недела, 27. септември 2020. Вести денес: 40
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Колумни

Кампот на храбрите

Кампот на храбрите

Благодарение на ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицковски, Македонија подолго време е најголемото духовно градилиште во светот и цврсто и неповратно гази кон обнова на сите вредности кои треба да ја красат една модерна, стабилна, демократска, богата и проевропски ориентирана држава.

Македонија се обновува. Обновата ќе успее. Ќе успее затоа што луѓето што ја обновуваат неизмерно ја сакаат својата татковина и народот, поседуваат храброст да се соочат со предизвиците, спремни човечки да ги преболат тешкотиите што им се попречуваат на патот,но никогаш да не го преболат предавството на татковината.

Последна препрека на тој пат е Деспотот кој си замислува дека го замени Господ, па покрај тоа што не направи безимени, непознати, глувонеми, без корен, без историско наследство едноставно прикажувајќи не како голема Х – непозната во математичка равенка, заедно со своите соработници, политички и човечки патуљачиња, покрај огромните штети што ги направи на сопствениот народ, сега посегна и по четирите столбови на кои почива животот на човештвото.
Воздухот, водата, храната и енергијата се четири столбови земни и небесни дарови од Господ што подеднакво се распределени на користење на сите граѓани на Македонија. Права среќа е што човекот овде нема никаков удел во прераспределбата на тие дарови бидејќи ако беше така ништо ќе немавме.

Вистинскиот родољубив и правдољубив човек должен е овие божји дарови да ги распредели што е можно поправедно, да ги облагороди, да ја зголеми нивната вредност и да распределува правилно, без да зема од еден, а да дава на друг.
Што имаме денеска во Македонија? Целокупното население, освен Лазарополе каде што има двајца постојани жители, диши загаден воздух. Половина од Македонија гладува, плус уште една четвртина е недоволно ухранета. Водата што ја пиеме, 80 % не е хемиски и биолошки здрава. Енергијата граѓаните ако сакаат да ја користат на потребно ниво ќе мора да се одречат од многу нешта неопходни за живот.

Уплашен за својата иднина Деспотот деновиве очајнички се обидува да се спаси себеси неговото семејство и најблиските соработници. Трајната демократски поделена власт кај цивилизираните општества строго е поделена на законодавна, извршна и судска.

Ваков узурпатор каков што е господинот Заев поновата историја нема видено, заради тоа што од трите поединечни столбови на власт прави злосторничко здружение со кое ќе управува од својот кабинет против народот.

Обидите судската власт да ја вгради во неговото самоволие кулминира деновиве со неговата желба Вилма Рускоска да пали и гаси во правосудството на Република Македонија, и да му се придружи на најголемиот вазал на власта републичкиот обвинител безличниот Љубомир Јовески.

А, таа и нејзините пријателки верни слугинки на СДСМ и Зоран Заев со ’рѓосана совест оптоварена со духовно човечко и професионално безчестие, без размислување прифати да биде правен џелат врз своите невини сограѓани, политички неистомисленици. Ве советувам што е можно побргу направете ментална ревизија бидејќи ќе завршите како и вашата колешка Катица и другите кои наивните луѓе во почетокот ги чувствуваа како божици на правдата. Вие сите заедно го правите најголемото злосторничко здружување што во досегашната историја се појавило во Македонија. Вие сте лошите гранки на вековното фамилијарно дрво на македонскиот народ и затоа ќе мора да бидете отстранети. Тогаш повторно стеблото на животот на Македонија слободно ќе расте, ќе се развива, ќе цвета и ќе дава плодови кои ќе се достапни на сите граѓани на Република Македонија.

Вие сте најперверзната гарнитура властодржци во историјата на човештово која толку сурово, бездушно и одмазнички го обезличила својот народ и татковината. Имало режими кои многу репресивно се расправале со своите политички, идеолошки, религиозни неистомисленици ама режим како вас кои од својот народ и татковината направивте најголем противник против себе историјата не познава.

На спротивната страна како што реков го имате КАМПОТ НА ХРАБРИТЕ предводен од најхрабриот, најмудриот и најблагороден човек лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој е тука пред вас, околу вас, со вас. Слободно можете да се придружите и да станете еден од оние кои нема да зборува што не направил, туку за вас да зборуваат што сте направиле.

Има многу противници, лесни, потешки, тешки и најтешки, но ниеден не е непобедлив. Единствен непријател кој што не можеш да го победиш е непријателот на твојата совест, затоа немој да ја преиспитуваш својата совест на која страна од барикадите треба да застанеш. Така ќе се разликуваш по својата големина и ќе бидеш колос, џин, титан наспроти смешните патуљачиња кои се обидуваат од тебе да ја украдат, а за своја полза да ја продадат твојата татковина. Тие, патуљачињата ме потсетуваат на неразбраните трговци кои никогаш немале своја стока, а дебело заработуваат. Таквите татковината никогаш не ја чувствувале за своја и затоа толку лесно и безвредно ја продаваат.

Кога сте така храбри, луѓето често ве прашуваат зошто толку многу ја сакате татковината. Одговорот е ист и за оние што разбираат и за оние што не разбираат. Одговорот е, сакате да ви го објаснам срцето. Неможам. Мораш сам. Затоа, секогаш припомни си што ти раскажувале старите и што те учеле, па потоа следи го безрезервно своето срце, верувај во безконечната љубов кон татковината и никогаш нема да ја изгубиш својата душа. Вистинскиот одговор е, кога ќе настапи темната ноќ и нашиот најверен сопатник, нашата сенка, не напушта, за само што ќе изгрее сонцето повторно да биде со нас. Македонското сонце никогаш нема да престане да ти свети, да те грее и остави без сенка. А, тие преспанците предводени од УСТАВОКРШАЧОТ се сопнаа на пред премиерата на нивната балетска претстава заради многу мал број ПРОДАДЕНИ (карти) така да повеќе да не очекувате ни премиера ни реприза од претстава која нема никаква уметничка особено не фолклорна вредност.

Предавството и храброста се вечни сопатници низ времето. Иако патуваат секогаш многу блиску едно покрај друго никогаш и никаков мировен договор не може да ги помири. Ривалството е толку големо што зачудувачки е рамништето на беспоштедната борба во кои влегуваат и двете. Единствено, среќа е што во оваа безконечна борба победникот е однапред познат и се нарекува колективна храброст. Затоа и ти мој честит сограѓанин биди дел од таа.
Изборот е твој. Ќе се определиш ли за ПРОФЕСОРОТ кој знае лесно и во корист на народот и татковината да ги реши сите непознати ‘’Х’’ и ‘’Y’’од равенките, или за УСТАВОКРШАЧОТ кој малкумина го сметаат за храбар, но при тоа забораваат ХРАБРИОТ ПРЕДАВНИК Е НАЈГОЛЕМИОТ КУКАВИЦА.

Коронавирус