среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Јаз’к, во ек на предизборно помакедончување партиско да ти летне „Еба му името, еба му“

Велат, добрата влада е како добар дигестивен систем: Сè додека добро функционира, никој не ја забележува. Фер. Не бадијала нешто толку смрди во државата македонска... И така каравелата со нова доза фејк македонштина од партијската адреса тргната, си заринка на самиот старт. Ја заринка Зоки, истиот оној минер кој посака Пендаровски како сидро да не влече напред. Нејсе што испадна лидерот муртински за првпат и во право да биде...
Јаз’к, во ек на предизборно помакедончување партиско да ти летне „Еба му името, еба му“

Новиот серијал нарачани пи-ар лажги од екс Бихаќка удри во статива. Упс! Ја минираа, исто ко што преку големата вода го стопираа новиот „Беверли Хилс.“ Причина иста, не минува кај народот.

Оваа македонскава, пак, и со додадена вредност на Зокиевата класика. Тие се мачат, а тој ги ремети своите и трудот им го уништува. Јес, таксират комуњарски, т’канди проектот им одобрен од Коста & Роко компани, штета голема.

Не е убо, ама ич. Тие забревтани пак да лажат дека се помакедончиле, дека демек ја сакаат „државата“ (не Македонија) чие име го сменија и историја черечат, а тој пак им го наби. До коска. Скроз…

Ова би бил краток, најкус опис на дејанијата срчани на фејкерите сдссссссовски, кои со голем жар и енергија влегоа во „новокомпонован“ предизборен филм на помакедончување на партијата, а повторно ги зезна истиот тој недоквакан лик. Тој па тој, нема друг. Зоки, па Зоки…

А толку беа среќни срцките напатени што го нема зевзекот на екраните, на настани и во интервјуа. Журка по влада и партија правеа, тендери уште посреќни си делеа. Абе, нирвана беззочна (без Зочи) завладеа. Да, тамам си здивнаа статезите медиумски од Зокиевите лапсузи и гафови, ама тој така талентован не може на раат да ги остави. Дерман немаат од лидерот свој и творечкиот му немир, кој и кога го нема во јавност, бељи прави. Големи.

И така каравелата со нова доза фејк македонштина од партијската адреса тргната, си заринка на самиот старт. Ја заринка Зоки, истиот оној минер кој посака Пендаровски како сидро да не влече напред. Нејсе што испадна дека лидерот муртински во право беше. Да, Стево не повлече ко сидро – не мрднавме ни со датум, ни со економија, ни со демократија, ни со судство, ни со човекови права, ни со борба со криминал и корупција итн. итд. и др. Јап, дефинитивно, во спрега заедничка сидро-ефектот прецедничко-премиерски го дадоа…

А бродот со лажен македонски набој капетан Љуцко Македонист го возеше, она професорче од УКИМ кое збор лош за двојазичноста не срочи, ама голем македонист е, најголем. По нарачка. Од Алиекспрес на Џани Макрадули.

Арно ама, никој не очекуваше дека и скриен далеку од камерите, во подрум зад буре со зимница кладен, Зоки нова беља ќе стори. Оти го бива. Таленат голем е. Факт, како што и самиот се фали во старо-новата аудио честитка, еден ваков премиер во 100 години се раѓа, ќе го паметеле сите. Фер, ќе го памтат, но по што, си знаеме сите.

Е, истиот тој паметник историски голем, а толку национално мал, извади од туршија пикантерии нови. Добро де, му извадија, затоа што им зафали на луѓево присуството негово. Уште подобро де, не ни зафали, ама некому му текна за да не ги заборавиме ликот и неделото на историскиот ни лик.

И така, додека Љуцко се пенавеше и македонски јазик демек величаше, темен облак (читај Заев) над него надвисна и на трудот му се изблуја.
Бисерот е „нов“ само 6 години и во Струм‘ца со Сичавалиев срочен. Толку стар, а толку нов и тазе.

„ЕБА МУ ИМЕТО, ЕБА МУ!“ свикал Зоки пред 6 години, подготвувајќи се орно за премиер да стане и црно петно на историјата македонска да и удри.

А искрено, сроченото му, за кое треба многу школо, ум и памет нели, не изненади никого. Би ве изненадило да каже или стори нешто умно, ама од вакви направии негови народот отрпна. Одамна. Овој антинационален процес и онака трае толку долго, што и Кафка може вода му носи.

Сега, дојде време истиот тој полиглот со поетски немир дарен, да може да каже што си сака, а никој да не трзне. Она, кога сте кловн, на старт и троа интересен, ама толку гњавите и се повторувате, па станувате досаден. Ко Сајнфелд нешто. Да, вистине е и дека сите не го сакаат ниту Рејмонд, докажано.

Реално, неоти некој и ќе им поверуваше на опортунистите лукративни од СДСССС дека за јазикот навистина се грижат, но Зоки ги закопа. Во свој стил. Или беше Зоран Божиновски кој му го стори тоа?

Како и да е, ај за името и македонштината Зокиева – тоа го знаевме одамна колку ја има кај човечето со флексибилен р‘бет, но треба да бидеме благодарни за едно сефте појаснување.
Постновогодишно откритие. Старо-нова аудио уметност Заева која ни помогна да сфатиме уште нешто, нешто толку битно. „Есенцијално.“

Да, не било едно евро мито за Вицето на едно евро за метар квадратен за земјиштето. Јок.

Во новото, допунско просветлување дознавме – едно евро за општината, едно за Вицето и едно евро за црквата било. Три да ти биле. Еурека! Оти, Зоки е добар бизнисмен. 50% сега му скокна цената.

И додека Македонци изиграни и наместени во затвори чмаат и 211 години заедно треба да минат за ќефот на местачот митаџија бизнисменски и цената за промената на името да ја платат, тој амнестиран три пати по Цариград ни се шета и со севеселенски фацки се целива.

Ок, јасно ни е чуму се’ му простија, кој прошка и изим даде и како црпнатото чедо во 2014-та Баба Ванѓа било и се‘ што следуваше прорекло, ама време е некому да му се покаже дека фатум не постои и оти судбината сами си ја правиме. Крајно.

Ај да избегаме од онаа трофазна македонска фаталистичка, толку приемчива и за многумина прифатена, дефетистичка поговорка: „Што да праиш? Што ќе праиш? То ти е!“

Јок, не ни е бре. Една немакедонска поговорка, пак, вели „Ако е вистина дека еден народ има онаква правда каква што заслужува, кога ќе заслужи да ја нема?“

Епа еве кога – сега, ќе речат скептиците и фејсбук патриотите, што се намножија ко експерти по избори во Македонија. Ама не ќе да е така.

Јас лично, повеќе ја почитувам Колдвеловата: „Добрата влада е како добар дигестивен систем: Сè додека добро функционира, никој не ја забележува.“ Фер, не бадијала нешто толку смрди во државата македонска…

Епа, ај да ги опраиме стомаците. Доста не труевте…