понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Колумни

КАМЕН ВО ГРЛО

КАМЕН ВО ГРЛО

Тргнувајќи од изјавата на Заев, која деновиве е актуелна, а во која вели: „Додека дишам и додека сум при здрава памет, нема да се промени Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија“, не останува друго освен да се констатира дека не е при здрава памет. Оти, дише и тоа македонски воздух. Тоа е логиката, нема друго. А, за некој кој не е при здрава памет, законот вели дека е деловно неспособен и не може да врши јавна функција.

Македонија и порано раѓала предавници. Историјата памети такви. Но, ако до сега синоним за најголем македонски велепредавник беше Коте од Руља, приматот веќе го превземаа Зоран Заев, заедно со Никола Димитров и Радмила Шеќеринска. По мрачни ликови од овие, Македонија до сега немала. Ниту ќе има некогаш. Тројцата предводници на капитулацијата, оние кои ја предадоа Македонија целосно. Оние кои во целост и го менуваат описот на државата, ја прекрстуваат, ја унакажуваати ја турнаа во провалијата на обезличувањето и обезкоренувањето. Така ќе останат запаметени. Така ќе учат нашите внуци во учебниците по историја.А сите други досегашни премиери и Претседатели на државата, од осамостувањето па до сега, ќе бидат запеметени како бранители и чувари на Република Македонија.

Очигледно е дека овие тројца никогаш, ама баш никогаш не чувствувале дека припаѓаат овде, дека се Македонци по род. Нивно право и нивна работа. Но, овие предавници, со тоа што го прават, не се откажаа само од нивните поколенија, туку инас не откажуваат од нашите поколенија и од нашите предци. Во наше име ги срушија сите свети работи, ги осквернавија гробовите на моите и вашите дедовци, прадедовци… Национално ги напаствуваа моите и вашите деца, внуци… Ги осакатија моето и вашите македонски семејства. Не прават да бидеме луѓе без корен, без огниште, без свој дом.

Како добар христијанин, треба да речам: „Прости им Боже, не знаат што прават“. Но, неможам да ги изустам овие зборови. Ми стојат како камен во грло. И би лажел ако ги изустам. А, не можам да лажам ниту пред себе, ниту пред Бога. Не ме личи.Не можам да ги изустам, оти не обизличуваат и нас и сѐ што било пред нас и се што доаѓа после нас.

Вината за ова што ни се случува, не можеме да ја бараме во друг. Не можеме со прст да покажуваме кон други. Ние сами сме виновни, кој повеќе, кој помалку, сме направиле грешки. Тоа што можеме и треба да го направиме е да си ги признаеме грешките, да се извиниме и веднаш да застанеме рамо до рамо, во одбрана на нас самите, на нашата чест и нашето постоење.Наша должност, како Македонци по род, како наследници на нашите предци и предци на нашите наследници, е да го спречиме ова лудило. Организирано или спонтано, на улица или на компјутер, во продавница или во институција, секој од нас треба храбро да каже: „Одете си, предавници! Оставете ја Македонија на Македонците!“. И гласно, на цел глас, да им порачаме дека:„Македонија ќе победи!“ Секој од нас треба да покаже дека не сме дрво без корен, дека во нас тече македонска крв, по родословие или по ген. А генот наш е пркосен, непокорен.

М-р Димитар Димовски

Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ