петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Каква влада, такви директори… Дилајли

Каква влада, такви директори… Дилајли

Ако се’ уште имавте макар и трунка сомнеж за капацитетот на оваа влада на заминување, верувам дека последниот скандал и на најневерените Томи им докажа со кого си имаат работа.

Инцидентот, скандалот, идиотштината, глупоста, дилајлизмот, небулозата или како и да го наречете ова со неверојатната сдссссовска директорица на Клиниката за кожни болести фантастично ја долови сликата за дејствување на компанијата и’ матична СДСССС. Оти, тие дефинитивно не се партија. Немаат идеологија, немаат постулати, стандарди. Се’ што некогаш и имаа, прекршија. Сега се само една корпорација, а ги обединува само едно – интересот.

Чедата возљубени во несветото комуњарско тројство – ВЛАСТ, ПАРИ и МОЌ, собрани на купче во корпорацијата СДСССС & Co, сега се обединија и мултиетнички. Им се прилепија јако дури и фацичките кои цел живот глумат патриоти. Да, Димитров, Љубчо и Љубе беа главни на конгресот. Замислете ја само заедничката коалициска гушка и емоциите меѓу хашкиот притвореник, војводата, Зајо и Билал? Се растреперивте и наеживте од напливот на силни емоции, нели?  Абе ајде…

Компанијата вчера ги објави корпорациските кандидати, кои треба да ја продолжат докажаната мисија на расчеречување на Македонија, на нови тендери, на добитници на фондови за иновации, рекети, стипендии за ќерки во странство, вработување партијци, продажба на се’ што е свето и национално итн. итд. и др. Кој од кој подокажан во уништувањето на македонштината, саде министри и министерки неуспешни и недокажани во се’, ама докажани во северизација.

Принципот на номинација, велат дека бил едноставен. Од носењето на уставните измени  во собранието (она кога за мадиња и други органи ја фатија онаа ултразависната пратеничка група) до ден-денешен, се броело кој колку пати ја кажал идиотштината наречена СЕВЕРНА. Победниците кои најчесто ја практикувале, станале носители и носителки. Ете го рецептот!

И цела оваа СДССС шарада се поклопи со промоцијата на невидената промуќурност на нивната короновирусна директорица, која, сепак, им направи дигресија и ја помати промоцијата на кадрите кои Заев ги најави како „НОВИ„?! Реално, понов беше прехланскиот снег, нели. Нови колку што беа и родово рамноправни во најава. Ау, дааа. Па 5:1 е фер и рамноправно за СДСССС, нели…

Посведочивме на симултан и случаен заеднички наплив на коронавирусот со напливот на комуњарштина во државата. Башка, двете на К. На една страна 7 граѓани заразени од короната, од друга десетици лажни патриоти и демек Македонци „заразени“ со комуњарштина и северна квазиидеологија…

Реално, овие демек тазе покомуњарчениве си беа корпоративци во душата од „роѓење“, само што дел од нив успешно се криеја и лажеа. Поголемиот дел и не така успешно…

Во толкав наплив на лажни вести, логично е да имате и толку фејк патриоти и уште полажни Македонци. Се стопиле со околината и новите трендови, нели. Па дотичниве си измислија толку многу лажни вести (Нешковски, Младенов,Тамара, Смиљковско, „лажни“ лични карти, демек фантоми, уште подемек исселени, „украдени“ милијарди…) чуму не би си измислиле и лажни патриоти?

Кој ви гарантира дека новокомпонираните миени (МОЗОЧНО) не биле Тројански коњи отсекогаш? Затоа што е малку веројатно дека вистински Македонец и патриот толку многу би се променил за толку малку време. Инстант комуњари?! Добро, не за евтино, ама македонштината ја имате или ја немате во себе. Тоа не се менува по нарачка. Поверојатно, отсекогаш и си биле корпоративни битија. Објекти, не субјекти…

Сега, пак, се соочуваме со два толку слични, а толку различни проблеми на тотално различни полиња. И двете со толку фатален резултат, ако се практикуваат. Создадени од една иста кујна, првиот сакајќи, намерно, вториот несакајќи, случајно.

Во првиот случај, имаме држава во која поради северната придавка на името на гласачкото ливче, дел од луѓето не ни сакаат да излезат да гласаат, затоа што не сакале да гласаат за Северна. Велат, ќе си ја чекале Македонија?!

Во вториот случај, пак, имаме луѓе кои не сакаат да одат на лекар, макар имале симптоми на коронавирус. Да, не сакаат да одат на лекар затоа што по ујдурмата на неодговорната директорица на клиника, многу било веројатно докторот кај кој ќе одат навистина да го имал вирусот, оти таа се шетала, одела по симпозиуми, болници, журки…

Резултатот во двата случаи е поразителен. За сите нас.

Во првиот, негласајќи заради тоа што имало северна, ќе ни ја набијат и ќе си ја наметнат за век и веков, а оние со симптоми на корона можеби и навистина го имаат па од страв од лекарите ќе останат нехоспитализирани и ќе го рашират, не дај Боже.

И така, и во двата случаи благодарение на корпорацијата СДСССС (во првиот случај нивните пропагандисти, во вториот директорчињата), ќе добиеме носители на северна и носители на корона… И двете групи без контрола, првите неспособни дилајли на власт од страст кон парите, другите со не дај Боже вирус поради страв раширен од неодговорна дилајла директорица.

Чудесна Македонија…

 

 

Коронавирус