заедно со нивните медиумски манипулатори. Секој човек би чувствувал сатисфакција за тоа дека уште пред години предупредил на однесувањето и карактерот на менталниот склоп и однесувањето на лицата од ѓон СДС предавничка, но денес јас не чувствувам сатисфакција, ниту ликувам за тоа што се докажа тоа што го говорев. Напротив, јас сум натажен од безумноста на овие ликови под маска, на нивната магарешка упорност да не турнат в амбис.

Денес, на овој свет ден Илинден, на Мечкин камен се случи тоа што беше неминовно. Народот од никого не поттикнат и неорганизиран со свирежи и клетви ги дочека претставниците од узурпаторската влада на ѓон СДС предавничка. Но, уште пострашно за нив беше испраќањето им. Не само со свирежи, пцости и клетви, туку и со плуканици, прскање со вода и понекое фрлено пластично шише, Македонецот им кажа што мисли за нив.

Доколку судиме по нивните мерила и „демократските“ принципи, тогаш сигурно дека ова нешто било недемократски, но може ли некој да го спречи народниот гнев. Тие пак, (ѓон Анѓушев, ѓон Сугарески, ѓон Филипче и ѓон Манчевски) без срам и перде дојдоа и во текот на целата прослава го провоцираа насобраниот народ. Навистина пасивно, но дрско и безобразно. Не станаа да го пречекаат претседателот на Р.Македонија, не станаа да го поздрават, не станаа ниту на неговиот говор. Сѐ проследија седејќи и цинично потсмевнувајќи се, ругајќи се на народот в лице. Цинизам, безобразлук и надуваност на нивните суети во безмерие, арогантност на сите страни. А, кога на заминување се соочија со народниот гнев, тогаш набрзина со наведнати глави и два реда полициско обезбедување со чадори побегнаа. И тука не заврши нивниот безобразлук. За да се самооправдаат веднаш преку нивните спин мајстори (ѓон Ѓеро) смислија измама, подметнување, обвинување, манипулација. Тоа подметнување и обвинување го насочија против сопствениот народ и држава. Веднаш обвинија дека свирежите и навредите биле упатени кон дипломатскиот кор, особено кон Бејли и Палмер или читај кон САД, а организирани од „некого“-протоколот. Дека јадните тие се жртви, дека е избергнат инцидент, а тие самите провокативно посакуваа да има инцидент. Злобно и неинвентивно веднаш започнаа да манипулираат дека реакцијата на народот насочена кон нивното предавничко его е всушност анти НАТО и ЕУ реакција, безочно лажејќи и измислувајќи невистини, а и самиот претседател Иванов јасно кажа дека не сме против нашето членство во НАТО и ЕУ.

Ете ја нивната карактеристика на манипулатори и мразачи на сопствената држава и народ. Никој не свиреше и фрлаше клетви кон САД, туку кон ѓон СДС предавничка. Никој не ги навреди претставниците на дипломатскиот кор ниту амбасадорот Бејли и високиот гостин од САД Палмер. Се беше насочено кон покажување на оправдан револт кон политиката на ѓон СДС предавничка. Да не беа ѓонови ќе им беше јасно дека со самото нивно појавување го провоцираат народот, а со нивното однесување веќе настанатата тензија ја зголемија.

Се прашував како е возможно делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во чии состав беше поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски и генералниот секретар на партијата како и другите двајца потпретседатели, а сите во некој период извршуваа или сега извршуваат јавни функции, без било какво обезбедување да се движат помеѓу граѓаните и никој да не упати ниту една навреда кон нив. Како јас и Кирил Миновски поранешен министер за финансии се движевме помеѓу народот и од никого не бевме нападнати ниту навредени. Како тоа претседателот Иванов со минимално обезбедување се поздравуваше со голем број од насобраниот народ и никој не го погледна попреку, а не пак да му дофрли. Но, го знам одговорот, а го знаат и во ѓон СДС предавничка. Едноставно, народот е подготвен да ги прости личните заблуди и грешки на секоја власт, на секој политичар како на човек или идеолошките разлики да ги тргне настрана кога е во прашање Македонија, но никогаш нема да прости предавство на Македонија и Македонската нација. Тоа е нешто што никогаш не се проштева и предавниците овој народен презир и проклетство ќе го пренесат на идните нивни поколенија.

Поради овој факт, колку и да се обидуваат да бараат виновник, во полицајците-обезбедувањето, во „контраразузнавањето“, во протоколот, во организаторот, во не знам кого, најдобро би било да се покријат со сопствениот срам и да не излегуваат во јавност, бидејќи видливо беше дека доколку не беше полицијата по службена должност да ги заштитува немаше да поминат убаво со оглед на неорганизираната и спонатана реакција на народот. Сега нека се запрашаат дали смеат да прошетаат на улица без обезбедување, сами како обични граѓани и да се сретнат со граѓаните токму лице в лице, да зборуваат со Македонскиот народ во секојдневниот контакт. Треба да се сетат на тоа дека ќе им завршат мандатите и што правиме тогаш или можеби веќе имаат смислено каде ќе побегнат само да ја завршат валканата работа на која се нафатиле. Но, дали се бега од народниот гнев, пизма и историската одговорност?

Бедно е тоа што се обидуваат и тоа упорно се обидуваат да го прикажат Македонскиот народ како непријател на САД, како противник на НАТО и ЕУ членството на Македонија. Многу е бедно да се кријат со своето предавство, лакомост и неинвентивност зад САД и нивните дипломатски претставници во Македонија. Да го подметнуваат сопствениот народ и држава создавајќи превртени слики во бедниот обид да се претстават како жртви и тоа политички. Доколку сакаат нешто да научат, подобро нека ги прашаат дипломатите за искуствата во нивните земји во врска со предавствата на татковината и народниот гнев, отколку и нив да се обидуваат да ги мамат и злоупотребуваат само и само да се оправдаат себеси во предавството. Нека им одговорат на дипломатите како нивните фирми и фирмите блиски до ѓон СДС предавничка добиваат убави тендери и како расне корумпираноста до бескрај и што велат граѓаните без усул, како паѓа економијата и осиромашуваат граѓаните и на крајот како ја лажеа не само македонската туку и меѓународната јавност и самите дипломати, само и само да се доберат до власт па макар и узурпаторски како што тоа го направија.

Не само што се ѓонови, манипулатори, кукавици, предавници, мразачи, туку се лицемерни нечесници кои не можат да му погледнат в очи на Македонскиот народ и го испоганија најсветиот ден за Македонецот, а потоа срамно гледајќи в земја побегнаа.

Толку од храброста нивна на која толку многу се повикува нивниот врховен предавник ѓон Црпко алијас Заев.

Да живее Република Македонија

Долу предавниците

На денот на Св.пророк Илија

Вонреден професор д-р Оливер Андонов