недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 80
home Колумни

Ја сакаме Америка! Ама го мразиме Израел?!

Ја сакаме Америка! Ама го мразиме Израел?!

Идниот амбасадор на Македонија во НАТО, Дане Талески, му се закани на Иран поради нападите врз американските бази. ОК легално, САД ни е сојузник, ама малце смешно.

И додека едниов застанува во одбрана на САД, близок соработник на Заев ги навреди Евреите, го навреди Израел.

Мерсиха Смаиловиќ, објави нацистички пораки по социјалните мрежи. Истата таа Мерсиха којa држи прес-конференции од партиското седиште на СДСМ, директно и порача на новата министерка за труд и социјална политика да си закачи давидова ѕвезда бидејќи е Еврејка.

Само за потсетување, давидова ѕвезда, нацистите им закачувале на Евреите во втората светска војна или попросто кажано НАЦИСТИТЕ ГИ ОБЕЛЕЖУВАЛЕ ЕВРЕИТЕ.

Имено тогаш се направени најголемите злосторства врз Евреите од страна на војниците на Хитлер.

Е сега работава испаѓа „Ја сакаме Америка ама го мразиме Израел“, другари едно со друго некако не оди, ви кажал ли некој како стојат работите.

ПС: Ако го навредите Израел директно ја навредувате и Америка

Да го навредиш Израел на најмизерен можен начин само поради тоа што сакаш да си лечиш лични фрустрации од само тебе познати причини, а притоа си еден од гласноговорниците на СДСМ, кажува три работи.

  1. Лечиш лични фрустрации
  2. Верски причини
  3. (не би сакал да помислам) Од СДСМ ти кажуваат така

За првите две работи никој не може да ти замери, ама баш никој, ама…

Не би сакал да помислам дека е ова третото затоа што сте партија на власт, а партија на власт мора да знае што значи Израел за Америка.

Не дека ние како држава може многу да му наштетиме на Израел, туку дека даваме лоши сигнали кај Америка.

 

Ристе Здравков