петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Колумни

Кацарска судство „отпорно“ на коронавирус…

Кацарска судство  „отпорно“ на коронавирус…

Додека Македонија и светот се тресат за и околу коронавирусот, научници измислуваат вакцини и бараат спас, на Балканот една партиска институција не му се дава на КОВИД 19. Не и попушта на пандемијата пустата, ГМО бастион комуњарски останува недопрен. Ендемски подвид на еден комунистички „Преки суд“ си тера без гајле во милата ни Македонија. Ни корона „не го лази“ истиот.

И така, едноставно, лудоријата Заевистичка ве тера сериозно да се запрашате – дали Кацарска судството и Рускоска обвинителството на СДСМ се отпорни на коронавирусот? До толку ли се ТРАСНАТИ?

Аууу, имаат ли на екс Бихаќка некој нов изум, дај Боже вакцина, за судии и обвинители свои ексклузивно измислено, па така нон-шалантно се однесуваат? Тешко, не сме ние таа среќа, ни тие толку инвентивни…

Или, сепак, пуста партиска задача и директива, ни коронавирус не признава? Расцветани ко пупка, нели. Мошне веројатно…

Затоа ли додека цел свет се’ што може презема, измислува, какви ли не мерки се спроведуваат за да народот се спаси од пандемија, некого „мува не го лази“ и судења бајати си тера?

Фер. Колосеумот мора да функционира, па и во време на колера, велеле старите Римјани. Речено-сторено и од новите сдссссовци. Да, забавата за народот, кого сега башка ништо освен КОВИД 19 не го интересира, мора да продолжи. Ама, не сфаќаат ли дека сето тоа оди во ветер, дека никого не го интересира, ама ич?

Толку ли се битни пресудите против „клетите“ вмровци, што како колатерална штета може да одат и судии и обвинители социјалдемократски, да бидат жртва на едно поголемо „добро“ за клетиот партиски пи-ар да поентира? Нема ли друг начин, без можно ширење зарази, народов да го потсетите дека со гласање за ВМРО-ДПМНЕ ќе го врателе режимот, па како „катастрофа и крш“ било тогаш, па како немало демократија, па као вие сте ја донеле, па со вас мед и млеко течело и бла, бла, бла, бла…

Всушност, бљак ви е прикаскава, многу ретро, издишана и тотално неинвентивна. Мада, гарант со неа во Фондот за иновации ваш партиски ќе добиете барем стотина илјади евра. Конкурирајте веднаш, чеда возљубени во парите, моќта и власта, еве ви идеја. Тоа не се пропушта, бар додека сте на власт. Уште кратко, нели…

Затоа ли толку ви треба тој потсетник и тие пресудни неаргументани, темелени на телефонски муабети, без грам докази во нив… Пуста, проклета мозочно „миена“  партиска агенда..

Алооо, за здравје и животи зборуваме. Или тие и не ви се така важни, ко што претставувате, декларативци низаедни. Па докажете, не е тешко. Ако можеше така машки штипскиот суд да ги прекине рочиштата, можете и во Скопје судењата биљмески да ги ставите на стенд-бај. Не да ги прекинете, ајвани…

Башка, апаратчици низаедни, треба да ви текне уште една работа.

КХ, КХ, КХ, ИЗБОРИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ ОДЛОЖАТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСООТ!

Еурека! Аман бе дечки, сега судења не ви требаат, затоа што најверојатно нема да има ни избори.

Чувајте си ги за кога ќе ви требаат. Она, џокер во покер, ас во ракавот, како и да ги замислувате судењава де. Имајте си ги во резерва за кампањата која временски ќе зависи токму и само од коронавирусот, не дека не ви се погоди одложувањево, ај да бидеме искрени. Ви легна, многу. Признајте…

Ајде, не бидете сите доктор Цаца короновирусирана, има време за судења, мислете малку надвор од аздис Цаца матрицата самобендисана. Башка, „корисните идиоти“ треба да бидат корисни, нели, тоа е во описот им на работното место. Бидете корисни, не само за партија и џебот свој де. Имате имунитет, ама минорен судско-обвинителски и оној од СДССС дарен, а дека сте чуда на природата и отпорни на ковид 19, не верувам.

Судење во време на корона. Толку немаркесовски и неинвентивно. Толку сдссссовски. Преки суд имате, уште Голи Оток ви фали…

Коронавирус