вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Колумни

Идеја преку оружје (на сила) не се прифаќа, туку преку примери

Идеја преку оружје (на сила) не се прифаќа, туку преку примери

Моралната револуција – револуцијата во умот,

срцето и душата на еден ропски народ, е најголемата задача…

Не слушајте ни ги зборовите, туку гледајте ни ги делата…

 

Гоце Делчев

 

Во 2018г. ја објавив колумната “Тој плаче, Гоце плаче“, што всушност беше актуелизирање на есејот на потпишан со псевдоним Илинденец 1924 година. Истата со мали преуредувања ја објавив и минатата година. Годинава со оваа колумна на сите Македонци им  честитам 127 години ВМРО, а на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, јубилеј 30 години постоење, дејствување и создавање на независна и суверена Република Македонија. Еве го текстот на честитката:

… До кога ќе го трпиме ова срамно ропство?  Македонија има свои интереси и своја политика. Таа им припаѓа на сите Македонци. Кој копнее, кој работи да ја присоедини кон Бугарија или Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или Грк, но не и добар Македонец. Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, тој се лажи себеси и другите. Ние не можеме да правиме политика, ниту да им дозволиме на други да правата политика со Македонија… Кога да се прави востание, ќе реши народот… Крвта на народот е скапа и не сакаме да ослободуваме трупови, туку жив народ… Со молчење и бездејност од никаде ништо не излегува…

Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? Кој знае дали има народ, што трпел толку многу од своите синови изроди, како македонскиот… Семожни изроди те јадат и ти создаваат пречки. Кураж и силна вера во себеси – тоа е силата што ги дава сите успеси…

За да се здобиеме со слобода – треба да се бориме! Штом вие ќе го чуете гласот за востание, нема друго што да правите, освен да ги грабнете пушките и да се соединете со четите. Нека не се губи времето – тоа е толку скапо, дека со ништо не се купува. Ако за луѓето времето е злато, за нас е бесценето. Јас сакам револуција, со граѓани кадарни да ги поднесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква што поради жестоките политички услови ќе биде нашата…

Моралната револуција – револуцијата во умот, срцето и душата на еден ропски народ, е најголемата задача. Не слушајте ни ги зборовите, туку гледајте ни ги делата…

Последнава мисла и платена и со многу крв и животи на Македонците за слобода и за независна и суверена Република Македонија…

Како настана оваа необична колумна. Синоќа касно се прибирам дома од пат во внатрешноста, влегувам во Скопје, и ме пречекува прекрасен билборд: Ликот на Гоце Делчев, идеологот и револуционерот; знамето на Република Македонија; 127 години ВМРО и 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

Драги мои, ова е една прекрасна компилација од мислите на НАШИОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ. Изречени се во  една декада – од 1893г. до 1903г. Упатени се на Македонците при неговите обраќања пред членовите на организацијата, пред граѓаните и селаните во градовите и селата низ Македонија, во писмата испратени до Даме Груев, Н. Малешевски, Н. Зографов, М. Бечешков, Каранов и во интервју на  дописникот на “Тајмс“.

И самиот наслов е мисла од Гоце Делчев. Поентата што сакам да ја нагласам пак се однесува на тие што со сила сменија свето име Македонија, Устав на Република Македонија и милениумски идентитет македонски. Господа тоа не бива така на сила(со оружје), пукање со шок бомби и гумени куршуми по луѓе што протестираат и притисок уцена и срамно купување на пратеници. Лош, негативен, срамен и беден пример сте. А ветувавте нешто сосема друго – правда, слобода и мир. Требаше да учите од нашиот Гоце Делчев, дека идеја, особено туѓа, наметната и антимакедонска, не се прифаќа преку сила. А бидејќи не научивте, следува казната: Фактурите се напишани, испорачани, рок на наплата е 15 јули, 2020г. Извршител – неговото величество избирач.

И да сме начисто: честитките се за Македонците и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, а поентата во вид на наравоучение за оние кои во историјата ќе бидат запаметени како лоши и срамни примери и отфрлени и фрлени на сметлиштето на историјата.

Коронавирус