сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Избори во време на корона како доказ за лудоста на СДСССС

Избори во време на корона како доказ за лудоста на СДСССС

СДССС сакале да одат на избори? Летово ќе било супер, мај минува ама во јуни веќе ќе немало гајле?! Што побрзо, тоа поубо. Ќе минела корона проценијa политикантите, ќе се олабавела ситуација, башка мерките? Абе бонбона, ко бизнисите им. Чуму да немало избори, сега ВМРО-ДПМНЕ бегале, затоа што се плашеле од пораз????

Алооооо, дали сте бре нормални?

Добро, знаеме дека не сте, тоа повеќе пати сме го виделе на дело. Преку вашето недело…

Арно ама, што се крие зад ненадејната желба на бизнис бандата од екс Бихаќка најбрзо што се може да се оди на избори? Од каде тој силен, лавовски наплив на „храброст“  кај политичките штетници за соочување со граѓаните, па макар заразиле илјадници од истите, макар уништиле се’ што и онака лошо сработија во целата криза коронска со мерките им недомерени?

Старата, онаа „античката“, вели – Не верувај им на Данајците ни дарови кога носат. Ставена во ново руво, таа гласи: Не верувај им на комуњарите ни на избори кога одат. Оти најчесто бегаат од нив. Ко ѓавол од темјан. Тоа им е ко Павлов рефлекс…

Ама сега силна, чудна и несвојствена храборост ги наваса. Кх, кх, кх, храброст или страв беше? Ќе да е уплав, ама голем..

Вистината е дека брзи избори би биле дар за СДССС, не од Бога, затоа што атеистичките лукративци не веруваат во него. Дар за какво такво пролонгирање на нивната бедна политичка егизстенција, макар на апарати,  оти поинаку следува инстант политичка еутаназија на бизнис корпорацијата сдсссовска…

Зошто сакаат брзи избори, по секоја цена, па макар загрозиле здравје и живот на илјадници граѓани? Хмммммм, еве зошто:

-Прво, затоа што со брзи, најбрзи избори (недела 2.мај би им била премија) нема да дозволат народот да го види економското дно во кое набргу со сета силина ќе удри Македонија. Вака, со или без корона, економските дилајли ќе избегаат од последиците на својата неверојатна неспособност и катастрофалното не/справување со кризата…

-Второ, ќе се возат на „хуманоста“ на Заев и Спасовски, кои преку своите штабови делат ли делат пакети, абе Мајка Тереза да им позавиди. Макар со расипана Ресана. Она кога купуваш гласови на најсиромашните со пари кои на народот си му ги „стопил“ преку тендери, рекети и други дејанија…

-Трето, да ја превенираш јавната тајна дека датум со ЕУ нема, да не минат уште неколку месеци без него, т.е. да можеш да се фалиш со нешто што го немаш во кампањата. Спречување Бугарија пак да те затепа, а ЕУ да потврди дека ти дале милостиња, затоа што за непрокопсан датум без ДАТ УМ (без ум) име на држава си сменил…

-Четврто, макар загубеле, а ќе загубат, тоа пак нема да биде толку страшно како што ќе биде дебакл за уште неколку месеци кога короната навистина ќе се смири, ќе се создадат вистински и нормални услови за избори, а кризата економска која ја креираа, ќе удрии на голема врата…

-Петто, колку побрзо се тргнат од власта, толку побрзо ќе му го предадат врелиот костен наречен ПОСТКОРОНА КРИЗА на политичкиот опонент. Па тој нека бере гејле како ќе се справи со неа, нека крши глава од консеквенците на вашата неспособност, а вие во ваш стил ќе ликувате и ќе делите ум и совети за излез од кашата која сами ја создадовте. Тогаш, гарант и невладните пак ќе станат невладини (читај НЕВАЛИДНИ, истите букви се), ќе постават шатори пред влада, па Сорос ќе го одврзе ќесето со алтани итн., итд., и др. Веќе го знаете сценариото, нели.

Има и шесто, седмо, осмо и сто и прво…

СДССССС има милион причини за брзи избори, причина се последиците од короната со која тие на сите полиња потфрлија, а последиците од избори во време на пандемија не ги интересираат.

Бидете убедени во тоа, без никаков сомнеж. Оваа макијавелiстичка гарнитура нема чувства ниту С од скрупули, туку само жив интерес.

Велат дека ставот чуда прави, а уплавот на СДССС од соочување со сопствените „резултати“ во битката со короната ни носи „одлична“ можност за кулминирање на заразата.

Лудо е нели, но исто такви беа и промената на името, двојазичноста, договорите ос Бугаријa и Грција, промената на историјата, територијалната поделба 2004-та, знамето во 90-те…

Не се сомневајте во лудоста на оваа бизнис кооперација.

За сите неверни Томи, еве ви доказ за неа – ИЗБОРИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА…

Коронавирус