четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Колумни

Избори во време на корона би значеле организирано убиство

Избори во време на корона би значеле организирано убиство

Како никогаш до сега, на нашата Татковина и се потребни избори. Kако никогаш до сега на нашата Татковина и е потребна нова влада, влада избрана од народ, влада која знае да му служи на својот народ, транспарентна, искрена, влада која ќе донесе право, правда, влада која ке ја врати Република Македонија на вистинскиот колосек, а не влада на тендери, местенки, игри и интриги.

Причини за ова има многу: распадната надворешна политика, предадени национални интереси, предадена историја, јазик, мито, курупција, растурен уставен систем, непочитување на словото на законот, економска пропаст и презадолженост, сиромаштија, распаднато и нефункционално здравство, корумпиран прв човек на така нареченото специјално обвинителство, рекет, не почитување на референдум, неодоговорност, самоволие, уништени вредности …
Несомнено е дека ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе ги добие претстојните избори.

Водени од вас и вашите потреби, водени од вашиот глас и вашата ОГРОМНА поддршка, сакаме час поскоро да и им се заблагодариме на лидерите на Социјал демократскиот сојуз и да ги испратиме во опозиција, таму каде докажано припаѓаат. А таму припаѓаат токму заради тоа што со нивното владеење предизвикаа хаос во општеството, лудило во кое и тие самите не знаат што прават и каде одат.

Промената на власта е реалност и во контекст на тоа не се поставува прашање дали, дали народот ке победи, дали ќе победи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, тоа е и од повеќе очигледно.

Лидерите на Социјал демократскиот сојуз ова добро го знаат. Го знаат тоа и нашите сограѓани -нивни приврзаници кои сега длабоко разочарани одвај чекаат да се куртулат од нив.

Но, во својата ирационалност, недомаќинство, хаос, неспособност и збунетотст, лаги и измами, добро познатите инструменти со со кои и ја водеа државата последниве неколку години, лидерите на СДС продолжуваат да ја водат државата и сите нас во неа право во амбисот.

Со последните изјави, лидерите на Социјал демократскиот сојуз, се подготвени на брзи предвремени избори и тоа баш во време на пандемија со размери незабележани последниве 100 години.

Лидерите на СДС го знаат исходот од изборите и победата на ВМРО, а ова што го прават не е ништо друго туку неподобен обид да најдат спас за себе и своите погубни политики, да избегаат од одговорност и да ја предадат власта назад на народот, да ја вратат Македонија на народот онака како што секогаш ја враќаат – опустошена и разурната. Но, овојпат уште по безобразно, спремни се токму вие да ја платите огромна цена за тоа враќање.
Да се организираат избори значи организирање на кампања низ државата, митинзи, собири, илијадници луѓе изложени на опасниот вирус.
Да се спроведат избори на кои огромен број на наши граѓани ке бидат изложени на коронавирусот при гласање на кое со едно пенкало илјадници луѓе треба да заокружат ливче, илјадници гласаат во иста просторија, а од нив стотици ќе бидат заразени, а десетици ќе починат – не е демократија, не е уставно право и слобода, не е иднинина и таквата победа за народот е пирова победа. Тоа е организирано убиство!

Па зарем некому сеуште не му е јасно дека предизборното делење на пакети во Куманово, создаде жариште со кое денес исклучително тешко се справуваме.

За какви парламентарни избори да говориме ако градоначалникот на Куманово низ солзи во отворена телевизиска програма моли за воведување на тотален карантин во неговиот град со преку 100.000 жители, а Прилеп и Скопје се прогресивни жаришта на пандемијата.

Притоа, да не заборавиме дека во услови на коронавирусот нема да има набљудувачка мисија, што на СДС извонредно му одговара…

Колку и да сакаме, колку и да е потребна, колку и да е итна промената на власта, колку и да сме очајни, не смееме да дозволиме изборно масовно ширење на вирусот. Ниту едни избори не се вредни ако не чинат човечки живот и здравје.

Промената доаѓа, времето на СДС помина, да издржиме уште малку и да го испратиме СДС во опозиција, а нивните лидери во историјата без да ризикуваме ниту еден живот.

Колумна на Рашела Мизрахи

ЕУРО 2020

Македонија