среда, 5. август 2020. Вести денес: 19
home Колумни

In MASTIKA veritas

In MASTIKA veritas

Ете кај лежел Зајакот. И буквално и фигуративно. Оваа предизборна кампања и не била така досадна. Разрешувала мистерии, појаснувала работи, абре многу поучна да ти била…

Не верувате, епа едукативна е. Откри една мноооогу битна работа, дилема која повеќе од деценија ја мачи македонската јавност. Никната од моментот на појавата на Заев на политичката сцена. Оти, од самиот старт, Зоки е познат по една, единствена работа. Добро, по две де. Тресењето зелени и самодеманти, заштитниот знак, трејд маркот му неодминлив. Се прашувавте сигурно, од каде тој неизмерен талент, таа непресушна ризница на црни бисери кај црпнатото чедо. Што живописна нива муртинска ќе беше таа од која го драфтуваше Папата, па го преземаа од ридот?

Е сега, во предизбориево и во рамки на кампањата, во два наврати дознавме каде лежел пустиот зајак. Прво, си призна самиот Зајо, а второ и Педагогот. Тој стави капаче. Педагог ко педагог, нели.

Минатата недела, ЗЗ правдајќи им се на разоШараните шарени дееволуционери, во силен творечки немир си срочи дека ги нарекол шути и рогати, а потоа планирал да им ја ебе мајката само и само затоа што бил, пази, два часа и 17 минути во кафеана?!

Кх, кх, кх, а што ќе кажеше доколку, не дај Боже, беше во истата таа кафеана 3, 4 или 5 часа? Можете да замислите, ќе им онадеше се најмило, добро е  што бил само 137 минути таму, нели, пу-пу…

Кој знае дали разоШараните го примија извинувањето, иако тоа другото претходно го примиле сигурно, но Педагогот Алија ја доразјасни работата. Си кажа дека Зоки пред митинг милувал да дрмне по 2-3 чашки, па после не знаел што зборува. Башка не памтел. Гарант мастика, струмичка направија м’скал. Да, дефинитивно мастика, оти голем патриот е човечето.

И така, по редица признанија на темата алкохолизам, на македонската јавност и светна. Ахаааааа, рекоа сите, ете зошто било така, јасно, ко Ден. Дончев, нели…

Да, најпрво стана повеќе од јасно чуму ЗЗ толку тресе зелени. Па до мастиката било, не до него. Мастиката е крива, ама „скроз“.

Друго, стана јасно и зошто Зајо толку брзо се демантира. Очебијно, не ни се сеќава пустиот што кажал пред два саата. Помнење и алкохол не одат заедно. Ах, таа лоша мастика…

Затоа, не му замерајте на човечето што ни го смени Името и ја наметна северната глупоштија, смени Устав, Преамбула, што ни донесе небулозна двојазичност, што потпиша капитулација со Грција и Бугарија, што ја продаде македонштината, Делчев, Илинденско, историјата, што ја сроза економијата, што ги испозатвори патриотите преку ТРАС-ТРАС на Лошила и Вилма, не му се лутете за Луј Витон торбулињата, ни што мафијата на Второстепенио и Тивкио палела аута, баталете што лажел за малата Тамара, за Нешковски, за Младенов и  за хоророт на Смилковско езеро, ниту за упикувањето кај терористите од Диво Насеље кои убија 8 бранители. Не му замерајте за 346 починати и над 7000 заразени од Ковид-19 до денеска, сето од пусти политикантски игри, ни за Клинички нов што нема па нон-стоп градат монтажни идиотштини, ни за автопатиштата што ги баталија. Ќутете што со Таполегов, другар му по чашка, градски куќи продаваа, споменици селеа, галии демонтираа. Простете му тогаш за брусењето на Кутлеш, за вистинската антиквизација на спомениците македонски.

Имало олеснителна околност кај човечето.

Бил ПИЈАН.

Епа, у реду тогаш. Не е убо, ама се дешава, нели. Или и не е баш така лесно?

МОЖЕМЕ ли трезвено да баталиме?

Јок, НЕ МОЖЕМЕ да ви простиме. Никогаш.

Она што трезниот мисли, пијаниот кажува…

Коронавирус