сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Колумни

ИЗЛЕГОА “ГЛУВЦИТЕ” ОД “ЗАЈАЧКИТЕ ДУПКИ”

ИЗЛЕГОА “ГЛУВЦИТЕ” ОД “ЗАЈАЧКИТЕ ДУПКИ”

Зарем ти сине Бруте? Зарем министерот “смрт” и “браникот на државата” ќе даваат суд за владеењето на Мицковски и изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ на последниве избори? Разбирливо е дека плаши, да се слуша по неколкупати дневно на обраќањата на Мицковски дека прва работа која ќе ја направи е “расчистување на старите рачуни”, со збогатените на грбот на партијата, наводни денешни  душегрижници и стручни аналитичари од калибарот на “министер смрт”. Епа да Ве потсетам г-дин EX Министер, добро ме служи помнењето мене а и сите тие кои ја имаа таа несреќа да соработуваат со Вас и добро се сеќаваме на Вашиот “lap top”и анализите кои произлегуваа од него. За оние кои ја имаа таа среќа да не мораат да се сретнат со дотичниот министер, ќе се обидам да парафразирам еден од нашите состаноци кога тој беше Шеф на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кога нашата партија беше на власт веќе 10 години, кога му беше обезбедена целата логистичка поддршка која не ја заслужуваше тој и најважно според мене за тој период е што тогаш да си ВМРО-вец беше некако IN, а денес е ЕРЕС. Ама ајде. Од прилика состанокот се одбиваше вака:

  • Тој: Според податоците во табелата а и врз основа на мојата анализа на гласачко место 24.. има 850 гласачи. На минатите избори излегле да гласаат 450 гласачи, од кои ВМРО-ДПМНЕ освоил 250 гласа. (ова е единственото што држеше вода, од тука почнува “весела математика – само Квиско и мин. Смрт” разбира) Е сеа од овие 200 на СДСМ ќе одземете барем 50-тина (да не навлегувам во детаљи за начините на кои треба тоа да се оствари) и плус 30% од неопределените граѓани (400 )кои не излегле на гласање овој патда излезат (кои според него секако ќе гласаат за ВМРО) и на ова гласачко место значи јас викам дека мора да имаме 450тина гласа.
  • Јас: (со саркастична насмевка, а со цел да ја вратам барем малку дискусијата во реалноста) Министер, јас живејам во тоа гласачко место и супер е тоа што го кажуваш ама малку нема шанси.
  • Тој: (подналутено) ЗОШТО??? Што сакаш да кажеш?
  • Јас: Ако ми дозволите (и си почнав по мое)
  1. Минатите избори резултатот на тоа гласачко место е максималниот што можеме да го постигнеме и е највисокиот до сега.
  2. Во тоа населено место а и во целата општина во текот на целото владеење на нашата партија шајка не заковавме, па досега го заложувавме својот интегритет на карта “брат знам и јас живеам овде, ама ај ради мене уште сега гласај”, што секако ни преостанува единствено да го правиме и сега.
  3. На крај и од прости математички причини: од тие 850 гласачи имаме 150тина во странство, 10тина се починати и 100тина не живеат повеќе тука, баш поради пртходните причини, што значи 850- 210=610 реални гласачи од кои 80% минатиот пат глаа и тоа е максимум. Нема од кај да ги најдеме тие плус…
  • Тој: (со видно негодување) Неможе секогаш кај вас да е поинаку, сегде е вака тука не е … (или нешто беше во тој стил)

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ти и твојата весела математика “министер смрт”, сте најодговорни за изборниот резултат во 2016 година по кој ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта. Ќе ви појаснам.

На овој начин ги приморуваше Општинските комитети да праќаат од ракав истресени податоци за Вашите смешно бесцелни акции, кои табеларно сортирани лично Вие ги користевте како алиби/доказ за да создадете лажна слика за реалната состојба пред Груевски, по што се случи општо познатото.

Се прашувам само дали тогаш или сега земавте повеќе пари за да ја одработиш твојата ролја во каузата на ВМРО (на двајца комити еден г-дин министер ”смрт”… )

На крај сакам само да ви порачам на сите вас душегрижници за каузата, ВМРО е вечно а конечно ќе дојде и времето да се преброиме. Колку сме, толку сме, токму сме. Партијата никогаш повеќе нема да биде нечива фирма, или отворено граѓанско здружение каде уште кучињата што не извадиле членски. Да си член на ВМРО е чест и обврска а не картонче за вработување преку “завод”.

Батулиња бркајте си работа, поарно е без вас.

Коронавирус