вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Колумни

Кај сте бе гушкачи?

Кај сте бе гушкачи?

Си била една земја. Се викала Македонија. Ендемска држава, единствена по многу работи. Пастрмки, молики, јазик, народ, езера, планини, фолклор, историја, дејци, име, убавини…

Арно ама, имало и други уникатни творби во државата Македонија. Јок, не е алшаритот. Освен Невладини организации (НВО) кои станале Владини (ВО) со промената на истата таа Влада со различен состав, амбасадори кои се вклучувале на копче само и само против една и иста партија, политичка компанија наречена СДССС која штанцала пари и не је интересирале национални инетереси и светии, земјата имала и еден друг специфичен и жив (на хартија) ендемски вид.

Тоа да ти бил еден посебен вид на луѓе, посебни и поинакви од сите останати на светот. Сорта на совремемни бапчорки, тажалки на „дугме“ кои одлично глумеле граѓански непокор. А дејствувале едноставно, скроз.

Просто, а на партијата ќе и затребале нивните скапи услуги, на екс Бихаќка го притискале копчето и тие излегувале од сенка. Ама „одма“. Оком-скоком се трансформирале во борци за граѓански слободи.

И гушкале, гушкале ли гушкале. Тоа им било специјалност. Пискање, лелекање, цимолење, врескање, кудење и слични ултра-патетични дејанија. Ама гушкањето, сепак, им било најјака страна. Биле експерти за гушкање, најгушкачи у свет…

Минатата деценија, гушкале многу. До 2017-та се изнагушкале за сите пари, пост-пејд добиен подоцна ко награда кога СДССССС стана власт. Па – оп, советничиња, наставничиња, професорчиња, па водовод ил канализација (таа им стои топ), па паркови и зеленило, па членови на совети, па влада ил јавни претпријатиа, оп-лап тендерче, њам-њам фонд за демек иновации итн. итд. и др…

Последна гушкачка локација и дестинација да им бил ГТЦ. И го „спасиле“. Си останал грд и празен. Самичок. Осамен и тажен, навикнат на гушкање кое сега цели три лета го немало. И зими. Гушкаа и дрва, правеа живи штитови, бранеа калдрми. Греота…

Ама, власта се сменила. Сега можеле и да го срушат истиот тој ГТЦ, ама гушкачите немало да мрднат. Исчезнале. Без трага. Ко птицата Додо, ко пештерскиот лав, ко мамутот. Исто ко скопскиот саем, кој го урнаа без ни една единствена гушка. Гревче. Епа, немаше среќа пустиот да биде ВМРО на власт. Ќе го спасеа. Исто ко калдрмата кај КТК на Водно, која сега комуњарите без зборче ја направија асфалт. Исто ко и Менада во Старата скопска чаршија. Алоооо, па во неа кариери направивте бре, сите биљмески и патетични средби „граѓански“ токму во таа Менада ги правевте суруши едни гушкачки, а ја срушија без да писнете ил гукнете.

Е, сега Таполегов ќе ја рушел Универзална?Aлоооо, ќе ја руши од темел! А вие кај сте бе гушкачи? Уште ли сте во зимски сон, во кој паднавте од кога СДССС, случајно нели, дојде на власт? Или сте на одмор со Зоки Бемве, Рада Пелинска и Гуливер Спасовски?

А да беше ВМРО на власт чуда ќе правевте, сто кампа пред Универзална ќе никнеа, пак ќе ја гнасевте „Бела чао“, ќе се пијанчевте, пафкафте, шмркавте и Ди-џеј Шилегов ќе го слушавте, абе цепки „револуционерни“ пак ќе бевте. Евтина удбашка класика…

Нејсе. Сега Универзална не ви е битна. Па хунтава не е „режим“ нели. Нема кој на екс Бихаќка „дугме“ да стисне, а?

Чувствувам дека и натаму ќе спиете. Па и да падне вашата антинационална партија од власт, Таполегов ќе остане уште една година. Пак ќе ве нема, а заедно со него гушкавте. Шики, Амон Мрак и Павле Не.банио ви беа инструктори (градоначалник, советник во влада и екс пратеник?!).

Арно ама, со доаѓањето на северна, ве снема и вас, гушкачи. Ве оддува тоа северниот ветер непрокопсан.  Да, дојде ЖИВОТ за вас, но само за вас и за комуњарската ергела.

Ако, ние сме трпелив народ. Ќе мине време, ама ќе се вратите, знам. Ни фалите, многу… Не грижете се, ќе ве почекаме и дочекаме. Башка, лекот за ваша реинкарнација е јасен. Лекот за враќање на вашиот скап лелек.

Се вика смена на СДСССС од власт. Арно. Никој не е вечен. Корисните идиоти најмалку. Ќе ги сменат, па пак ќе гушкате, знаеме. Инвентивни сте ко дилјала проектите во Фондот за иновации, стипендијата на Димитров, тендерите на Анѓушев и плантажите на Вицето.

Ќе ве дочекаме, не се секирајте.

Да. Ве снема со северна, ќе се вратите со Македонија…

Коронавирус