вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 144
home Колумни

Како дојдоа, така и ќе си заминат…

Како дојдоа, така и ќе си заминат…

Велат дека старите кучиња тешко учат нови трикови. Транзициските и антинационалните политичари, пак, дефинтивно…

Затоа, пак, пустите се одлични во она што го знаат. Малку, ама квалитетно де. А нашиве „владејачи“ најдобро знаат да кршат правила, закони и устав. За тоа се вистински махери. Само помислете на нешто, што и да е исправно и законски определено, тие ќе го прекршат. Без проблем, скрупули уште помалку. Докажано и во пракса…

Ви текнува како „демократската“ хунта дојде на власт?

Ви требаше четврт милисекунда за да си спомните, нели? Се разбира, преку кршење на законот и Уставот. Нит имаа мнозинство во парламентот, нит деловник им дозволи, нит претседател мандат им даде, ниту устав почитуваа. На страна местенката на тој клетиот 27. април лето Господово 2017-то. А влада формираа ли? Да…

Епа, драги мои, како очекувате од истите тие скројевиќки готованчиња, научени на политички аздис, некогаш, нешто и некого да почитуваат? Па ЗАКОН ЗА ЈО насила ќе носеле, нема шанси. Јок. Па тие за „демократија“ и да не спасат од „режимот“, а не за пари на власт дојдоа, така?

Да, истите оние „слободумни“ борци со „режимот“ кои така тоталитаристички и крајно диктаторски сменија име на држава, Устав и двојазичност донесоа? За тие опортунисти зборуваме кои не го слушаа гласот на народот за најсветото, па контра ставот негов на Референдумот најтешка глупоштина направија? Ви текнува и дека дури се фалеа дека „храбрите“ (читај излажаните) излегле и рекле ЗА?! Пусти „ЗА“-евци спинерски…

Оние „прозападно“ ориентираните, насочени со бабулињата кон север кои толку безобразно ја игнорираат Венецијанската комисија, светски признаена куќа на правото и правдата која само како средство за награда ја користат ако некоја Дескоска сакаат да ја подмачкаат за да им истера некој закон што ни од авион не е закон?

Да, да, тие истите мизантропски филантропи кои се дрзнаа за ќеф грчки преамбула на Устав свет да сменат, револуционери, дејци и историја да бугаризираат, сега да ти носеле насила и Закон кој треба врхушката да им ја спаси од ќорќа и слобода да им дари?

Неееееее, нема шанси, нели? Тие правдољубиви и чесни чеда такви идиотштини да чинат? Глупости, нема теорија. Оксимороните странични кои земјата си ја направија северна, а  таа дел од Западен Балкан, парчето од Југоисточна Европа, тие вакво нешто да прават? Сачувај Боже, нели.

Чек, чек, зборувате за оние атеистите комуњарски родени со крст на чело, чија пола влада е фатена во рекет? Оние наследниците на ТАТ? Нееее….

Или оние инстант тајкуни кои се омрсија со сите можни тендери, па мораа и нови да измислат за да имаат тагата шарена во што си ја удават? Армијата „добри“ политичари со дузина лоши навики као кокаин, марихуана, виски, пари, аута, викендички, моќ итн. итд. и др.

Мислите на инвентивните безидејковци кои го сотреа Фондот за иновации, толку неинвентивно го измолзеа и сдсссс га-га распределувач на азно народно го сторија?

Не ,не, не мислите „ваљда“ на оние што се декларираат како Македонци и постојано тврдат дека толку многу нацијата и јазикот си го сакале, па од преголема љубов двојазичност беспотребно, насила (разбира се) и на голема врата ни наметнаа?

Оние душегрижници кои уште во 1995-та година знаме и име (макар привремено) со БЦ и Фрч насила сменија, за да после за „везден“ со Зокија три пати аболираниот го „учинат“ истото?

Истото тоа демократско СДССССС кое во 2004-та направи насилна територијална поделба на државата, а Бучко едвај жива глава извади?

Тие човекољупци насила нешто да сторат?

………….

Ооооо, даааа. Скроз… Да направат нешто арно, па да ве зачудат и во дилема да паднете тешка, вака, „у реду“ си е, тамам..

Прашањето е знаат ли нешто поинаку, навика си е навика. А насилството, било физичко или политичко, било ептен тешко за одвикнување.

Арно ама, секоја навика си има и одвика. Начинот на рехабилитација е јасен, а лекот го знаеме сите. Според проверениот и веќе препишан рецепт, треба да се земе на 12. Април. Дејствието на лекот е загарантирано, без нуспојави. И не се сомневајте и не паѓајте во малодушност, од лаги извртувачки во фејк-упатството за употреба од Фабриката на СДССССС срочено.

Колку што името сегашно било непроменливо, толку и некојси ГМО закон мутантски и на мускули донесен ќе ги спаси од одговорноста.

А тие?

Епа, како дојдоа, така и ќе си заминат…

Коронавирус