вторник, 20. август 2019. Вести денес: 106
home Колумни

Илинден како незаборавник и АСНОМ како темелник на Република Македонија

Илинден како незаборавник и АСНОМ како темелник на Република Македонија

Почитувани Македонци,

И кога сме немале држава, ние Македонците сме биле поврзани едни со други преку еден премолчен договор за да продолжиме до последниот здив. Кога сме имале држава, таа ја превземала улогата на пазач. Но, врската што ја направил премолчниот договор никогаш не се раскинала и таа била она што сме знаеле КОИ СМЕ, КАДЕ СМЕ, ОД КАДЕ ДОАЃАМЕ, КАЈ СМЕ СЕ УПАТИЛЕ. ИМЕТО МАКЕДОНИЈА е тоа што нас не држи заедно.
Низ вековите и цивилизациите од Антиката до денес Први во светот го носевме и го носиме Името Македонија и никој нема право да ни го оспори или одземе! Уште Ѓорѓија Пулевски пред две столетија бил свесен за својата генеза, а некои од нас се уште се двоумат околу тоа прашање: антички или словенски извор, без разлика што и од двата пиеме штедро Искон, Дух, Култура и Вечност. Едноставно, ние сме Македонци, носители на Името Македонија, што не означува од самиот негов почеток до денес. И точка!
Денес го славиме нашиот најголем празник – ИЛИНДЕН.
Илинден 1903 е наш духовен вруток и двигател!
Илинден 1944 е неговото директно отелотворување!
Државотворен темелник на Република Македонија.
Илинден 1903, е наш историски мит! Илинден 1944, е наша историска победа!
Денес ја објавуваме нашата ИСТОРИСКА ИНТУИЦИЈА, која МОБИЛИЗИРА.
Денес го чувствуваме нашиот ДУХОВЕН ЕТОС, кој ПЛЕНИ.
Денес МАКЕДОНСКИОТ ЕГИСТЕНЦИЈАЛЕН ПАТОС СЕ БУДИ И БУНТУВА.
МАКЕДОНСКИОТ НАГОН ЗА ПОСТОЕЊЕ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО УНИШТИ.
Мајка Македонија ќе роди нови синови херои, како Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Питу, Кузман, Ченто…
Никој не е поброен од НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ. ХАРИЗМАТА Е ВО НЕГО.
Како да го заборавиме минатото, а да сме одговорни за иднината?
Македонија е наш избор, наша судба. Наше минато, наша иднина.

Честит и вековит Илинден.

Сотир Костов