понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 47
home Колумни

Исповед на Бранко: Како го создадов Црвенкeнштајн

Исповед на Бранко: Како го создадов Црвенкeнштајн

Си бил еднаш еден Бранко Црвенкeнштајн. Прва работа му била – политичар. И правел белји, не дека бил мирен. Стокмил транзиции, создал Мк тајкуни, сменил знаме, донел „привремено“ име на држава кое траело 24 години, па територијална поделба стокмил. Нејсе, си правел глупоштии, ама споредбено со наследниците му, со усул било…

Прв проблем во „кариера“ ми бил Љубчо, кој подоцна испаднал асли бугарофил, лабилен лик кој лесно го решил по конфликтот. Потоа му излегол уште поголем проблем, кој се викал Грујо и кој го потепал на секое поле. И така, Бранко се нашол во небрано…

Грујо нон-стоп го мачкал на леб, па Папата морал да смисли како да се врати на сцена и уште поважно – како да ги смува комуњарите кои губеле верба во него??? Како да ги убеди дека тој е совршениот, а? Епа, лесно, епа, мислел БЦ.

Му текнало, ќе си стокми лош заменик, ќе си го создаде чудовиштето на ЦРВЕНКEНШТАЈН, пандан на ФРАНКЕНШТАЈН, ќе го направи лидер, па после – ко ќе го споредат со мене, си мислел, ќе плачат за да се вратам. И го создал, т.е. црпнал од нива и го ставил на тронот сдссссссовски…

И си сметал пустиот Бранко, дека за максимум година, јали две, со песна ќе го бараат. Арно ама…

Беља. Чудовиштето на Црвенкeнштајн наместено да биде само „спотер“ го видел и бендисал и некој друг. Волшебник од Оз, без Дороти и Тото. Некој, кој одамна се мислел како да го „среди“ проблемот Македонија. А ова, ова да ти била прилика што не се пропушта. На располагање имал тогаш  опозициски лидер кој бил башка дилајла, башка самобендисан, башка криминалец, башка опериран од гордост и достоинство, без трунка национално чувство. Тууууу, џек-пот.

И  за да го напраат чоек (читај премиер) му дале „бомби“ кои си ги снимале дооооолго време. Башка, знаеле, само таква дилајла ќе се согласи да ги употреби и лиферува. И биле во право, покорисен идиот мајка не родила, нит ќе роди. Во догледно време, векови ли…

БЦ се сепнал, ама мислел дека и употребувачите на корисниот идиот ќе имаат мерка и усул. Арно ама, јок, не било така. Тие сакале, ама се’ што може да добијат од пиончето корисно.

Таксират бранкоцрвенковски, македонски многу повеќе. И гледал како фарбале, како сороспии шерени ДЕЕВОЛУЦИИ терале, па палеле, па од луѓето и од себе МАЈМУНИ направиле, па како од државата стокмиле ПРОТЕКТОРАТ на кој лесно име му смениле, а на ред биле историја, јазик и нација…

И го снемало Папата Црвенконштајн, пропаднал в земја, од срам, сфатил дека се зезнал, ама многу. Пустиот, не сконтал колку корисен идиот им понудил на комшиите зинати… Ама, касно било, подоцна, здравје. И си се повлекол, молчел, засрамен што наместил толку антинациоален пенал. Оти, колку и да бил комуњар, бил од старата гарда, комуњар да, ама МАКЕДОНСКИ. И нему му било срам за се’ што биднало потоа, ама молчел –пустиот, оти тој бил виновен за епопејата сурушка на црпнатото чедо. Никој не знаел дека е толку непресметливо, ама биднало…

И по цели СЕДУМ години, кога ЗЗ дилајлата излегол на БГНЕС и сурушки истропал дека Бугарите биле ослободители, дека Гоце е и Бугарин, дека историјата ни е заедничка и што ли не, тогаш дури и замонашениот Црвенкeнштајн не можел да издржи. Што било многу, било, па и премногу, дури и за еден Папа…

Пукнал филмот, ама скроз, па БЦ распалил по чедото кое не требало ни семкар да биде, а станало премиер. По цели над 2.500 дена молк, ова било откровение, јавно покајание на Папата, ама што дочекал од НЕГОВИТЕ? Она што му се случило и на д-р Франкенштајн, настрадал од сопственото чудовиште. Само, овојпат, на Црвенкенштајн му се сипале малите чудовишта создадени по ликот и неделото на својот нов, црпнат лидер, плејада без’рбетни ликчиња со капацитет за џебџии и џепароши, кои сега биле министри.  Епа, во партијата му, веќе немало негови. Се’ станало Заево.

И му текнало на Папата, да. Сфатил пустиот што сторил во 2013-та. Башка, чудовиштето на Франкенштајн било проблем само за едно семејство, за докторот и за околијата. Бранковото, пак, било беља за цела една нација и држава.

И овој лик, исто ко Франкенштајновиот, бил составен од повеќе делови. Бил се’, само не МАКЕДОНЕЦ. Да, бил коплетиран од многу желби на комшиските ни нации. Соросов Борг или Балкенштајн поверојатно, со сите балкански „квалитативи“ наресан и украсен…

 

Прашањето реално, пак, би било, кој од комшиите ќе биде јунакот кој по се’ што стори и згреши, ќе му даде азил на антинационалниот лик кога народот ќе го симне од позицијата која никогаш и не му припаѓала?

Хмммм… Јас типувам на Атина, поради „заслугите“ му големи, иако, имам голема дилема и за Софија. А ВИЕ?

 

Коронавирус